Тоа е на српски, македонскиот јазик не познава пцовки, само клетви и блаагослови. Сите пцовки се земени од српскиот јазик. Твојот простачки настап ќе го занемарам.
НА вакви теми не сакам да учествувам, затоа што освен навреди, тешко дека нешто паметно ќе се прочита. Ама ете се фатив на орото, па да кажам до крај што мислам.
Најголем дел од вас се најмногу трета генерација скопјани. Дури и да сте втора. Таму сте родени, израснати, не ни знам како би се изјасниле поинаку, освен како скопјани.
Она што е иритантно е вашето инсистирање на некакви права, особено изигравањето аристократија.
Де кажете, има ли некој од вас дедо или прадедо што имал фабрика у Скопје? Не. Ако имал, имал дуќан, бакланица, или земјиште, т.е. ниви. Толку.
Македонија до после Првата светска војна е едно големо село, темен вилает, авлија. Освен Битола, кој е град во вистинска смисла на зборот, Охрид, Струга, Дебар, се друго е село, вукојебина. Кога ќе видите кои се просветителите оод 19. и почетокот а 20.век, сите се од централна, западна и егејска Македонија. Па дури и после Втората светска војна, најголем дел од интелектуалците не се скопјани, или се втора генерација дојденци.
Не сум многу по историјата, ама од она што го знам граѓанската класа во останатиот дел од Македонија пркнува меѓу двете светски војни.
Мајка ми има пријателка која потекнува од такво граѓанско смејество. И двајцата дедовци на таа жена и биле златари. Мајка и беше родена 1920, и иако беше домаќинка, имаше чистачка, свиреше клавир, маж и свиреше виолина, правеа мини концерти за пријателите и книжевни дружби, на одмор одеа у Америка, за забава играа бриџ. Од таа жена, која имаше аристократски манири, никогаш немам слушнато оговарање, или муабет за сељаци и копуци. Со неа бескрајно можеше да се разговара за книги, музика, театар.
Најголем дел од таквата граѓанска класа, после втората светска војна има заминато или во Белград или во Загреб. Мнооогу малку имаат останато во Македонија.
Има и еден друг вид „граѓанска“ класа кои се најгласни у одбрана на граѓанството. Пораснати се у куќа со две соби, у која у едната спијат луѓе од 4 генерации, а во другата ги чуват козите. Потомците од таквите семејства се најгласни и најмногу инсистираат на граѓанското потекло и се повикуваат на некои права што им ги земаат селаништата. Некој што живее у Припор или у Пинтија, што грее вода у котел на сред двор и се бања у корито изиграва граѓанин од прв ред на некој што е дојден од Валандово и има џакузи.
Еве ти
@Anco се грозиш од некакви селаништа, а 60 години живееш у Скопје и уште не се научил скопски да збориш. И мислиш дека твоето црта
ва или дојдов
не е помалку иритантно од некој што ќе каже црта
ха или дојдо
хме.
Светот се менува, животот е движење. Бев пред две години на една трибина каде баш тоа беше муабетот. Берлин е типичен по тоа. Многумина доаѓаат, но многумина и заминуваат. Во Австрија на улиците почесто ќе чуете албански и босански отколку германски, во музејот Албертина во Виена, на рецепција работи Азијатка, во Париз ќе видите повеќе темнокожи отколку белци, во Англија повеќе индијци и црнци, отколку чистокрвни бели Англичани како во серијата Херкул Поаро (кој е Белгијанец).
Ама кој го ебе светот, нека се врти и нека се полни со црнци и арапи, најважно е Скопје да не се наполни со провинцијалци.