Вечниот добар стар Камен мост
Ај да одам по ред,инаку едвај чекам да почнам да пишувам за поднасловот за главната улица ама тоа наскоро. Слободно можам да речам поголемиот дел од денот го поминував на ова место,на Камениот мост,околу него или под него бидеиќи и живеев во близина.Што толку мене ме врзуваше за него.Па тој самиот ги поврзуваше двете страни на градот,и по него се одвиваше скоро целиот пешачки саобраќај,поточно од старата железничка станица па кон чаршијата мораше да се помине и Камениот мост.А во тоа време возевите беа едни од главните превозни сретства за луѓето од внатрешноста кои доаѓаа во Скопје. Таму пред станицата ги чекаа чезите и пајтоните,а оние со повеќе багаж земаа од амалите кој ја буткаа или влечеа дрвената количка на две тркала.Оваа слика на превоз беше честа глетка на мостот. Оние кои прв пат доаѓа во градот,некаде на пол мост обавезно застануваа и го вперуваа погледот на сите страни од Камениот мост.А од тука имаше и што да се види. Тврдината Кале,Стариот театар,Големата куќа на Ибни Пајко, Црквата,Даут Пашин амам, а во чело-напред кон во права линија ќе ви падне во очи на една масивна полуокругла зграда,големиот црвен спр и чекан,тоа е ЦК. Звукот на тркалата од амалските колички по ситната коцка на Камениот мост се уште ми е просутен во ушите.Овие носачи-амали ги има и од десната страна кога ќе го поминете мостот кон чаршијата,бидеиќи во таа близина е и автобуската станица.
Сега сме на почеток на мостот од десната страна на Вардар и веднаш штом ќе зачекорите по првите чекори веднаш слушате: -„ Бели миш среќу дели“, се вртите од гужвата веднаш и не може да ја приметите но по малку ви се подава некаква кутија пред вас.Тоа некоја средовечна Ромка во шарено широко здолниште ви нуди да земете едно ливче од кутијата,која е полна со разнобојни ливчина. За прво малку се чудите и повторно ги слушате истите зборови
„ Бели миш сречу дели“- дури сега приметувате во нејзината рака бел убав-чист глушец, а до сега не сте ни знаеле ни виделе дека постојат и такви бели глувци.Таа не ве чека да се одлучите за среќата туку го доближува глушецот до кутијата со шарени-разнобојни ливчиња,а тој со својте оштри заби зема едно ливче-тоа е вашата среќа и судбина.
Уште не сте платиле 10 динари а почнувате да го читате. Но најпосле ги давате и парите.Но доколку имате и некоја порачка за вакво шарено ливче што ја претскажува среќата и судбината,од ваш роднина или комшија кој се уште не дошол овде во Скопје на Камениот мост, му земате и нему.
Го поминувате мостот читајќи ги последните редови од ливчето овој пат во розева боја:Чувајте се воде,ако проџете 35 годину доживечете дубоку старост и т.н.кога на другата страна на Камениот мост ве пречекува слична Ромка и ви ја подава кутијата со шарени ливчиња,додека мало дете и виси на градите во некаква шамија,слушате: „ Бели миш сречу дели“,и го подава глушецот и овој малку крем шарен гризнува едно ливче за вас,вие немај каде а нешто и од да не се посрамотите го земате и тоа да си ја проверите и потврдите среќата и судбината од розевото ливче...
--------------
Утре ќе продолжам за Камениот мост има уште многу да пишувам.
------------------------------------------------------------------------------------------------ и ова е препис од друга тема
само како ли го напиашав ова,мора да ми кажувал некој,или сум го читал-препишал од некаде,кога јас сум од....
....НЕКОЈА ПЛАНИНА ДОЈДЕН....... следува и слика од моето маало.[DOUBLEPOST=1428673836][/DOUBLEPOST]
--- надополнето: 20 март 2013 во 20:15 ---
Еврејското маало - Поглед од тврдината Кале
Ретка слика и на стариот театар од оваа страна (истата) на Вардар.
Куќите сега не постојат,ни една, тука поминува бул.„Гоце Делчев“
----------------------------
ќе ви напишам нешто повеќе и за тие куќи и дворови и нивните жители,мој комшии.