"Град-држава" Скопје со нови 2500 провинцијалци

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
Космополит би покажал поголема почит спрема дијалектите на сонародниците :confused:

Во нивна средина ДА, во друга НЕ. Во друга средина (Скопје или друг град, сеедно) мислам дека е непристојно да не се адаптира и да проба да зборува како локалното население ПОГОТОВО кога МОЖЕ и знае ЛИТЕРАТУРНО ако ништо повеќе. Јас на тоа гледам прво како некој намерно да не го засега дали се разбираме а второ како курчење, зошто претпоставката дека мора да го разбирам или дека ми е сеедно како збори?
 
Чекај, сериозно? Зборуваме за луѓе од иста земја, со иста култура, но различни дијалекти. Сметаш дека дури и дејалектот треба да го променат? :D
Како да ја читам темата за мултикултурализмот. Неверојатно!
Абе го упатија сегде, му враќаа со аргументи ама џабе, од почеток до пред неколку мислења тупеше за правилата на играта, однесувањето, адаптирање, дијалекти, одеднаш веќе не му е битно пошо нели имал свои кругови, сеа пак се навраќа дека му се пречка. И така поделеност у ставови до бескрај, како две персони..
 
Во нивна средина ДА, во друга НЕ. Во друга средина (Скопје или друг град, сеедно) мислам дека е непристојно да не се адаптира и да проба да зборува како локалното население ПОГОТОВО кога МОЖЕ и знае ЛИТЕРАТУРНО ако ништо повеќе. Јас на тоа гледам прво како некој намерно да не го засега дали се разбираме а второ како курчење, зошто претпоставката дека мора да го разбирам или дека ми е сеедно како збори?
Prvin zborese deka nekulturni bile socijalnite naviki na drugite. Posle toa se svrte na lokalen kuken sovet kako edna golema nekultura(posto ne razmisluvaat kako tebe) za na kraj da obajsnuvas deka sekoj eden so razlicen dijalekt vo skopje se kurci! I mene mi smeta zborot "kurcenje" "zbori" ama ne smetam deka nemas kulutra.Uporno nametnuvas tvoj reper za "demek" pravi skopjani a ustvari lupetsh (ovo op sk dija) zeleni.[DOUBLEPOST=1428609100][/DOUBLEPOST]
Абе го упатија сегде, му враќаа со аргументи ама џабе, од почеток до пред неколку мислења тупеше за правилата на играта, однесувањето, адаптирање, дијалекти, одеднаш веќе не му е битно пошо нели имал свои кругови, сеа пак се навраќа дека му се пречка. И така поделеност у ставови до бескрај, како две персони..

Ili montly PMS drugo nema :)
 
Космополит би покажал поголема почит спрема дијалектите на сонародниците :confused:

Јас имам друго прашање што навистина ме интересира некој да ми го објасни на темава. Еве ти си од Охрид, дали тебе те вреѓа ако скопјанец ти рече провинцијалец?
Исто Ставрогин од Битола дали некогаш се навредил од скопјанец поради своето битолско потекло?

Што е она што луѓето од другите градови ги иритира кога скопјанец ги „подценува“ поради нескопското потекло, дијалектот?
Истото се случува насекаде, така луѓето во странство се лутат на зборот странец, доселеник итн. И никакво логичко објаснување неможам да најдам зошто би се лутел некој кога де факто е доселеник.
 
Во мојот мал град у Источна Македонија у комшии кај мајка ми живеат жени од Ресен, Велес, Прилеп и Штип. повеќе од 50 години се овде и секоја си зборува на својот дијалект. Не сум чула некому да му пречи тоа, а тие самите имаат кажувано дека единствено им пречело на нивните свекрви.
 
@Agda Beata немам намера со тебе да се инаетам зашто истото го мислиме, само со различни зборови го кажуваме. Едно сакам да те прашам. Што има лошо човек да биде националист (во случајов да го сака својот град и граѓаните на истиот)?
 
G.D.. Skopje - so novi 250.000 Zivrasi....................sto zboruvaat na tug dijalekt
--------------------------------------------
Денес одлучув денот да го поминам на Кривината на Треска,
не сум бил многу одамна на тоа место,откога го затвориа и езерото.
Младиве членови,да речам сегашниве студенти,не ни знаат за што зборувам.
Кривината на Треска,беше од повеќето излетнички места во Скопје,на прво место,секогаш 50-ина год
иако во непосредна близина е Р.Ц. Сарај,па Матка а потоа и езерото,но Кривината беше како „бренд“
Во тоа време,до земјотресот и реката Вардар имаше неколку убави плажи,преполни летно време.Но по таа катастрова тие плажи повеќе не функционираа,но Кривината на Треска си остана и по тој настан „најпосетена“-по цело лето,а пак за Мај тешко се наоѓаше место,освен рано во мугрите. Стасав и се спуштив по патот,местото го знам како вчера да сум бил.И веднаш забуна.Утка.
Промашив. А знам тука беше патот.Се враќам назад и пробувам по еден друг пат.Пак исто.
Се осеќав како да сум во амазонската прашума.Сега по трет пат пробувам,се враќам од почеток, и барам пат до Кривината на Треска,не ми се верува - нема.А Кривината На Треска знам тука е пред нос.Возам до влезот за езерото и вртам лево,и повторно заглавувам во „Прашума“.Спорав и излегов да погледам,од височинката ја гледам,Кривината на Треска за жал недостапна - и празна. До каде ли стасавме,едно „култно“ место на скопјани сме го изгубиле.Ја губиме ли Македонија. Потоа влегов во кругот на езерото (направено и од мој и ваши пари ) Ако се сеќава некој на Катлановско блато кое одамна го изгубивме,е на тоа ми заличи.Но сепак на неколку места имаше капачи со „ѕиври“ иако уште на влезот пишуваше-Забрането капење.Но за тие не.Сме го изгубиле и езерото.(и Македонија) Женами ме потсети на некој многу дамнешни убави времиња,кој сме ги тука поминале на ова езеро.
Но некаде мора да се оди сме тргнале и денот треба да се потроши,(а и внуциве се нестрпливи).
Продолжувам за Матка,кога сум веќе тука.Доле под нашиот манастир,се спуштам на реката Треска и си барам место каде да се сместиме.Иако е веќе накај пладне.А и тоа место можда е само ничијо или државно,но сепак пред православен манастир.Од почеток до крај на таа ширинка,се распослале пак оние со долги гаќи.Онде килимче,понатака пак,па некој влечки или шише или корки од лубеница,но некако се пикнав до водата колку да седнеме иако до нас имаше еден голем куп ѓубре.
А тие богами„ѕиврашите“ се по пет деца,и се знае врлање камчиња преку нас и слични полоши работи,затоа што сум на нивно.Сме го изгубиле и овој дел на Треска. Ја губиме ли МАкедонија.
Гледам дека тука не ја бива,еден од тие со големи заби го пикнал до пола црниот гољв во вода и си го мие,на те нане иако само нивни деца имаше во ладната вода.А уште еден германец не смета.
Решавам,пакујте се одиме на Матка.Опа зонско,и тоа секојдневно 7 дена.А наоколу само тие .
Дури и неколку семкари на патот за Матка.Знам за лична карта морам да носам,ама телефон не мора,(по устав уште не влегол во обавеза) па затоа продолжувам со кола до над централата. Потоа по кривините козји пешки.До Св. Андреа има само две клупи.На едната етеги пак тие,овојпат со пете деца,но и повојче на кое булата му го менува памперсот и го врла под клупа. До душа и нема корпа на тоа место,една понатаму е со ланското ѓубре полна.Инаку одат како чопор,нема шанси да се разминеш со нив необележан. Ја губиме ли и Матка-а и Македонија. Се вратив сепак жив,успеав а бев на нечија Треска и Матка.Деца од утре пак на нашите места.
------------
vie prodolzete si, vo temata so taa ista sodrzina, bas intersno e toa a i ovaa sporedba so ova ovde napisanovo.
 
@Agda Beata немам намера со тебе да се инаетам зашто истото го мислиме, само со различни зборови го кажуваме. Едно сакам да те прашам. Што има лошо човек да биде националист (во случајов да го сака својот град и граѓаните на истиот)?

Don't get me started! :)
 
И така.... Скопје ме направи да бидам успешен во животот, тука научив многу и ме спреми за големи животни дострели и ме направи патриот што си ја сака својата држава, и својот град.
Затоа ве молам, едно е Скопје :)
:bravobe::pos:
 
Don't get me started! :)
Да не мешаш национализам и патриотизам со империјализам и шовинизам? Сакање на своја нација е едно, а мразење на другите сосема друго. Никој не ги мрази другите градови и нивните жители. Ама НЕ МОРА да ги сакаме нели? Едноставно, сеедно ни е за нив. Што има лошо во ова? Не те сакам, ама не те ни мразам. Чиста сметка :)
 
Прво, научи да зборуваш бидејќи јас и ти сме на многу различно ниво на развој. Вака разговараат недоразвиени луѓе. Користиш србизми (сељак, треба селанец), уличарско-фраерски изрази за кои толку ти е развојот.
Ако некој живеел во Охрид и во Кичево, а заради потеклото и често престојувал во Битола, од каде е тој човек? Јас ти кажав каде сум живеел, каде ми е потеклото. И што е важен мојот белег, за Скопје се дискутира.

ПС: Момче, ти од која планина водиш потекло? Ако немаш комплекс да признаеш.
Па го тупиш СО ТОЈ БЕЛЕГ....а појма немаш со збориш...Еве скопјани немаат свој белег...ти пишо не си скопјанец значи имаш свој белег...кажи кој е само? толку едноставно прашање ти поставив 3-4 пати и пак не го одговараш. И да пошо си глуп ќе ти објаснам. Селанец и сељак е различно. Сељак си ти ради твоето глупо размислување и однесување. А селанец е човек кој доаѓа од село и воопшто не е лоша конотација.

П.с Јас од планина водно водам потекло.[DOUBLEPOST=1428621788][/DOUBLEPOST]
Ова не е точно. Сељак е на српски (хрватски, босански...) селанец. Кажи ми по кој лексикон или речник би нашле дека „сељак“ е карактерна особина. Ако ми посочиш, ќе се сложам со тебе.[DOUBLEPOST=1428561981][/DOUBLEPOST]
Ова налага неколку заклучоци:
Ако си живеел во друг град ќе си го сонувал и Киро, и Азија, и Австралија.
Плус, ако си „дете со педигре“, не ти доликува да користиш лични напади на некого овде. Заради која причина? Каде јас кажав нешто против скопјани и Скопје? Јас само ги кажував причините за населувањето на Скопје. Пред 100 г. не било „интересно“ доселувањето овде, но после заминувањето на Турција од овде и доаѓањето на Србија, почнало форсирањето на Скопје, а особено во СФРЈ, а особено после земјотресот.
Кога кажував за белези, мислед на следно (пример): во Битола, во Охрид... лепче со паричка сите прават на Василица (што е и исправно). Во Велес сите прават на Божик. Кажи во Скопје кога прават? Некои прават за Василица, некои за Божик. Секој според традицијата од „стари крај“. Сигурно и пред 100 г. во Скопје сите правеле на ист ден, но тогаш во Скопје живееле скопјани, а денес се 99% доселеници. За таков вид на белези зборував, дека секој донел по нешто, секој тера според свои традиции, а и ако примил некоја традиција, не значи дека таа е изворно скопска, туку најверојатно е донесена од некој друг.
И сето ова јас не го кажувам за критизирање, туку како констатации.
Јас сум роден и живеел и растел во градови, моите родители исто, а нивните родители на село, после преселени в град. Па сам одлучи дали сум селанец (сељак) или не. Не е срамота и да си селанец. (Само немој да ми кажеш дека сељак не е селанец).
Белег било дека во битола и охрид праеле лепче со паричка за василица...ох боже ти појма си немаш што збориш ама ај....
 
Последно уредено од модератор:
Не мора да е државно вработување, може да е продавач(ка), фризер(ка)... за почеток.
Да, станарината е најголем трошок, но подобро и тоа отколку да „чмаеш“ куќата на 3 ката во „провинција“ и ништо да не правиш и да не гледаш блиска перспектива. А со тек на време ќе се продаде нешто, па ќе се купи некое станче во Скопје. Или па ќе се најде „адекватен“ брачен другар. Животот е борба. :)
Pаботи земјоделие,чувај крави,кози,овци,пчели,печурки.....................,сега се исплатидаваат субвенции и нема да чмаеш во куќа на три ката.[DOUBLEPOST=1428623520][/DOUBLEPOST]
Валволин, ме интересеира зошто ти не одиш да живееш во Берово, Валандово... Јас сум дојден многу порано од воините, коњите... можеби ти тогаш не си бил ни роден. А јас не сум дојден, не сум бегал, не сум бил ниска класа, едноставно, после студиите сум останал да работам во Скопје, како високообразован кадар, во компјутерската „фела“, програмерската.. Од причини што животот во Скопје нуди многу повеќе можности. Во секој поглед.
А во Скопје само има компјутери и интернет.И програмер да си шо мора во Ск да живееш.
И што нуди Скопје повеќе можности од Кичево или Крушево.
Освен големите гужви и скапиот живот не нуди ништо подобро и повеќе.
Повеќе би сакал да жиеам во Делчево
 
Последно уредено:
Никој не се навредува кога низ муабет се зборува кој од каде дошол, што прави, или како тоа влијаело на неговото лично и професионално надградување.
Навредливоста на самата изјава провинцијалец/странец доаѓа кога за таквите луѓе се зборува со зајадливост, потценување, и дискриминација. Местодоаѓањето е единствениот критериум по кој се оценуваат луѓето и нивната вредност, која во очите на “чистокрвните староседелци“ е многу мала. Стереотипи и малограѓанштина.

Да речеме, во цела Македонија најпотценети се луѓето што доаѓаат од Источна Македонија само заради дијалектот. Човекот може да биде феномен, ама а отвори уста, по автоматизам е сељак, провинцијалец, бугар, итн.

Не е проблемот во тоа кој од каде доаѓа. Проблемот е што де факто официјално се омаловажуваат луѓето само затоа што доаѓаат од друго место.
Чуден страничен ефект (кој е многу полезен за провинцијалците/странците) на тоа е што токму овие луѓе кои се потиснати и омаловажени (без разлика дали релација Провинција-Скопје, или Македонија-Други држави) се многу повеќе мотивирани, работат повеќе, се градат лично и професионално повеќе само затоа што треба да бидат барем два пати подобри од староседелците за да бидат изберени за некоја работа.

Накратко, за да успееш некаде надвор од зоната на комфор и микрокосмосот на живеење треба да си објективно многу подобар од другите. И точно таа суптилна дискриминација е страшен мотиватор.

Иако кано реално јаде трици тука (без навреда), тој има работено по светот, и како странец во неговата психа е врежано да биде подобар, поподготвен, пофлексибилен од локалците. И сето тоа благодарение на фактот што е дојденец, провинцијалец, странец.
 
Абе го упатија сегде, му враќаа со аргументи ама џабе, од почеток до пред неколку мислења тупеше за правилата на играта, однесувањето, адаптирање, дијалекти, одеднаш веќе не му е битно пошо нели имал свои кругови, сеа пак се навраќа дека му се пречка. И така поделеност у ставови до бескрај, како две персони..


Лол, каде прочита дека имам сменето став за нешто? Па со Агда само еден аспект (дијалектот) го дискутираме зашто тоа праша. Се друго си важи и сум на истиот став сега, пред 10 пред 50 страни или пред 2 години на други теми. Читај убаво што пишувам.

Prvin zborese deka nekulturni bile socijalnite naviki na drugite. Posle toa se svrte na lokalen kuken sovet kako edna golema nekultura(posto ne razmisluvaat kako tebe) za na kraj da obajsnuvas deka sekoj eden so razlicen dijalekt vo skopje se kurci! I mene mi smeta zborot "kurcenje" "zbori" ama ne smetam deka nemas kulutra.Uporno nametnuvas tvoj reper za "demek" pravi skopjani a ustvari lupetsh (ovo op sk dija) zeleni.[DOUBLEPOST=1428609100][/DOUBLEPOST]

Ili montly PMS drugo nema :)

Каде виде дека нешто се сменило? Уште го тврдам истото само што дискусијата помина на друго. После се лутиш кога ти викам дека си глуп а 5 страни не можеш да пратиш... Да ти сумирам, значи;

1. Не е битно кој од каде е, дали си од свирипичино, смилево, скопје, сингапур или сиднеј. Не е битно колку генерации назад си од некаде. Не битно ни дали имаш/немаш белег. Не битно ни што раса, религија си ниту за која партија си, колку си образован... Ништо од тоа не е битно затоа што тоа си е ТВОЈА приватна работа која нема врска со мене или некој друг од градот во кој си дошол.

2. Не е битно зашто си се доселил во градот, не ме интересира дали е за да се дошколуваш, да се ожениш, ради тоа што немало работа кај тебе, дека сакаш авантура, ти си последниот мохиканец кај тебе па си решил да се преселиш или нешто сосема трето. Повторно тоа си е ТВОЈА работа што нема врска со мене или било кој од градот.

3. Битно ми е да се разбереме ако/кога треба. За таа цел треба да збориш исто или бар слично на мене (литературно или скопски). Ова не го правам за да ти отежнам или ти глумам нешто него затоа што е БИТНО ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ. Полесно и пологично е ТИ да научиш како се збори во местото во кое си дошол него ние да се прилагодуваме на тебе. Ти не си единстевен таков случај, како тебе ги има многу и од секаде па не е фер пред се на нас да учиме милјарда дијалекти. Имај на ум дека и некој наш предец го прошол тоа што ти денес, сеедно дали дедо, татко или некој пред 20 генерации. Не бараме НИШТО тешко, и онака веќе збориш македонски колку е тешко да се прилагодиш? Ако не го правиш тоа тогаш ти реков, или си глуп или водиш инат. Кога може странци да научат и да се прилагодат очигледно е терање инат и имање на комплекс на пониска вредност.

4. Сеедно ми е дали си дошол од Лондон или Логоварди, очекувам да направиш напор да се вклопиш во локалната средина и да го прифатиш нивниот начин на живеење. Ако живееш во населба каде сите имаат тревник во предниот двор за таа да изгледа естетски убаво потруди се и ти, не ми објаснувај дека е твое право што сакаш да правиш во дворот, јасно ми е дека е тоа така ама го рушиш она што сите други го правеле. Ако ти било цел да си садиш патилиџани има каде, ако сакаш базент и тоа има каде сигурно не ко Бојо да лупнеш базент у преден двор на релатвно прометен и тесен дел на улицата и никад да не го користиш потоа...Ако после работа се собирате со колегите на пијачка приклучи се кога можеш. Во Манила во зградата во која живеев традиција им беше во сабота во 6 комшиите да ручаат заедно и на тој начин да градат подобар - барангај (маало). Значи секоја сабота се правеше скара (платено од куќен совет) а салата се носеше зависно од кој му е редот (си имаше распоред секој спрат на таа и таа дата е задолжен за по нешто). Кој сум јас да расипувам нешто вакво на пример? Сум дошол да живеам кај нив за иск причини и треба да се потрудам да учествувам така и они полесно ќе ме прифатат. Не гледам што е толку тешко да прифатите да живеете како нас, на крај крајева ако било подобро од кај што си ти си требал да останеш таму така?

5. Секој има право да конкурира за секое работно место за кое ги има правите квалификации. Не е проблем од каде си или каде е работното место ако се се заврши правилно. Условите и за мене и за тебе би требале да се исти па на крај крајева ако се е исто тогаш треба да одлучи пазарот, односно кој е спремен од нас да го сработи тоа за ПОМАЛКУ тој треба да ја добие работата. Јас немам проблем со тоа што некој дошол и работи за 12-15 или 20 000 во СК. Имам проблем ако НЕМОЖЕ да ја сработи работата адекватно. Имаше пример на темава како некој асистент предавал на неговиот дијалект од инат, тоа за мене не е во ред. Пред некој месец имав случај у општина со една сељанка од струмичко што пробуваше да ме убеди дека на мојата улица нема канал за одвод а пред куќава имав кратер 4 на 2. Типката нит живее нит била некад кај мене а е ставена за да решава урбани проблеми. Што е најтрагично уште и се сили и место да излезе на терен да види она се изживува на стари лица цел комшилук ја отекува дека е проблем дека владини возила шибаат, дека има деца што си играат и дека може некој сериозно да настрада. Она важно на гугл ерт видела дека НЕМАЛО канал а не знае дека е покриен уште пред 50тина години... Вакви кретени кој се очигледно партиски решенија има секаде, ништо чудно и кај тебе да има некој скопјанец со ваква работа ама сега збориме за Скопје и што нас ни смета. Така да ДА, вакви работи се фрустрирачки.

6. Сфатете дека на домаќините сеедно дали во Скопје или Пехчево животот им е релативно среден. Си имаат друштво од детството, од работа, роднини итн. Си ја знаат шемата, си имаат локални врска ако затреба и буквално НЕ ИМ ПРАВИ РАЗЛИКА еден пријател повеќе плус минус. Ти си дошол од кај што си дошол и шансите се дека ТЕБЕ ти требаат тие повеќе него ти на нив. Значи ти си тој што треба да се адаптираш како и да го вртиш, незнам што не ви јасно тука...

7. Не гледам што се вреѓате од зборот провинцијалец. На крај крајва тоа сте. Мене не ми е гајле на пример што мисли или како ме гледа некој си таму. Првиот ник на форумот - farang и овој kano уствари значат странец на тајландски и индонезиски. Таму така не ословуваат и уопште не ми прави разлика. Сиднејчани имаат обичај остатокот на австралијанците да ги викаат мексиканци (посебно нас во викторија) зашто сме демек посиромашни од нив (плус сме јужно во мелбурн), јужно австралците не викаат робијаши convicts, зашто цела австралија демек била населена со затвореници само они биле доселени од англиска компанија, дури до ден денес таму се трудат и зборат со по бритнаски анцент на пример. На филипините е исто, секој надвор од манила е провинцијалец, таму дури и провинцииите им се именувани еве може Ставро да го викаме пелагониски провинцијалец :icon_mrgr: ако веќе неќе да биде у ист кош со другите. Sticks and stones will hurt my bones but words will never hurt me ;)

Поздрав, еден ден ваљда ќе сфатите што сакав да ви кажам и дека е пред се за ваше добро, мене секако не ми прави разлика... :ајнапиво:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom