"Град-држава" Скопје со нови 2500 провинцијалци

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
@kano
Верувам дека ја знаеш онаа "Во Рим прави она што прават Римјаните". Кажи ми како ќе се однесуваш кога "Римјаните" се малцинсто во Рим?
Скопје е баш тоа. Луѓето кои можат да се повикаат на некакво "старо" скопско потекло се малцинсто во однос на оние кои се дојдени. Не е од сеа вака работата. Решиле некои пред нас да му дадат на Скопје некаков социо-економски примат и ова ти е само природна последица.Скопје не припаѓа на некои си стари Скопјани или нови Скопјани или шо знам , припаѓа на оние што живеат таму. Сосема во ред е ти да имаш свое мислење како треба да се општи во Скопје, ама знај дека си малцинство.Јазикот кој се слуша во Скопје уште долго време ќе биде амалгам од дијалектите во Македонија.И однесувањето исто. И тоа е сосема ОК.
 
Па не сум баш сигурен дека е така, СК денес сеуште си е на скопјани. Да има надојдено од секаде ама далеку од тоа дека се некакво мнозинство. СК беше 400-500К уште во времето на ЈУ, денес нека е 700К пак во глобала претежно си се скопјани. Јас не се повикувам на старо скопско или било какво потекло, мене тоа ми е глупо ако се вратиме сите доволно наназад сите сме уствари мајмуни од африка и све тоа е тотално нерелевантно за тоа што го прави еден град напредно и асално место за живеење. Јас повише се водам со она на металика where I lay my head is home и буквално не ми игра улога кој од кај дошол. Знаев една црнкиња у Капиштец на времето, татко и студирал и се оженил во СК, она си беше родена и растена во СК, за мене и таа си е скопјанка, едноставно НЕ МИ ПРАВИ РАЗЛИКА се дур некој го сака и нормално се врзува/го чуствува градот за свој.

Јазикот не е ниту ќе биде некаков амалгам од дијалекти, пак ќе кажам во СК се збори исто ко што се зборело и кога сум растел и кога мојве растеле. Кажи ми што е попримено од други дијалекти? Не користиме ни чупе, ни ѕенѕери ни човеци, едноставно во СК се збори исто ко и предходно со тоа што на улица сега има повеќе шанса да слушнеш некој друг дијалект од некој што поминува низ градот или некој сељак што неможе да се адаптира.
 
Не е до скопјани, и во другиве градој имат тешки пациенти - локални патриоти т.е клошари.
Еве ќе земам пример од Охрид. Познавам фаци шо мразет скопјани без никаква причина. Ги мразет само дека биле од Скопје.Господ да им поможит само на ваквите.
Исто и на темава : едниве уууу скопјани вакви такви, другиве ууууу вие од ваму од таму. Олабајте се малку и комуницирајте без навреди.

Од мое искуство појќе се покажале другарчињата од Скопје отколку овие од Охрид шо ми се... Комплет, пакет, се она шо те прајт чоек. И понашање и човечки особини.
Се е до чоекот, безразлика од кај е.
Ова е за дружба/пријатели/другари. Луѓе шо мојш да им се јавиш, да се видиш, да се дружиш ко чоек.
За други работи, не можам да кажам.

Заклучокот е следен : Многу смотан народ сме. Не знам еј, ваков менталитет.... зато и во ваква ситуација сме.
 
СК беше 400-500К уште во времето на ЈУ, денес нека е 700К пак во глобала претежно си се скопјани.

Процедурално:
Screenshot_1.png

Кога сме веќе кај бројот на жители, Битола во 14-ти век имала околу 35000 жители, а на почеток на 18-ти век поголем број и од Белград.
 
Сељак != Селанец

Селанец се однесува на место на живеење.
Сељак е карактерна особина.
Ова не е точно. Сељак е на српски (хрватски, босански...) селанец. Кажи ми по кој лексикон или речник би нашле дека „сељак“ е карактерна особина. Ако ми посочиш, ќе се сложам со тебе.[DOUBLEPOST=1428561981][/DOUBLEPOST]
Јас сум растен на најскапата улица во МКД и комшии ми биле Киро Глигоров, американскиот и британскиот амбасадор, на времето и полскиот пред да се пресели резеденцијата малку подоле. Во двор и на улицата имам повеќе џандари него од кај што ти доаѓаш пошто преку улица ми е владиниот прес центар и резиденцијата на Хорхе. Потеколо бар колку што знам (од она што ми кажувале дедовците) ми е од Скопје 5 генерации наназад сигурно, не дека тоа прави некоја разлика. Мене ми е сеедно кој од кај доаѓа доволно ми е да си роден и да го сакаш градот да те гледам исто ко некој и што 30 генерации наназад е од тоа место. Јас самиот живеам последниве 20 години во австралија и азија така да точно знам што зборам, не измислувам некој правила или глупости него зборам од искуство како тоа е во светот, сеедно дали во Лондон, Мелбурн, Сингапур, Манила, Бангкок или Скопје.

За твојот ментален развој убаво размисли стави прст на чело и кажи дали некој скопјанец некогаш ти пререкол нешто. Ти збориш ако ништо друго литературно и во голема мера си се снашол и живееш во градот значи си се адаптирал. Колку и да сакаш да ја браниш тезата дека не си се сменил ако си реален и пред се чесен пред самиот себе ќе си сфатиш дека тоа што го зборам и така. Јас немам ништо против таквите ко тебе што се преселиле за икс причини, напротив јас гледам на тоа како прогрес и не ми е срам да кажам дека Скопје неможе да се спореди со било кој од градовите кој ги набројав погоре па дури ни Мелбурн кој е често прогласуван за the world's most livable city. Не гледам ништо трагично во тоа ама ете некој ги боли тоа што има поразвиени места од нивниоте. Јас немам проблем со тебе или таквите ко тебе ама преку глава ми е од сељаци што само плукаат по градот и зборат за некакви традиции/потекла/белези притоа игнорирајќи ги нашите скопски традиции и начини на живеење.

Јас не солам памет каде да живееш ти или било кој или како да се однесуваш ама оваа и милјон вакви теми отворивте да плукате по нас скопјаните за тоа како не чинимие и не ве прифаќаме. Може неможам да одлучам или забранам кој каде ќе живее ама имам право да мислам и да се дружам со кој ЈАС сакам. Со оглед на тоа дека јас си имам друштво и сум дома а ти со тој што дошол ако сакаш смени се да те дружам ако не слободно ко шип+арите гетозирај се, твое право си е. За тоа дека во СК инвестира цела МКД баш и не е така. Тоа е сега последниве неколку години пред тоа ние ве храневме вас, кога во СК се собираа 70-80% од даноците. На крај крајева кој па мене или нас не прашал дали сакаме да инвестирате во Скопје? Јас би порадо да инвестираат на трето место и да не ми го уништуваат градот и комоцијата ама тоа е секој инвестира каде може да направи пари а од километар се гледа дека секоја инвестиција надвор од Скопје едноставно промашена.

За јазикот, јас зборам типично скопски, ко што збореше дедо ми. Тоа што ти гледаш србизми и ти е чудно е исто ко што ми е мене кога некој ми збори битолски, струмички, кавадаречки или кумановски. Јас сум ок со тоа да си зборат така во нивни краишта и ако се преселам натака би пробал да зборам ко нив ама во СК или збори ми литературно ко ти, или збори скопски што сум јас должен да дешифрирувам десет дијалекти дневно. Биди со горд од кај што си ама адаптирај се да те разберам ако не искрено не очекувај да те сметам за нешто друго освен сељак па сега ти како сакаш гледај на се ова.
Ова налага неколку заклучоци:
Ако си живеел во друг град ќе си го сонувал и Киро, и Азија, и Австралија.
Плус, ако си „дете со педигре“, не ти доликува да користиш лични напади на некого овде. Заради која причина? Каде јас кажав нешто против скопјани и Скопје? Јас само ги кажував причините за населувањето на Скопје. Пред 100 г. не било „интересно“ доселувањето овде, но после заминувањето на Турција од овде и доаѓањето на Србија, почнало форсирањето на Скопје, а особено во СФРЈ, а особено после земјотресот.
Кога кажував за белези, мислед на следно (пример): во Битола, во Охрид... лепче со паричка сите прават на Василица (што е и исправно). Во Велес сите прават на Божик. Кажи во Скопје кога прават? Некои прават за Василица, некои за Божик. Секој според традицијата од „стари крај“. Сигурно и пред 100 г. во Скопје сите правеле на ист ден, но тогаш во Скопје живееле скопјани, а денес се 99% доселеници. За таков вид на белези зборував, дека секој донел по нешто, секој тера според свои традиции, а и ако примил некоја традиција, не значи дека таа е изворно скопска, туку најверојатно е донесена од некој друг.
И сето ова јас не го кажувам за критизирање, туку како констатации.
Јас сум роден и живеел и растел во градови, моите родители исто, а нивните родители на село, после преселени в град. Па сам одлучи дали сум селанец (сељак) или не. Не е срамота и да си селанец. (Само немој да ми кажеш дека сељак не е селанец).
 
Последно уредено:
Одамна сакам да почнам да пишувам за ова скопско маало,некогаш и мое маало од детството,
тие пишувања ќе ги поделам во повеќе раскази-сеќавања:
-Еврејското маало-местоположба
-Вечниот добар стар Камен мост
-Црквата Св. Димитрија
-Тврдината Кале
-Реката
-Главната улица и дуќаните
-Театарот
-Куќите,чешмите и заедничките дворови
-Паркчето пред ЦК
-Крајот на Еврејското маало 1969 г.

----------------------Еврејското маало местоположба

Кога ќе одите од десната страна на градот и поминувате по Камениот мост кон левата страна,поточно кон чаршијата не може да не го забележите Еврејското маало,а тоа нема да ве остави рамнодушен и најчесто ќе скршнете по малото мовче-скали кон него од левата страна на мостот,кој пат води право кон театараот.Ако пак продолжите право по мостот на крајот сте веќе на главната улица,која на почетокот е и плоштад кој некогаш го знаевме како „Плоштад на загинатите од фашизмот“,некогаш можеби плоштад Ибни Пајко а наскоро можеби и со друго име.Понатаму по главната улица од левата страна е црквата Св. Димитрија,а тука десно се двои крак - пат за чаршијата покрај Даут Пашиниот амам.Повеќе за оваа улица која не постои сега во расказот за неа.А тоа друг пат.Еврејското маало го зазема просторот лево од оваа улица,на јужната страна до самото корито на реката од Камениот мост па кон запад се до Калето,местото кое го нарекувавме „дизел“ или почеток на старото скопско сајмиште.На севернеата страна по цела должина маалото е до под тврдината Кале. На источната страна преку главната улица ова маало граничи со прочуеното Пајко маало.И самиот влез на чаршијата е дел од Еврејско маало.

---------------------Паркчето пред ЦК

Зошто баш почнувам со раскажувања за Еврејското маало од приказната за Паркчето пред ЦК.
Потик овој расказ да го вметнам во темава ми даде еден ист таков сличен од Данило Коцевски.
Со големо задоволство ги читам неговите раскази за старо Скопје,а неодамна и купив една негова книга “Го сакам Скопје“. Се пронајдов себе си од детството во многу негови раскази,го пронајдов и градот кој повеќе го нема.Му благодарам многу за тоа и голема почит и потик нека пишува уште.
Еве што точно навел Г-дин Данило Коцевски во приказната за „ скопските мали паркчиња“
„Нивото на овие паркчиња,обично беше спуштено ПОД НИВОТО на околните тротоари,а тоа ги изделуваше и им даваше посебна привлечност....
...На ист таков принцип беше организиран и уреден и сегашниот парк „ Жена борец“,како и
Паркчето пред бившото ЦК.“
-----------------------
Паркчето пред ЦК.
ЦК - беше една голема зграда за тоа време и се одвојуваше од околината,сместена веднаш под Калето,на главната улица од левата страна кога одите кон Топаана (касарните и центр.затвор)
Под оваа зграда се наоѓаше ова наведено паркче.Нешто уште поконкретно.За влез во Еврејско маало од главната улица,која тогаш со име „МаршалТито“ скршнуваа две улици,една веднаш до Камениот мост кон театарот(и сега е на иста положба) и една над црквата,покрај дуќаните која навлегуваше во центарот на маалото.Сега улицата не постои,освен нејзиниот почеток а и неколку дуќани. Над оваа улица почнуваше ова паркче ИЗДИГНАТО НАД НИВОТО НА УЛИЦАТА два метри.Сето тоа заради да се постигне хоронзотала на паркчето во одност на местоположбата и околината.Ова паркче пред ЦК граничеше на источната страна со тротоарот на главната улица,
која пак со угорнина се протегаше угоре кон Калето покрај зградата на ЦК.На северната страна беше распослано до улицата „Дрењак“,а која беше само влез до гаражите на ЦК.Значи од ќошот карши црквата имаше потпорен ѕид од два метри,во цела должина од јужната страна а кон север таа висина се намалуваше до „нулта“,до пред ЦК. На западната страна беше Еврејското маало.
Ова паркче пред Цк имаше квадратен облик,во средината мал круг со цвеќиња од кој почнуваа повеќе песокливи патчиња со повеќе клупи.Не се сеќавам да имаше големи стари дрва,како што имало во другите паркови,поточно и немаше.Во ова паркче пред ЦК можеше да се влезе од две страни,од главната улица и од западната страна т.с. од кај маалото.И самата зграда на ЦК беше во еден вид парк,тревник пред неа а на север под Калето со повеќе убави борови и елки.
Во тоа време пред и по земјотресот беше ова место многу „живо“,а со тоа и ова паркче пред ЦК.
Тука беше главниот влез во чаршијата која тогаш беше „наша“ и имаше скопска душа.Тука водеше главната улица од Железничката станица па се до касарните.А да касарните на скопското Кале на кој добро се сеќавам и на многуте војници.Баш тие војници беа и чести посетители на ова паркче пред ЦК,да одморат малку со својте роднини кој им дошле на посета.Ова паркче беше и мој двор,бидеиќи тука речиси во него го поминав детството.Имаше некој грмушки со бели топчиња па ние деца (маалски копиљи) правевме чатали и со тие топчиња ги мававме маалските девојчиња.Ама и ова колку да се знае,правевме и мали чатали со жила од ластик од „јојо“ и муниција од тенки бакарни жички,завиткани како потковица.И приквечер а некогаш и дење,сокриени на ивица од ова паркче пред ЦК што гледа кон чаршијата ги гаѓавме нозете на жените.Која како ќе помине ќе се зачеша како комарец да ја каснало а тек после ќе примети дека хулахопките и се скинати.Во ова паркче почесто би рекол и секојдневни имаше и по некоја сама жена - „ лесна жена“,Такво ли беше местото,дали поради војската или близина на автобуската станица и чаршијата.На една и се сеќавам и ќе ја опишам во скопските легенди - легенда беше.
После земјотресот како и во сите останати скопски паркови и паркчиња,и овде беа поставени неколку приколки,но шатори и поголема населба немаше.
За ова паркче пред ЦК уште и ова.Некаде по земјотресот,кога зградата на ЦК се уште не беше срушена добив и имав една „тешка“ задача. Добив од тамошните од таа зграда неколку платнени вреќи со наредба тоа што е внатре да го запалам.Јас полн со радост го сторив тоа.Вреќите ги однесов на ивица од паркчето на западната страна и ги истресов и запалив.Во две три вреќи беа некој си книжуриња,како мали минијатурни тевтерчиња,беа со црвени корици и петокрака на нив а внатре на првата страна и мала слика како од лична карта.(тоа да ти биле комунистички книшки)
А во некој вреќи беа квадратни перничиња-меки полни со памук и тие да ти беа црвени,од убав штов а внатре на убаво парче шпер плоча.Сите ги испокинав,а со собраниот памук мајка ми си наполни голема перница.( тоа да ти било перничиња за медаљи)
Колку што се сеќавам имаше и црево со вода во ова паркче пред ЦК,за чешма не сум сигурен,но понекогаш од ова црево кога ги немаше надлежните знаевме да ги переме домашните алишта и черги,а навечер ќе поврзевме повеќе црева па стигаа и до дворовите и бавчите.
--------------------------------------------------------
поздрав.....од мене, само еден мал човек, македонец и ништо друго.
РЕКАТА....................треба и таа приказна да ја напишам.
мислев на Вардар, на плажите на Вардар,цело Скопје цело лето на Вардар.Тоа јас сум го доживеал.И ловот на ракови.
 
И сеа после ова ќе ти кажат, дека нема Скопјани или дека сме сељаци. А имаме традиција за градски луѓе.
 
@Ѓорѓи Н. Според скопскиот сленг. Ете ти доказ дека џабе живееш во Ск долго време. Има и други примери. Кога ќе се сретнат двајца пријатели/другари едниот му вика на другиот: кај си бе педер? Или некој ќе зезне некого и за него важи истото. Тој за другите Е педер. Педерско однесување итн. Ај кажи ми ти мене што е пичка, а што пизда. Знаеш? Точно, српскиот јазик имал големо влијание на овој дел. Исто како што оние од Гевгелија, а посебно Валандово, Пирава имаат од грчки јазик. Берово, Пехчево (Струмица не ја бројам, таа е посебен случај) зборуваат скоро исто како луѓето во Благоевград и Ќустендил. Види...да отидам јас во (наведи по желба) град и да зборувам на скопски сленг, на почеток нема да им биде чудно. Ден, два...месец, два... Нивната реакција ќе биде: пушти го, од Скопје е. Ама да останам да живеам таму, биди сигурен дека ќе ме гледаат попреку. Каде и да сум отишол, сакаш Штип, сакаш Виница, Берово, Кичево, Прилеп... Сите ме прифатиле како Скопјанецот, ама кога ќе слушнат дека се трудам и од нивниот "јазик" користам по некој збор, врската станува посилна.

А за раѓањето во повеќе градови, мало морген. Сфативме дека си од некое село (не скокај, не го сметам тоа за лошо) со самото твое кажување дека си роден на потегот Охрид, Кичево, Битола.
 
Последно уредено од модератор:
Е, ај сега и на тебе ли треба одново објаснување што ни смета, што не ни смета кај луѓето дојдени надвор од Ск?

Нема потреба. Нема што да ви смета. Тој дел од светот наречен Скопје не е ваш. Парче земја на кое ќе живее кој сака. Ебави тоа локал расизмот!
 
Мразам скопјани!

Знаеме, знаеме... Затоа вакви теми :icon_mrgr:

Нема потреба. Нема што да ви смета. Тој дел од светот наречен Скопје не е ваш. Парче земја на кое ќе живее кој сака. Ебави тоа локал расизмот!

До сега со провинцијалци се расправавме сега со анархопровинцијалци :pos:... Дај кажи кога шведска ќе го усвои тој модел, да живее таму кој сака, уствари не мора да кажеш за 2-3 дена Стокхолм ќе го претворат Сахистан па сите ќе знаеме секако :kezec:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom