Не, логиката наша е да го следиме клубот каде и да игра, на сите утакмици сезонава Вардар имаше подршка, без разлика со кој и каде играше. Околу обичната публика, не се работи толку дали клубот игра убаво на терен или не. Едноставно сите ја имаат изгубено довербата, се сменија еден куп сопственици, директори, сите го верглаа еден ист муабет, европски Вардар, и ништо не се помрдна, воопшто. Само лажни, празни ветувања, местење утакмици, и катастрофален фудбал. Кога Вардар го превзема Град Скопје, кога многу видоа можност за конечно напредок на клубот, уште одма на првите утакмици се виде посетеност, со Работнички 8.000 сигурно, со Ренова исто солидно 4-5 илјади, добро одеше се, ете се случи тоа да игра Вардар во Ѓорче, како и да е таа сезона имаше солидна посетеност, и се заврши со мечот со БАТЕ. Сите видоа кои се можностите, од тогаш клубот почна само да паѓа, еуфоријата ја снема. Таков народ сме, се палат луѓево само на јаки утакмици, кога има некоја еуфорија, иначе ретко кој ќе дојде на стадион. Катастрофално се води клубот, нема маркетинг, нема обиди за да се привлечат луѓе на стадион, играчиве ги усраа сите утакмици кога колку-толку ќе се појавеше публика, и тоа е тоа.