НБА сезона 2014-2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

The Finals:


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Ги гледав вчера двете, страшна кошарка, одлично темпо, Камински е дефинитивно најдобриот играч моментално и му предвидувам страшна кариера. Како поспора верзија на Новицки, одличен шут, го нема fadeaway-от, ама е посилен физички и подобар во рекет.Дјук освен Винслоу, Окафор немаат некој играч кој отскокнува, ама тимската игра им е на највисоко ниво. Тешка утакмица ама ако го неутрализираат Камински, ја имаат титулата
 
Дјук мислам дека до сега веќе еднаш ги тепаа Висконсин и тоа во гости. Навивам за Дјук, и баш ќе сакав да играат со Кентаки во финалето, ама ете дечкиве испаднаа во 1/2 финале :) Незнам дали ја гледавте утакмицата, ама толку лошо судење нема ни во нашава лига.
За Камински, јас мислам дека нема ништо посериозно да напраи во НБА, максимум Рајан Андерсен (што и не е толку лошо). Прилично е спор во одбрана. Нешто како rich man`s Ryan Kelly е уствари :D
Од Дјук, Окафор дефинитивно ќе биде топ 2 пик, Винслоу на последниве mock drafts е во топ 6. Исто и плејмејкерот е добар, ама не е атлета за да ги брани побрзиве плејови, така да реално е дека ќе го драфтуваат во прва рунда. По мене Окафор е некоја верзија од Ал Џеферсон, дали подобра или полоша ќе видиме, а Винслоу мислам може да стигне до Џими Батлер со многу работа.
 
Изненадување е богами поразот на Кентаки од Висконсин, ама не огромно бидејќи Висконсин реално беа третите најјаки после Кентаки и Дјук во текот на сезоната според мене.

Инаку не мешајте многу NCAA со NBA. Возраста игра огромна улога и постарите играчи многу често добро изгледаат во NCAA а во НБА ништо нема да можат да направат. За Камински може да се очекува дека во топ 15 ќе биде драфтуван, ама такви споредби со Новицки се далеку од вистината. Под голем знак прашалник е дали воопшто ќе може да игра одбрана во НБА Камински. Имало еден куп слични ситуации во минaтото и ретко кој од тие играчи успеал во НБА.

Скоро сите кои како juniors и seniors (3та и 4та година од колеџ) ја освојувале титулата за играч на годината не ги бидна којзнае колку во НБА, за разлика од оние кои тоа го правеле како freshmen (1ва година) но тие случаи се многу ретки (Дурант и Дејвис се единствени). Пред се треба да ги гледате последните 20тина години бидејќи претходно скоро сите остнувале по 3-4 години на колеџ секако (дури и играчи како Данкан, Џордан, Робинсон и сл.), а сега најдобрите уште после првата сезона заминуваат и скоро и да немаат шанса да освојат ваква награда.

Еве ви листа

http://en.wikipedia.org/wiki/Naismith_College_Player_of_the_Year
 
Ако гледаме така, Окафор освен дефанзивата во напад е доста ограничен. Нема никаков шут, само сирова сила што воопшто не му гарантира добра нба кариера.
Зашто да не може да се споредува Камински со Дирк? Дирк никогаш не бил брз играч, ниту некој дефанзивец па да се каже дека тоа му обезбедило добра кариера. Скоро исти физички предиспозиции, шутот кај Новицки подобар, овој подобар во игра со грб.
Таунс е страшен играч, за нијанса подобар од окафор според мене а има само 19 години.
Судењето беше лошо за двете страни, а ако веќе се фаворизира некого тоа би биле Кентаки во случајов дефинитивно, и умислениот Калипари на клупа. Немаше ништо од судиска помош за некоја екипа конкретно, само во глобала лошо судење.
 
Мислам дека окафор е највеќе критикуван заради одбраната, т.е. тоа му се смета за најголем недостаток. Додека многу од експертиве викаат дека има најдобри центарски потези во последниве 15-20 години од било кој центар. Читав една статија дека овој драфт може да биде сличен како годината кога Окафор и Двајт биле топ2, со што Двајт е Таунс моментално :)
Подобра одбрана, добар шут надвор од рекет, единствено што му фали се центарските потези. Окафор го сметаат за лош дефанзивец и катастрофално лош изведувач на слободни. Исто не верувам дека има голем range на шутот.
Јас би го земал Окафор прв, можно е поради малата ротација на играчи, намерно да се штеди во одбрана да не собира фаули, додека слободните веројатно би можел да ги донесе до одредено ниво.Плус сакам да видам играч на Дјук како прв пик :angel:
 
Надвор од рекет е тотално неупотреблив.Не за џабе Coach K скокаше покрај аут кога ги даде двете слободни по ред вчера :D
 
Камински бил следниот Дирк а Окафор не чинел.. шо кажвате бе луѓе :pos:

Играчи како Камински секоја година има во НЦАА, одлични колеџ играчи, но не се НБА материјал.. Адам Морисон, Џое Александер, Тајлер Хенсбро и најјакиот Џимер :drk:
 
Lele samo ja imam glasano za Vegjata i kompanija deka ke igraat playoff hahaha, sam protiv site

Реално многу мали шанси имаат да ги престигнат Окс.Сакам и јас да влезат во плејоф за да не бидат истите екипи од лани и поради тоа што нема што да бара Оклахома без Дурант и Ибака а Пеликанс баш сега се склопија добро и уште Холидеј го чекаат.Сепак до крај освен со Минесота имаат да играат со Голден Стејт,Мемфис,Феникс,Хјустон и Сан Антонио а Оклахома игра со Хјустон,Сан Антонио,Сакраменто,Индиана,Портланд и Минесота што каде каде им е полесен распоредот и + имаат 1 утакмица предност на табела.

Многу позанимливо е на Исток каде 5 екипи се борат за 2 места.Според мене само Бруклин и Индијана би можеле да направат поинтересна серија со Атланта и Кливленд и навивам они да влезат во Плејоф.Посебно Индијана поради Џорџ.
 
Ако гледаме така, Окафор освен дефанзивата во напад е доста ограничен. Нема никаков шут, само сирова сила што воопшто не му гарантира добра нба кариера.
Зашто да не може да се споредува Камински со Дирк? Дирк никогаш не бил брз играч, ниту некој дефанзивец па да се каже дека тоа му обезбедило добра кариера. Скоро исти физички предиспозиции, шутот кај Новицки подобар, овој подобар во игра со грб.
Таунс е страшен играч, за нијанса подобар од окафор според мене а има само 19 години.
Судењето беше лошо за двете страни, а ако веќе се фаворизира некого тоа би биле Кентаки во случајов дефинитивно, и умислениот Калипари на клупа. Немаше ништо од судиска помош за некоја екипа конкретно, само во глобала лошо судење.

Не заебавај, Окафор има според многумина најразвиена пост ап игра во историјата во однос на возраста. На негова возраст никој не бил толку добар во тој аспект. Дека има сериозни недостатоци во одбраната има а и точно е дека е нема игра надвор од рекетот практично, ама реално неговата игра е под кошевите и нема да игра надвор од таа улога. Ал Џеферсон е отприлика солидна споредба (минимум толку добар ќе биде ми се чини), со тоа што Окафор е далеку подобар додавач од Џеферсон што му дава многу важна додатна димензија во играта за кога ќе биде удвојуван под кошот.
 
Ехее Висконсин у финале јееее заспав вчера на полувреме :/
Читав нешто Камински у репрезентација на Србија да играл како натурализиран што мислите за тоа.
 
Камински бил следниот Дирк а Окафор не чинел.. шо кажвате бе луѓе :pos:

Играчи како Камински секоја година има во НЦАА, одлични колеџ играчи, но не се НБА материјал.. Адам Морисон, Џое Александер, Тајлер Хенсбро и најјакиот Џимер :drk:
У принцип бел Американец.
 
Ја гледам сега репризата Висконсин-Кентаки, си владеат со атмосферата, како европска утакмица да гледам, НБА за ова е погреб. :D
 
Утакмицата е во 03:30 во вторник, како и секоја година.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom