Војната на патиштата

Член од
20 јули 2014
Мислења
3.381
Поени од реакции
8.990
Се пријавил во Ѓорче и признал се', мала е населбава, секој е роднина со секого ;).
Чекај, пошто викаш од Ѓорче, најверојатно знаеш за кого станува збор. Да не е овој син на некои од рекетарите?
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Чекај, пошто викаш од Ѓорче, најверојатно знаеш за кого станува збор. Да не е овој син на некои од рекетарите?
Поинаку се презиваат тие а и не знам некој од нив да вози Хонда. :) п.с. не викам дека е од Ѓорче, туку во оваа станица се предал тука. Утре ќе дознаеме повеќе.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.901
Поени од реакции
36.962
А 90% од несреќите ќе се избегнат само ако секој прави една работа. Се почитуваат сообраќајните правила.

Греота за девојчето и тешко на фамилијата сега. Се гледа по сликите дека куртонот недоносен ја удрил баш на пешачкиот кај универзална.

Се што е над 70 во градско подрачје е ризик ако некој ти излета на пат. Али тоа е, таков народ сме за жал, кола не е превозно средство туку куромерач.

Греота уште еднаш, посебно што е 19 годишно девојче.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Нема оправдување. Дозволена брзина во населено место е 60. Обврска на возачот пред раскрсница и обележан пешачки премин е да ја намали брзината без разлика дали има пешаци или не.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Сите викаат дека казните и МВР не можеле да постигнат ништо и собраќајки ќе имало и ќе има. Ама ова се претера више, едно чудо народ изгина по пешачкиве премини ни криви ни должни. Да има секојдневни контроли и да не се селективни, па вози ли над лимит возачка зимање засекогаш. Па да видиме колку ќе има вакви херои кои летат по улиците и убиваат невини луѓе.
Бог да го прости девојчево. Го пратиле родителите школо да учи, на парчиња да им го вратат.
Малку е затвор за животното.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Нема да го стрпаат у затвор, има пари и има врски.

Иначе се испцув на драга кајгана темата, не видов дека тука се дискутира.

Неможам да сфатам две работи у сообраќајов кај нас, работи што ги гледам секој ебан ден.
Поминување на црвено и шибање со 100+ низ град.

Зашто?

Среќа вечерва за другите две девојчиња, да ги закачел и нив незнам... :(
Па види, некој 2-та грама мозок некако мора да ги истакне. Дали возејќи 200 на саат на улица на која на секои 200 метра има семафор со мисла дека сеуште девојчињата се попалуваат на брза вожња и фраери без две чисти у главата кои минуваат на црвено и мислат оти законот нема да ги стигне или оваа вторава варијанта, да прегази некого и да докаже дека е "фаца" вауууу, "ја дигнав на хауба, она погина а ја избегав слушајќи си Аца Лукас у кола бе брааааат!" :facepalm:
 
Член од
24 април 2010
Мислења
1.251
Поени од реакции
1.756
МВР се криви зошто казнуваат селективно и не преземаат ништо во врска со ноќните трки во Аеродром и на Обиколница. .
Ако имш докази дека работат селективно можеш да се жалиш, ако си ги пријавил нокните трки и не е превземано ништо пак можеш да се жалиш.
Ах бре македонче, од една страна плачите големи ви биле казните а од друга зш не казнуваат, кој може да ве разбере.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ако имш докази дека работат селективно можеш да се жалиш, ако си ги пријавил нокните трки и не е превземано ништо пак можеш да се жалиш.
Ах бре македонче, од една страна плачите големи ви биле казните а од друга зш не казнуваат, кој може да ве разбере.
:LOL:

Сериозно?

Сериозно ова ми го кажа?
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.300
Поени од реакции
7.026
Нека почива во мир...Иам и јас приметено,на Партизанска летаат и кур не му чуе. Пред година ипол согазија еден мој школски од средно на пешачки кај влада,одма после Гоце Делчев мостот. Сепак типот бил совесен,па одма го качил во кола и веднаш го пренел во болница и се пријавил во полиција. Школскиот мој ЕДВАЈ преживеа,беше у кома 1 недела и тоа типот возел околу 70-80. И тоа е пребрзо за во град,посебно за нас од внатрешноста. Таткоми секогаш настојува кога возам низ град да не возам повеќе од 30-40,а јас обично возам до кај 60. Пред 2 недели се враќаме од кај бабами во мојот град,таткоми возеше и одеднаш по тоа уличките претрчаа деца. Да не возеше смирено типот со 20-30,односно да бев јас на негово место сеа којзнае што ќе се случеше. Ограничување и ригорозни казни само,неможе полицијата(како пример пак ќе ги земам помаливе места) да ме казнува мене или некој друг чесен и совесен,а дечиштата на мама и тато шо возат џипови неположени на 15-16 години да му рече само ЌЕ СЕ ЈАВАМ НА ТАТКОМИ и да го пушта без казна.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.507
Поени од реакции
14.693
Се надевам од денес па се додека диши воздух дека нема ниеден ден мир да си најде! Секој ден совеста да го силува и да му го партали мозокот со сликата како ја удрил. Раат да не виде и спокој никогаш да не најде.
Поголема казна од умот да работи против себе нема, иако јас да сум на местото на мајката ќе му пресудам. Онака го чуваш од 3 кила месо, погледот ни за миг не го тргаш од тоа дете, живееш само кога го гледаш дека оно живее среќно покрај тебе, и за дел од секундата ... Би му пресудила.

Се надевам барем еден, само еден од вас што чита, а вози како ретардиран пуштен на викенд дома - ќе се промени. Барем едно нечие дете ќе се спаси.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
2.005
Поени од реакции
3.057
Ако имш докази дека работат селективно можеш да се жалиш, ако си ги пријавил нокните трки и не е превземано ништо пак можеш да се жалиш.
Ах бре македонче, од една страна плачите големи ви биле казните а од друга зш не казнуваат, кој може да ве разбере.
Сериозен си? Кај да се жалиме дај посоветувај не човече. Баш ме интересира сакам да се жалам, а колку си сигурен дека ќе ми се уважи жалбата и дека ќе биде превземена некаква мерка? Повеќе веројатно е дека мене ќе ме средат отколку некој ''шериф'' што направил некакво кривично дело.
 
K

kaiser soze

Гостин
Жалосно за девојчето и нејзината фамилија.
Кога неизживеани идиоти дивеат вака по булевари и патишта,вакви трагични случки се неминовни.
Кога полицијата делува селективно,еден аршин за телохранител на началник или за син на градоначалник,а друг за некој обичен смртник,трагедиите само ќе се повторуваат.
Конечно,ако се цели кон побезбеден сообраќај и поголема сообраќајна култура,критериумите за добивање право на управување со автомобил,треба знатно да се подигнат.Не смее да се делат возачки од ракав,преку разно-разни конекции,исто не може и авто школите и инструкторите да ги гледаат клиентите како банкнота,без да ги едуцираат како што треба.
Во спротивно,и полицијата и едукаторите стануваат соучесници на трагични случки како денешнава.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не играм к...т
Ај пошо не играш курот ќе ти напишам детално што се дешава во моја населба. ;)

Прв проблем - од семафорот кај Очната кога одиш накај Влае, во тој правец, стока што оди во правец Тетово - Скопје се улетува со минимум 120 на саат и така проаѓа на добри 3-4 пешачки без да прикочи ниту да намали. Да застане на семафор не правиме муабет. Пријавено од граѓаните во општината и во полицијата, имаше и протест, беше блокирана крстосницата кај Дома Мебел, ништо не е преземено. Знаеш со што се занимава полицијата наместо тоа? Со некој човек на пазарчето, што на тротоарот му текнало да чисти кондури, да поправа точаци, фатиле ги бркаат....
Втор проблем - хобитите што доаѓаат од мостот кај Очната, крадат од куќите кај насипот и притоа како летово брцаат со нож (случај Ангел). Упатени се жалби 10 години уназад да се сружи мостот, ништо не се случува.
Трет проблем - браќата од Сарај што се тркаат по Обиколница и продужуваат низ Ѓорче додека полицајциве дремат на хамбургер кај Лоли или бурек кај Цујо. Пријавено исто така 392013921321 пати, ништо не е преземено.

Не сум само јас од населбава, прашај ги и другите што се од тука, ќе ти потврдат. Истото е и по другиве населби, нарочито Аеродром и Ново Лисиче поради булеварите.

И викаш, да пријавиме? Каде? На Обама, на Меркел, на Колинда?
 

бутЕ

старлета
Член од
29 март 2011
Мислења
2.232
Поени од реакции
3.838
1 година постара од мене...жално, нека почива во мир.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom