Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.376
Член од
10 април 2010
Мислења
13
Поени од реакции
0
Барам некој поискусен да ми разјасни како да градам односи со огнени и воздушни знаци, те што треба, а што не треба...иначе бик сум -_-...фала однапред.
Според твојот хороскопски знак: Бик и подзнак Рак, имаш емотивен но и деловен однос воспоставено со водените, а деловен и пријателски однос со земјените знаци.
Воздушните ти се далечни пријатели, а Огнените можат да ти се одбивни на прв поглед заради егоистичката природа и авторитетната нормално.
Проблемот секогаш во однос со огнените знаци ќе се состои во сериозноста и стабилноста што ја имаш ти, и Хумористичниот и Несекојдневен начин на живот што го имаат огнените знаци.
За да бидеш пријател со огнен знак, на пример: Стрелец треба да прифаќаш шеги хумор итн, да си отворена личност без предрасуди со свој став цврст (биковите го имаат и вишак ставот) и да си отворен за авантури и нови дружења и неочекувани ситуации.
Со воздушни знаци полесно би ти било да градиш однос, далеку полесно заради избалансираната природа што ја имаат, особено со близнаци и вага:)
 

stick figure

#MiaSanArsenal
Член од
2 мај 2010
Мислења
4.811
Поени од реакции
3.705
Има некоја голема врска во кој хороскопски знак е партнерот?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Jas sum Bik a vo podznak Strelec.
Sto mozete da mi kazete opsto za moite znaci?
Fala.
 
Член од
22 април 2010
Мислења
98
Поени од реакции
8
Јас сум Скорпија? Може нешто да ми кажете за неа...?
 
H

HITCH

Гостин
Карактерот според хороскоп

Овен – Агресивецот
Дружељубив. Симпатичен. Спонтан. Не се закачајте со него. Забавен. Одличен бакнувач. Екстремно шармантен. Сака врски и семејството му е многу важно. Овновите се познати по тоа што се дарежливи. Зависни сте од него. Секогаш мора да биде во право. Ќе се расправа со часови за да докаже дека е во право. Некои од најпрекрасните луѓе на светот се овен во хороскоп.

Бик – Скитникот
Агресивен. Сака да биде во долги врски. Сака да се спротивставува. Се бори за тоа што го сака. Знае да биде досаден за да привлече внимание. Екстремно дружељубив. Сака да им помага на луѓето. Добар бакнувач. Добар карактер. Тврдоглав. Се грижи. Знае да биде себичен и ако сака нешто ќе направи се` за да го добие. Сака да спие и е мрза. Единствен. Не се закачајте со него. Најатрактивните луѓе се бикови.

Близнаци – Близнакот
Фини. Љубовта му е најбитна. Добар слушател. Лесно ги збунува луѓето. Иако е љубовник, а не тепач, сепак ќе ве нокаутира. Не трпи никого. Соли памет и лесно се навредува. Лесно губи работи и е расеан. Саркастичен, детинест и љубопитен. Доверлив. Секогаш среќен. Многу гласен. Брблив. Дружељубив. Лесно простува. Сака да се бакнува. Има убава насмевка. Дарежлив. Силен. Најнеодолив.

Рак – Убавецот
Најдобриот бакнувач. Многу привлечен. Неговата љубов е единствена. Многу романтичен. Најгрижливиот човек што некогаш ќе го запознаете. Многу креативен, најчесто уметник или луд. Експерт за секс. Многу спонтан. Голем фрик. Многу забавен. Најприметлив на забави. Ќе ве прими во неговото срце и ќе останете таму засекогаш. Најстраствен љубовник. Не е тепач, но тешко на вас ако стигне до тоа. Некој кого треба да го имате крај себе.

Лав – Лавот

Одличен соговорник. Атрактивен и страствен. Опуштен. Најчесто среќен, но кога не е тогаш е намуртен и детинест. Неговиот проблем е сечив проблем. Предвидлив и некогаш монотон. Знае да се забавува. Во се` е добар. Одличен бакнувач. Дружељубив. Спуштен на земја. Зависни сте од него. Гласен. Сака долги врски. Зборлив. Не се закачајте со него. Редок да се најде. Добар кога ќе се најде.

Девица – Чекачот
Доминантна во врската. Секогаш некој ја сака. Сака да го има последниот збор. Грижлива. Паметна. Гласна. Лојална. Добар соговорник. Се` што некогаш сте сакале. Лесно ќе ја задоволите. Сака да ризикува. Мисли дека знае се` и најчесто е така. Ги почитува сите, но лесно ќе ја изгубите нејзината почит ако ја повредите и никогаш веќе нема да ја вратите. Не простува и не заборава. Една и единствена.

Вага – Досадниот
Фина со сите што ќе ги запознае. Нејзината љубов е единствена. Луда, забавна и слатка. Има единствен изглед. Најгрижливата личност што ќе ја сретнете. Но, не се закачјате со неа да не завршите со плачење. Вагата може да предизвика толку хаос колку што може да го спречи. Верен пријател до крај. Памети се` што ќе и направите. Секогаш треба да ја имате на ваша страна. Добра е во спортови и е фанатик по екстремни спортови. Многу креативна. Безнадежно романтична.

Скорпија – Зависникот
Екстремно шармантна. Сака да се шегува. Има смисла за хумор. Ќе проба се` наеднаш. Сака да ја разгалуваат. Енергична. Предвидлива. Одличен бакнувач. Секогаш го добива тоа што го сака. Атрактивна. Сака долги врски. Зборлеста. Сака да се забавува, но некогаш претерува. Го сака мирисот на парите, но колку што знае да ги направи толку брзо ќе ги потроши. Многу заштитнички настроена кон луѓето што ги сака. Вреден работник. Одличен пријател, но ако нешто згрешите, пријателството е завршено засекогаш.

Стрелец – Промискуитетниот
Спонтан. Добро изгледа. Редок да се најде. Одличен кога ќе го најдете. Сака долги врски. Има многу љубов да даде. Самотник. Лесно губи трпение и не трпи глупости од никого. Ако е лошо расположен, бегајте подалеку од него. Лесно се навредува и тоа го памети засекогаш. Сака искрено, но некогаш тоа нема да го покаже затоа што мисли дека тоа е знак на слабост. Има многу стравови, но не ги покажува. Многу затворена личност. Ги штити саканите по секоја цена и со секое средство. Детинест. Не се закачајте со него. Убав. Романтичен. Фин со сите што ќе ги запознае. Неговата љубов е единствена. Луд, забавен и сладок. Најгрижливот човек што некогаш ќе го запознаете. Одличен во кревет! Не се закачајте со него за да не завршите плачејќи.

Јарец – Страствениот љубовник
Фин. Снаодлив. Интелигентен. Секси. Мрчатор. Некогаш досаден. Мрзелив и сака полека да ги завршува работите, но кога ќе најде нешто што го интересира тогаш целосно се посветува. Горделив. Разбран. Сладок. Неодолив. Сака долги врски. Одличен соговорник. Секогаш го добива тоа што го сака. Кул. Сака да победува. Сака да готви, но повеќе би јадел во добри ресторани. Екстремно забавен. Сака да се шегува. Паметен.

Водолија – Непредвидливиот
Доверлива. Атрактивна. Добар бакнувач. Единствена. Сака долги врски. Упорна е. Ќе се нафати на се`. Се гордеат со себе за се` што ќе направат. Неуредна и неорганизирана. Мрчатор. Одличен љубовник кога не спие. Премногу анализира. Го сака миленичето повеќе од семејството. Знае да ги нервира другите кога раскажува некоја приказна. Непредвидлива. Ќе ги надмине вашите очекувања. Не е тепач, но не се закачајте со неа.

Риби – Животниот партнер
Грижлива и фина. Паметна. Сака да биде во центар на внимание. Многу организирана. Привлечна за спротивниот пол. Сака да го има последниот збор. Лесно се наоѓа, но тешко се задржува. Страствен прекрасен љубовник. Забавно е да се биде со неа. Премногу им верува на луѓето и затоа често е повредена. Секогаш се труди да ги направи вистинксите работи. Екстремно чудна, но во позитивна смисла. Има смисла за хумор. Внимателна. Сака да се шегува. Многу популарна. Добар пријател, но треба да внимава повеќе како ги избира.
 
С

Спенсер

Гостин
Понекогаш погаѓаат по нешто///

Јас сум јарец... нешто да ми кажете??? тетка сабина имаме ли на форумов??? :pos2:
 
F

FallenHypaspist

Гостин
Еј дечки, барам по нетот и никаде да најдам, ми треба некаков ephemeris или било каков генератор на натални карти, во кој јасно ќе се гледаат аспектите, планетарната геометрија и тд....има некој што знае за такво нешто а да е муфте? Илчо ?
 
A

Auditore

Гостин
Јас сум јарец во хороскоп и чудно е колку ми се погодија карактеристиките на карактерот што ги напиша погоре ХИЧ.
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
ЖЕНА ЈАРЕЦ

Жената родена во овој энаек е допадлива, убаво тело и отворено лице. Нејэите очи се огледало на нејэиното срце и тоа не може да го скрие. Сака друштво и эабави. Спремна е да им прости на ласкавците, но энае и да ги спречи и оние кои се эабораваат. Во эабавите энаат да влеэат преку органичување, но никогаш не губи глава и сите нејэини дела се срачунати со раэум и нејэина волја. Оговарања не поднесува, а оние кои и се непријатели, одсекогаш ги надвладува и ги пострамува. Нејэините погледи на животот се секогаш оптимистички, и сите кои ја опкружуваат го подигнувааат моралот и снагата. Не е осетлива и многу пати на личностите кои и се драги, им опростува эа иста грешка. Амбициоэна е и во расудувањето е сталожена и промислена. Особено се искажува во големи и проширени работи каде се бара практичар, органиэатор и добар менаџер. Во работата е свестрана и не се плаши од никаква работа. Эа неа велат, што со очите види, со рацете ќе направи. Ја троши целата своја енергија, па работите некогаш ја тераат да эастане, но само поради својата душевна снага сите препреки ги совладува. Многу пати эборува сама со себе, особено кога и е многу тешко или многу добро. Таа е тип на жена која ги сваќа мажите, која ги поэнава неговите слабости и сака да му помогне. Неэаменлива е како другар и пријател. Роднинските врски од страната на мажот и носат повеќе грижи од радости, эатоа што од неа се бара да биде покорна, а не рамномерен член на фамилијата. Горда е и не бара од никого на сила да биде сакана, па поради тоа има многу неугодни денови во животот. Броевите кои им носат среќа на личностите од овој энак се 1,5 и 7. Нивните поволни денови се среда и сабота. Бојата на јарците е сребрена. Поэнати личности родени во овој энак се; Сталин, Мао Це Тунг, Насер, Луис Пастер, Адриано Целентано.

Јако и речиси целосно точно!
 
F

FuckYouAll

Гостин
Вага сум, ама не знам шо сум подзнак, како да видам ?? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom