a вага со вага?
Си одговараат. Имаат слични мислења, се сложуваат во многу работи.
Верни се еден на друг, романтични се. Пар кој останатите луѓе околу нив ќе го сметаат за идеален. Но, може да се случи врската да стане монотона, се да биде веќе испланирано и да им здодее на партнерите.
Близнаци & Бик??Мислам дека не иде многу,али да си прашам..
Да, не иде многу, бидејќи се соседни знаци. Имаат доста спротивности.
Биковите се конзервативни, близнаците сакаат промени. Имаат различни сваќања за задоволствата, биковите се материјалисти.
Но сепак, понекогаш близнакот може да го развесели бикот, да му донесе нови знаења и да му помогне во организацијата која што тешко му иде на бикот
Vodolija i skorpija?
Vodolija i rak?
:smir:
Водолијата и Шкорпијата се привлекуваат меѓусебе. Нивната врска е мистериозна, никогаш досадна и секогаш имаат неостварени и недовршени нешта. Спротивно им е тоа што водолијата е склона кон пријателства, секогаш повеќе мисли на другите луѓе, отколку за себе, додека пак Шкорпијата е окупирана со себеси и себична. Шкорпијата има желба да владее и да доминира во врската, што неможе да го добие со независната и самостојна водолија.
Ракот и Водолијата се сосема спротивни знаци, но спротивностите се привлекуваат. Ракот е романтичен, посесивен и предан. Конзервативен е и ја следи традицијата. Додека пак водолијата секогаш е отворена кон промени и необични нешта. Но сепак можат да имаат слични интереси и многу теми за разговор.