Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.372
Член од
18 јуни 2009
Мислења
5
Поени од реакции
3
Кармичка астрологија

Кармичка астрологија - Вовед
Дванаесетте мисии на хороскопските знаци

Во самото утро на Создавањето, Создателот ги повикал своите дванаесет деца за во нив да го посее семето на човековиот живот; едно по едно ти застанале пред Него за да ги примат подароците.
Прво на Овнот му го давам Моето семе; така можеш да ја имаш честа да го посееш. Секое семе кое ќе го посееш ќе се размножи милион пати во твојата рака. Нема да имаш време да го гледаш неговиот раст затоа што се што ќе посееш ќе роди многу повеќе отколку што е потребно да се посее. Ти ќе бидеш прв кој ќе продре на Земјата на човечкиот ум со Мојата Идеја. Но, не е твое да ја гаиш таа идеја и да ја испитуваш. Твојот живот е акција и само акција ти припишувам со која ќе почнеш да ги правиш луѓето свесни. За твојата добра работа ќе ти го дадам Самопочитувањето.

Бикот ќе добие моќ да го вгради семето во супстанцијата. Твојата работа е голема, и од тебе барам трпеливост, затоа што мораш да завршиш се што си запчнал или семето ќе биде фрлено во ветер. Не е твое да се преиспитуваш и да го менуваш мислењето на полпат, како ни да завишиш од другите за она кое сум ти го дал тебе да го правиш. За ова ти ја давам Силата како дарба. Користи ја мудро.
На Близнаците им давам прашања без одговори за на сите да им биде донесено разбирањето за се што гледаат околу нив. Вие сами никогаш нема да знаете зошто човекот зборува или слуша, но во вашата потрага по одговор ќе го пронајдеш подарокот наречен Знаење.
На Ракот му давам задача да ги проучи емоциите на луѓето. Мојата идеја за тебе значи да предизвикуваш солзи и смеа така что се што луѓето гледаат и мислат да развие исполнетост од внатре. За ова ќе ти дадам подарок наречен Семејство, за да може твоето семејство да се размножува.
Лавот ќе добие задача да ја прикажува Мојата Креација на светот во целиот нејзин сјај. Но, мораш да се пазиш од прекумерната гордост и запамети дека тоа е Моја Креација, а не твоја. Зашто, ако го заборавиш тоа, луѓето ќе те презрат. Многу радост има во работата што ти ја давам, но само ако ја свршиш добро. За тоа ќе ја добиеш Честа како подарок.
Од тебе, Девица, барам да го испитуваш се она што човекот направил со Мојата Креација. Требаш критично и внимателно да ги разгледуваш неговите начини и да му ги покажеш грешките, така што преку тебе Мојата Креација ќе биде посовршена. За да го направиш тоа, ти ја давам Чистотата на Мислите.
Вагата ќе добие мисија за служење, така што човекот ќе може да ги има на ум своите должности кон другите. Така ќе се учиш на соработка, како и на способноста да се рефлектира другата страна преку сопствените акции. Ќе те ставам на секое место каде што има неслога и за твоите напори ќе те наградам со Љубов.
За тебе, Скорпијо, имам многу тешка задача: ќе поседуваш посебна способност да го познаваш човековиот ум, но нема да ти допуштам да зборуваш за она што ќе го дознаеш. Многу пати ќе бидеш повредена од тоа што ќе го видиш, и во својата болка ќе се одвратиш од мене, заборавајќи дека не Јас, туку Моите изопачени Идеи предизвикуваат болка кај тебе. Ќе видиш толку многу од човекот, што ќе го поимаш како животно и ќе се бориш против толку многу животински инстинкти во себе, што би можела да го изгубиш твојот Пат; но кога конечно повторно ќе се свртиш кон мене, ќе ти ја дадам најголемата дарба - Целта.
Од Стрелецот очекувам на луѓето да им подари смеа кога после неразбирањето на Моите Идеи ќе бидат огорчени. Преку смеата треба на луѓето да им подариш Надеж, а преку Надешта треба повторно да им го вратиш погледот кон Мене. Ќе допреш до многу животи барем на момент и ќе го спознаеш немирот во секој до кого ќе допреш. За тебе го имам Неограниченото Изобилство како дар, за да можеш да се простираш доволно за да досегнеш до секој темен агол и да донесеш светлост.
Од Јарецот барам макотрпен напор за да може да го научи човекот на работа. Твојата задача не е лесна затоа што ќе го чувствуваш целиот човечки труд на твојот грб; но како јарем на твојот напор ти ја дарувам Одговорноста во твои раце.
На тебе, Водолијо, ти го давам концептот на иднината за да може човекот да ги вии другите можности; ќе ја трпиш болката на осаменоста затоа што не дозволувам да ја персонализираш Мојата Љубов. Но, за обраќањето на човечките очи кон новите можности ти ја подарувам Слободата за да можеш непопречено да продолжиш да му служиш на човештвото кога му требаш.
На Рибите им давам најтешка задача. Од вас барам да го соберете целото човечко патење и солзи и да ми биде вратено. Тие солзи требад а бидат Мои Солзи. Патењето кое ќе се прима е ефект на човечкото неразбирање на Моите Идеи; вие сте таму да пружите сочувство, за се да почне од почеток. За најтешката задача следува и најголем дар - единствено вие од моите дванаесет деца ќе ме разбирате. Но овој подарок е само за вас, зашто кога ќе се покаже пред другите, нема да може да биде виден.
Тогаш Создателот рече: „Секој од вас има дел од Мојата Идеја. Не смеете да се сметате како целина на Мојата ИДеја, ниту пак да се замените. Затоа што секој од вас е совршен, но тоа нема да го дознаете додека СИТЕ не станете ЕДНО. Само тогаш севкупноста на Мојата Идеја ќе ви биде откриена“.
И, децата си замина, секое одлучно најдобро да ја исполни својата задача. Но, никое потполно не ја сфати својата задача и својот дар. Па кога, збунети, се вратија, Создателот им рече: „ Секој од вас верува дека туѓите дарови се подобри. Затоа ќе ви дозволам да се смените меѓусебно“. И за момент, секое дете беше восхитено, размислувајќи за можноста на своите нови мисии. А Создателот се насмевна и рече: „ Многу пати ќе се враќате тражејќи да бидете ослободени од вашата мисија и секој пат таа молба ќе ви биде исполнета. Ќе поминувате низ безброј инкарнации пред да ја завршите вашата првична мисија која само за вас бече наменета. За тоа ви е дадено неограничено време, но само откако ќе ја исполните првичната мисија ќе можете да бидете покрај Мене“.

Забелешка: Текстот е објавен и на официјалната страна на АстроМак под заглавјето AstroFiles.



Пред да ја постирам темава ја разгледував :Околу хороскопот и хороскопските знаци.. ми падна во очи шо поголемиот број членови " не веруваа во хороскоп " за потоа " јас сум .. " , " кажи нешто за .. " , " дали си одговараат " ... :helou:
Јас сум Шкорпија и хороскопот на некој начин ми " помага " горе долу да знаам што да очекувам од луѓето .. а оние дневни и неделни хороскопи .. НЕ!!! :kesa:
... Во контекст на темава .. само че кажам дека никогаш предходно, повеќе не сум се пронашол себе си .. чекам коментари па да дискутираме :helou:
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
jas sum skorpija...i stvarno ima vistina vo toa...
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
До некаде верувам и можам да кажам дека има вистина. Иако тешко ми е да верувам во нешто што не е поткрепено од науката, но сепак се пронаоѓам понекогаш во оние предвидувања за мојот хороскопски знак. Лав :duel:
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Во дневните,неделните хороскопи не верувам,но во овие што се општо за карактерот на знакот,скоро сите работи се точни.
Еве и ова погоре е точно,ја сум јарец, и одговорна сум :).
Незнам дали е случајност или не,ама имам споредувано карактеристики кај луге со исти хороскопски знак и стварно се поклопуваат.
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Во дневните,неделните хороскопи не верувам,но во овие што се општо за карактерот на знакот,скоро сите работи се точни.
Еве и ова погоре е точно,ја сум јарец, и одговорна сум :).
Незнам дали е случајност или не,ама имам споредувано карактеристики кај луге со исти хороскопски знак и стварно се поклопуваат.
За секојдневен хороскоп и јас сум помалку скептик. Но има и некој навистина квалитетни.
Ми се допаѓа Зоран Крстевски што го пишува за вест дневниот хороскоп, многу општо пишува и тоа остава ти да го протолкуваш на сопствен начин што и баш не е тоа што многу луѓе очекуваат.
Но сепак ако се протолкува на "правилен" начин тогаш може да биде од некаква корист (чисто како напомена, не мислам на погодување за добитна лото комбинација така да...)
 
D

DeviL_32`

Гостин
ако може нешто за мене... роден сум на 25.10.94 шкорпија :pipi:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.542
Поени од реакции
28.963
па во неделни не верувам
ама во оние кои го проучуваат карактерот, се наоѓам себеси.


п.с. машала колку шкорпии има тука... вашето мото е СЕ ШТО САКАМ ДОБИВАМ нели:smir:
 
Член од
15 април 2009
Мислења
130
Поени од реакции
37
9 ОСНОВНИ ТИПОВИ НА ЛИЧНОСТИИ нивната врска со хороскопскиот знак на кој припаѓате
Дали сте Истражувач или Романтичар?
Откријте ги особините на секој тип на личност, добро замислете се, и на основа на главните особини идентификувајте се со еден од нив.


На основа на една позната психолошка теорија за основни типови на личности и нивна класификација, постојат девет основни типови на личности. Познавајќи одреден тип на личност значи познавање и разликување на основните модели на однесување во различни ситуации, во комуникација или изразување и нивно делување. Особите кои припаѓаат на ист тип на личност во голема мера се и слични помеѓу себе. Сепак, извесните разлики кои постојат во оквирот на секоја личност, потекнуваат од неколку фактори од кои најзначајни се: менталниот и интелектуалниот степен на развој, возраста, вродените особини, социјалната средина во која расте личноста и културата на која припаѓа. За утеха е фактот дека постојат барем мал број на луѓе кои ни се слични, но во исто време е и поразно затоа што акцентот во реченицата паѓа на ‘мал број’. Значи, шифрата на таинствениот одговор или суштинското објаснување поради кое, сепак не сме сите исти, се наоѓа во многубројните облици на нашето однесување, односно во разликата од една до друга индивидуа.

Значи целта е да ги откриете особините на секој тип на личност, добро да размислите, и на основа на главните особини идентификувајте се со еден од нив.


1. Ако се однесувате совесно, одговорно и принципиелно; имате реални сваќања и ставови, потоа високи идеали или амбиции и настојувате да живеете во склад со нив, Вие сте Перфекциониста.
Кореспондира со хороскопските знаци : Бик, Девица, Вага и Јарец.

2. Ако се однесувате срдечно и со симпатии кон другите, заинтересирани сте и осетливи за потребите на другите луѓе, поседувате емотивна длабочина и ширина, разбирање и топлина, Вие сте Покровител.
Кореспондира со хороскопските знаци: Рак, Стрелец, Водолија и Риби.

3. Ако се однесувате енергично, амбициозно, делувате како оптимиста, сигурни сте во себе и ориентирани кон јасно фиксирани цели, Вие сте Реализатор.
Кореспондира со хороскопските знаци: Овен, Лав, Шкорпија и Стрелец.

4. Ако сте многу осетливи, срдечни, нежни према другите, делувате премногу сензибилно и осетливо, се водите според емоциите, Вие сте Романтичар.
Кореспондира со : Рак, Лав, Вага и Риби.

5. Ако сте повлечени, желни за знаење, аналитични и проникливи затоа што имате нагласена потреба за знаење и учење, делувате замислено, радознало и конструктивно, Вие сте Посматрач.
Кореспондира со: Близнаци, Девица, Водолија и Риби.

6. Ако сте одговорни, верни, приврзани на фамилијата, пријателите и друштвото, тежнеете кон големи предизвици, сте со отворен дух и како авангардна личност по малку склони кон противење и бунт, сигурно сте Истражувач.
Кореспондира со: Овен, Шкорпија, Девица и Јарец.

7. Ако сте енергични, динамични, полетни и оптимисти, а желбата да направите нешто големо или добро за сите никогаш не ве напушта, па животот ви личи на долго, интересно или необично патување, тогаш сте Авантуриста.
Кореспондира со: Овен, Близнаци, Вага и Стрелец.

8. Ако сте сигурни во себе и самоуверени, директни и продорни, потоа влевате голема доверба и делувате заштитнички, се однесувате иницијативно и активно, склони сте кон ризик, тогаш Вие сте Самоуверени.
Кореспондира со: Овен, Лав, Шкорпија и Јарец.

9. Ако сте отворени, премногу друштвени, срдечни и предосетливи, културни и добро воспитани, дипломатски мудри, полни со разбирање за другите и секогаш спремни да дадете подршка, па вас затоа премногу луѓе ве сакаат, тогаш сте Комуникативни.
Кореспондира со: Близнаци, Рак, Стрелец и Водолија.


Што Вас Ве води низ животот?

- Покровителите, реализаторите и романтичарите низ животот ги води Срцето (чувствата).
Тоа се Овен, Рак, Лав и Риби.

- Посматрачите, истражувачите и авантуристите низ животот се раководат со Главата (мислењето).
Тоа се Близнаци, Девица, Стрелец и Водолија.

- Самоуверените, комуникативните и префекционистите низ животот се раководат според Инстиктите.
Тоа се Бик, Вага, Шкорпија и Јарец.


Текстот барем малку од малку може да Ви помогне за да разберите зошто некои личности Ви се допаѓаат, зошто некои ги обожавате, некои не, зошто влегувате во љубовни врски со одреден тип на личност и.т.н. Големо влијание освен хороскопскиот знак има и подзнaкот, месечината во кој знак е и.т.н. па можеби ќе се пронајдете во повеќе типа на личност.






 
Член од
4 декември 2007
Мислења
515
Поени од реакции
22
Луѓе помагајте ( незнам дали постот е за овде или љубовни проблеми сепак...)
Вака, имам другарка-риба, и другар-рак. Уште од мали 5-6 одд многу се сакаат, и двајцата ми кажуват мене како тој ја сака неа а таа него, дури другар ми има плачено за неа ( како ја видел со некој друг-а другар и бил бтњ ) и.т.н да не должам овде има проблеммм.
Проблемот е тоа што тие се е**** страмежливи и двајцата. Па ако може некои совети како да ги зближам, и секако конечно да ги видам двајцата.
Инаку имам пробано, двајцата да ги викнам демек као на кафе, и сме излевале 3цата многу пати. И други сл. работи имам пробувано: на базен, на трчање и.т.н
Помош?!?!
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.542
Поени од реакции
28.963
pa treba rakot da se postavi kako dobar drugar sprema nea i da ja poddrzuva vo se i da bide cesto vreme okolu nea zatoa sto zenite ribi sakaat da imaat nekoj na kojsto mozat da smetaat celo vreme. treba da i posvetuva poveke vnimanie, no ne premnogu, zatoa sto ribite ponekogas sakaat da bidat sami. a ako saka drugar ti nesto, treba od da pocne, oti ribite nikogas nema prvi da pocnat vo ljubov.
 

Alien_sr

Ultimate Survivor!
Член од
14 мај 2007
Мислења
2.971
Поени од реакции
143
Не читам хороскоп и тоа кога го правам го правам многу ретко, само да се насмеам и да прочитам што пишува за мене. Инаку не верувам во ова. Само да ти земат пари.
 

AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Луѓе помагајте ( незнам дали постот е за овде или љубовни проблеми сепак...)
Вака, имам другарка-риба, и другар-рак. Уште од мали 5-6 одд многу се сакаат, и двајцата ми кажуват мене како тој ја сака неа а таа него, дури другар ми има плачено за неа ( како ја видел со некој друг-а другар и бил бтњ ) и.т.н да не должам овде има проблеммм.
Проблемот е тоа што тие се е**** страмежливи и двајцата. Па ако може некои совети како да ги зближам, и секако конечно да ги видам двајцата.
Инаку имам пробано, двајцата да ги викнам демек као на кафе, и сме излевале 3цата многу пати. И други сл. работи имам пробувано: на базен, на трчање и.т.н
Помош?!?!
Не ме изненадува тоа другар ти што плачел,раковите се прилично емотивни:)Ако има симпатии помегу двајцата незнам што е проблемот,колку и да се срамежливи,сепак не би требало да е тешко некој да направе прв чекор бидејки знае дека е возвратено од другата страна.Ова ти е повеке за во љубовни проблеми,неможе некој да ти даде совет според хороскопските знаци,бидејки и подзнакот има влијание во карактерот на личноста.
Еве на пример некој ти рече дека рибите не пристапуваат први,а јас имам другарка,риби е во хороскоп,и баш сака да флертува:).
Обиди се во љубовни проблеми.:smir:
 

Мармеладова

Tale of the inexpressible
Член од
21 април 2006
Мислења
1.743
Поени од реакции
184
Верувате во хороскопи, натални карти и слично?
Koга може една Месечина да делува на плима и осека, зашто да не и на човекот што е повеќе од 70% вода.
Така да иде дека сме делимична космичка креација мање више...
 

acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Ако може анализа, јас сум водолија подзнак овен а таа бик. ќе не биде?
 
Член од
18 август 2008
Мислења
680
Поени од реакции
33
Луѓе помагајте ( незнам дали постот е за овде или љубовни проблеми сепак...)
Вака, имам другарка-риба, и другар-рак. Уште од мали 5-6 одд многу се сакаат, и двајцата ми кажуват мене како тој ја сака неа а таа него, дури другар ми има плачено за неа ( како ја видел со некој друг-а другар и бил бтњ ) и.т.н да не должам овде има проблеммм.
Проблемот е тоа што тие се е**** страмежливи и двајцата. Па ако може некои совети како да ги зближам, и секако конечно да ги видам двајцата.
Инаку имам пробано, двајцата да ги викнам демек као на кафе, и сме излевале 3цата многу пати. И други сл. работи имам пробувано: на базен, на трчање и.т.н
Помош?!?!
Сите знаци потпаѓаат под влијанието на 2-3 чаши вино.

:smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom