Да го спомнемеме Харден како што е редот, типот има 30 утакмици со 30+ поени, 8 со 40+ и една 50ка. Ако го додадеме тука и фактот дека пола сезона игра без Хауард, а Рокетси се 3 на западот јас мислам дека него ќе му дадат МВП.
Искрено за мене МIP е Дрејмонд Грин. Да не се разбереме погрешно, сите оние што се горе ставени во анкетата имаат многу напреднато во однос на претходно, ама ипактот кој го има Дрејмонд Грин оваа сезона во играта на ГСВ е неверојатен. Како за толку кратко време прерасна во толку значаен играч, стварно неверојатно... Инаку мислам дека Џими Батлер сигурно ќе ја земеше оваа награда ако продолжеше во исто темпо и не се повредеше.
Вајтсајд и покрај тоа што има добри бројки сепак е деген и не треба да му се даде наградата на него според мене.
Дечки, нова анкета за нешто што се полемизираше минативе недела дена rookie of the year.
Времето до плејофот е кратко, а на ум имам уште неколку анкети до тогаш: Дефанзивен играч на годината, која екипа ќе фати плејоф од Исток/Запад...додадете некој предлог друг.
И време е да развиеме добра дискусија до плејофот, а после тоа се знае веќе....the real season begins.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.