Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Верувам во нештата кои не можам сетилно да ги спознаам, така да апсурд е да верувам во нештата кои ги гледам.
Znaci veruvas deka postoi leteci rozev ednorog koj se bori protiv zeleniot shpageti monster....Poso nemozes setilno da gi spoznaes i dvata neli! Znaev micko znaev.
 
Алал да ти е. Ќе те биде...
Можеш ли да ми кажеш збор- два околу „Алегоријата за пештерата“ на Платон од делото Држава?

Возможно ли е и верникот да живее во тој свет на илузија? :)
 
- Адам и Ева не биле белци.

Тој кој вели дека „...другите се создадени од мајмуни...„, тој верува во елуционистичката вера а не во Христовата.
А што биле Адам и Ева? Црнци, жутаци? Или проѕирни биле, па со тек на време добиле боја?
И еве да речеме дека не се луѓето настанати од мајмуни, тогаш од што се? Сериозно од кал? Зашто денес луѓето не настануваат од кал!?
 
Бидејќи Бог ни дал органи за размножување. Инаку имам читано по нет многу атеисти и научници велат дека ние потекнуваме од ѕвездена прашина, од која пак е создадена и самата Земја. Па затоа и не ми е чудно да сме направени од кал, односно почва помешана со вода, кои содржат едни од клучните елементи за создавање на живот.
 
Ние сме еволуирале од човеколики мајмун. Кој пак живеел подоцна кога на планетата Земја се создале услови. И полека со тек на времето човекот еволуирал и уште еволуирал. Погледни слики од 17,18,19 па и порано од 17 век, ќе забележиш дека не се исти тие луѓе со денешните.
 
Иако сум голем верник, сепак има докази за еволуцијата на човекот од човеколики мајмуни, и не го оспорувам тоа. Само сакав да кажам дека и од кал да сме направени, не би се зачудил, дури и животот потекнува од една од двете состојки од што е изградена калта, водата. Инаку во што се разликуваат поранешните луѓе (од 17 век и порано) со денешните? Да не имале случајно рогови?
 
Погледни им ја градбата на телото. И сам заклучи.
 
Можеш ли да ми кажеш збор- два околу „Алегоријата за пештерата“ на Платон од делото Држава?

Возможно ли е и верникот да живее во тој свет на илузија? :)

Не можам (не знам) да ти одговорам, оти наведеното дело Платоново го немам читано, а не ми ни дошло „при рака„.
Дај две-три реченици за што се работи па да видиме како тоа би „идело„ во мојата вера.[DOUBLEPOST=1427314351][/DOUBLEPOST]
А што биле Адам и Ева? Црнци, жутаци? Или проѕирни биле, па со тек на време добиле боја?
И еве да речеме дека не се луѓето настанати од мајмуни, тогаш од што се? Сериозно од кал? Зашто денес луѓето не настануваат од кал!?

Адам=земјолик, од земја роден/створен.
Адам имал “земјана„ боја, отприлика црвеникаво-кафеава.
Адам е створен од материјално/земјано тело и бестелесна/нематеријална душа.
Ева е одвоена од Адама и ги наследила сите човечки атрибути, така тука нема место за творење луѓе од мајмуни.
Денес луѓето не „настануваат„ од кал, оти Бог го створи човекот во шестиот ден од Постанокот, што значи дека творњето на родот човечки се сторен чин-нема потеба од одново творење нов човечки род.
Денешните луѓе се раѓаат на веќе познатиот начин, а не од „кал„.
Но, во почетокот не беше така...
 
Последно уредено:
Ни јас не сум го прочитал делото.

shto-bi-mislel-platon-za-sovremenata-kultura-81934.jpg

Ова е поблаг опис.
Настанот се случува во пештера, каде неколку затвореници се врзани така што не би можеле воопшто да се свртат, односно гледаат само пред себе. Позади нив има оган, а помеѓу нив и оганот мост преку кои поминуваат луѓе, животни, предмети. Но тие само ја гледаат само нивната сенка и ги слушаат звуците кои ги испуштаат истите. Што во тој момент, тоа за нив е реалност.....
Но ако ослободиме еден од тие затвореници, тој ќе излезе од пештерата (во која подолго време престојувал и не е навикнат на таа јака светлина надвор), ќе му треба време да се навикне на надворешните услови. Тој надвор ќе ја воочи вистинската слика, прво запознавајќи се со природата (нели метафорично) и осознавајќи дека сите оние секни се креација на светлината.
Кога се враќа во пештерата, се обидува да им го објасни ова на затворениците, кои ја гледаат само неговата сенка и го слушаат неговиот глас. Но и сега тој не е во можност да ги разликува сенките затоа што сега не е навикнат на таа полутемница. Па така затворениците не го сфаќаат.....

Моите прашања се. Дали е возможно тие затвореници да се верниците кои не гледаат ништо друго освен сопствената вистина? И дали ако излезат од таа пештера, тие ќе ја осознаат и другата вистина, која можеби ќе им ги промени нивните ставови и тогаш ќе ја видат светлината на денот? :P
 
Приказнава со пештерските човеци ми е некако премногу „ад хок„ и наметнува куп прашања, кои тешко дека можат разумно да се одговорат, а и тие самите да не бидат „ад хок„,.

Да не должам многу, а притоа, ако приказнава ја преместам во реалниот Свет, живеење и вера, тоа би изгледамо вака:

- секое човеково битие е уникатно и неповторливо: мал Космос/микорокосмос, во кое е вграден образот Божји;
- живеејќи гревовен живот, секој поединец, поаѓајќи од самиот себе а не внимавајќи (не гледајќи ја) својата огревовеност, има високо мислење за себе и последично, има некоја своја вистина, која (вистина) не е разбирлиива за другите човечки битија околу него;
- за да се најде минимум заеднички прифатлива вистина, која не е субјетивна а која има барем грам обејктивност и плаузибилност, е чин кој тешко можат да ги сторат огревовените човечки битија, кои, секој за себе има своја вистина, која е, секако, онаа вистинската;
- во намерата да ги врати своите творенија при Себе, Бог Творецот им објавува на огревовените луѓе своја вистина, оти само Он Е Вистина и Извор на вистината;
- огревовените човекови битија кои ја прифааќаат таа, од Бога објавена вистина, ги напуштааат своите субјективни вистини и секој од нив, како поединец, се приклонува кој објавената вистина:
- оние поединци, кои ја прифатиле објавената вистина а воедно Го прифатиле и Изворот на вистината, стануваат меѓусебно согласни и единствени во мислењата, а воедно, стануваат и поблиски, запазувајќи го во себе образот Божји, оти човекот е створен да битисува во личносна релација со сличните на себе, а не да битисува како изолирана и самодоволна индивидуа.

Така, поединците кои решиле да се откажат од своите вистини, да ја прифатат објавената вистина и објавениот Бог, решаваат да станат личносни битија, движејќи се кон својот Творец, враќајќи се во заеднциа со Него, а не во свесна самоизолација и „атомизираност„, како бег од Бога и од суровата стварност.
 
Прашањата воопшто не се „ад хок“. Тие сами се наметнуваат кога од друг агол ја гледаме приказната. :)

Дали тоа значи дека секоја вистина треба да се сфаќа нормално, колку и да апсурдна, смешна или ригорозна спрема верниците т.е. следбениците и да е иста и спрема оние кои не веруваат во таа наметната “хармонија“? Дали вистината пред се треба да се залага за рамноправност и еднаквост, потоа и за единство, се со цел да ужегне таа анархија од вистини, во обратниот случај? Тоа не е случај ниту кај Христијанството, ниту пак кај Исламот.

Дали е една вистината? Не. Не ни смее да биде, затоа што ако биде ќе дојде до диктаторски режим на оној кој ја проповеда (диктира) вистината во таа заедница или пак општество. Класичен пример ти е инквизицијата.

И дали ако ја прифатиш Вистината и Изворот на вистината ќе постигнеш единство во мисли и ставови?! Библијата е и света книга и во Православието и во Католицизмот. Зошто тогаш поделба на источна и западна црква, кога мора да постои единство, хармонија и соединување на верниците? Знам дека историјата не се менува, но иднината може.....

Затоа таа приказна е всушност сфаќање и за демократијата, за убавината на нештата, за функционирањето на државата и за ред други работи. :)
 
Бидејќи Бог ни дал органи за размножување. Инаку имам читано по нет многу атеисти и научници велат дека ние потекнуваме од ѕвездена прашина, од која пак е создадена и самата Земја. Па затоа и не ми е чудно да сме направени од кал, односно почва помешана со вода, кои содржат едни од клучните елементи за создавање на живот.
Ама очигледно на сите верници им одговара тој муабет и се сфаќаат буквално...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom