Ни јас не сум го прочитал делото.
Ова е поблаг опис.
Настанот се случува во пештера, каде неколку затвореници се врзани така што не би можеле воопшто да се свртат, односно гледаат само пред себе. Позади нив има оган, а помеѓу нив и оганот мост преку кои поминуваат луѓе, животни, предмети. Но тие само ја гледаат само нивната сенка и ги слушаат звуците кои ги испуштаат истите. Што во тој момент, тоа за нив е реалност.....
Но ако ослободиме еден од тие затвореници, тој ќе излезе од пештерата (во која подолго време престојувал и не е навикнат на таа јака светлина надвор), ќе му треба време да се навикне на надворешните услови. Тој надвор ќе ја воочи вистинската слика, прво запознавајќи се со природата (нели метафорично) и осознавајќи дека сите оние секни се креација на светлината.
Кога се враќа во пештерата, се обидува да им го објасни ова на затворениците, кои ја гледаат само неговата сенка и го слушаат неговиот глас. Но и сега тој не е во можност да ги разликува сенките затоа што сега не е навикнат на таа полутемница. Па така затворениците не го сфаќаат.....
Моите прашања се. Дали е возможно тие затвореници да се верниците кои не гледаат ништо друго освен сопствената вистина? И дали ако излезат од таа пештера, тие ќе ја осознаат и другата вистина, која можеби ќе им ги промени нивните ставови и тогаш ќе ја видат светлината на денот?
Приказнава со пештерските човеци ми е некако премногу „ад хок„ и наметнува куп прашања, кои тешко дека можат разумно да се одговорат, а и тие самите да не бидат „ад хок„,.
Да не должам многу, а притоа, ако приказнава ја преместам во реалниот Свет, живеење и вера, тоа би изгледамо вака:
- секое човеково битие е уникатно и неповторливо: мал Космос/микорокосмос, во кое е вграден образот Божји;
- живеејќи гревовен живот, секој поединец, поаѓајќи од самиот себе а не внимавајќи (не гледајќи ја) својата огревовеност, има високо мислење за себе и последично, има некоја своја вистина, која (вистина) не е разбирлиива за другите човечки битија околу него;
- за да се најде минимум заеднички прифатлива вистина, која не е субјетивна а која има барем грам обејктивност и плаузибилност, е чин кој тешко можат да ги сторат огревовените човечки битија, кои, секој за себе има своја вистина, која е, секако, онаа вистинската;
- во намерата да ги врати своите творенија при Себе, Бог Творецот им објавува на огревовените луѓе своја вистина, оти само Он Е Вистина и Извор на вистината;
- огревовените човекови битија кои ја прифааќаат таа, од Бога објавена вистина, ги напуштааат своите субјективни вистини и секој од нив, како поединец, се приклонува кој објавената вистина:
- оние поединци, кои ја прифатиле објавената вистина а воедно Го прифатиле и Изворот на вистината, стануваат меѓусебно согласни и единствени во мислењата, а воедно, стануваат и поблиски, запазувајќи го во себе образот Божји, оти човекот е створен да битисува во личносна релација со сличните на себе, а не да битисува како изолирана и самодоволна индивидуа.
Така, поединците кои решиле да се откажат од своите вистини, да ја прифатат објавената вистина и објавениот Бог, решаваат да станат личносни битија, движејќи се кон својот Творец, враќајќи се во заеднциа со Него, а не во свесна самоизолација и „атомизираност„, како бег од Бога и од суровата стварност.