Вчера баш забележав дека овие од англискава федерација се ненормални... Како може тим којшто преку неделата има учество во ЛШ, да го стават да игра натпревар во Сабота и тоа од 13-45 часот? Мислам роботи да беа ќе пукнеа, до толку ли неможеше федерацијата да им излезе во пресрет и да го одложеше тој натпревар еве да речеме за во Недела или Понеделник? Сите други лиги излагаат во пресрет на своите клубови и ги менуваат термините се со цел да имаат повеќе простор да се подготват за излез на европската сцена, додека Англичаниве како со сила сакаат да ги доуништат клубовиве (читај: играчите).
Стварно не ми е јасен односот на федерацијата со Англискиве клубови...