Ќе залуташ на многу лизгав терен, и на крајот ќе кажеш дека квалиите не постојат. Не е важно на кој начин соте мои искуства, сите мои доживеани инедоживеани квалии го прават моето јас. Битно е дека тие постојат, и дека немаме никакво објаснување за нивната природа.
Овде више влагам во зоната на, „мојот став е“.
Не верувам дека не постојат феномени како квалиите. Верувам дека се погрешно дефинирани и дека не го знаеме нивниот механизам, ама не верувам дека нивната природа е контрадикторна.
И лично верувам дека сите тие сумњиви феномени кои интуитивно осеќаме дека постојат, дали тоа е „расположение“, „илузија на унифицирано его“ вербално лошо ги дефинираме, поточно, ригидно ги дефинираме.
Користиме погрешна терминологија и завршуваме на слепа улица.
Нервниот систем не е за потценување, нервниот систем е комплексна машинерија, составен од комплексни комуникациски врски.
80 000 процесори,
мрежно поврзани, успеаа да симулираат 1 секунда мозочна активност и им требаа 40 минути за тоа.
Како резултат на истиот нервен систем, како хармонија од сите тие комуникациски мрежи, се појавуваат различни интересни феномени, вклучувајќи го тоа што ние го нарекуваме квалии. И глеј, тука аналогијата софтвер/хардвер ми е многу добар модел.
Дали софтверот е епифеномен на хардверот или софтверот е хардвер?
Мислам дека проблемот настанува не пошто шишето не е шише, туку пошто шишето го гледаме од различни агли и на различни нивоа.
Квалиите се можеби валиден феномен, а не концепт, али јас не знам дали тоа што моето искусување го чувствувам како унифициран нередуктивен феномен, де факто го прави нередуктивен феномен. Верувам дека баш поради тоа сум пристрастен, научниот метод не е, научниот метод не се покорува на моите чувства, верувања и ставови, не е верување, не е став, отпорен е на емоции, илузии.
Јас верувам во тоа дека еволутивно сме кондиционирани да ствараме илузии, концепти, да искусуваме, да чувствуваме, да имаме претстава дека сме унифицирано его. Сакаме да сме ексклузивни, стариот проблем за тоа:
„Што ќе се случи 1 секунда откако ќе умрам за мене, дали ќе доживувам/искусувам...“, причината поради која се појавуваат боговите, задгробниот живот, духот...неспособноста на свеста да го замисли своето непостоење, Cogito ergo sum...
Тешко ни е да се замислиме како детерминирани, нашите мисли/акции предизвикани од илјадници фактори, фактори за кои сме свесни и фактори за кои не сме свесни.
Илузијата за слободна волја како еквивалент на желбата за моќ, контрола над нашата околина, поголема способност да преживееме.
Ние сме предизвикувачите, ние не сме предизвикани од ништо...
Патем, околу филозофското зомби, интересно е да ти го напоменам парадоксов од Рејмонд Смaлијан, еден од моите поомилени магионичари...
Одреден човек, решил да се самоубие но не сакал да го вознемири своето семејство.
Нашол еликсир кој можел да го убие, а неговата душа да ја оддели од телото, додека телото се однесува како да е жив, да стане филозофско зомби.
Спиејќи, не забележал дека неговиот пријател му вбризгал од еликсирот кој притоа го убил, ја одвоил душата од телото, а телото станало филозофско зомби. Човекот станал сабајле, незнаејќи што се случило и однесувајќи се комплетно исто, пробал да се убие со еликсирот, незнаејќи дека е мртов но секако, еликсирот не довел до ефект, бидејќи тој веќе е мртов.
Ако зомбито коешто се однесува како нас самите, не може да ја забележи разликата помеѓу свесна/несвесна особа зошто мислиме дека ние свесните особи можеме?