Чекај, ти треба било каков доказ за постоењето на квалиите? Каква врска има дали тие се сменети или не се во однос на нешто друго? Може да елаборираш, одамна сум ја читал книгата, не знам на што алудираш?
Мисловниот експеримент е следниов:
Замисли дека едно утро се будиш и сфаќаш дека некој неврохирург ти направил ужасна операција. Сите бои коишто ги гледаш го имаат заменето своето место. Тоа што порано си го гледал како црвено, сега го гледаш како зелено итн...
Во тој момент сфаќаш дека не знаеш, дали:
1. Сменета е твојата моментална перцепција за бои(операција на окципитален нерв) што доведува до моментално различни квалии.
2. Неврохирургот можеби ти ги сменил сите мемории за боите коишто си ги гледал во минатото и всушност сега гледаш супер, а мемориите се проблемот, сменети ти се мемориите поврзани со минатите искуства.
Ова доведува до проблемот тоа е дека, се' додека не можеш:
1. Да знаеш дека се случила промена на квалиите наспроти промена на нешто друго...
2. Да знаеш дали се случила промена на квалиите или не се случила промена на квалиите...
Во ситуацијава, ниту со опсервација, а ниту со интроспекција не можеш да знаеш што се случило со квалиите што го доведува нивното постоење во прашање или ја доведува нивната дефиниција во прашање, ако го следиме логичкиот тек на настани.