.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
- Локација
- На Венера
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Оче наш, дај 100 евра.
На глуп народ и тоа му е малку...
На глуп народ и тоа му е малку...
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Абре како може се наопаку да разберете....таленти сте!Што не рече тогаш Зошто ДА ВЕ СТРИЖАТ место Зошто ДА НЕ СТРИЖАТ ? со ова второв и ти самиот се стави во нашата групација,не те ставив јас,сам се изрази така а дробиш овде..![]()
Аха,на тоа се однесувало.Јас па случајно помислив дека и тебе те стриже МПЦ.Јас ти поставив уште на тоа прашање контра-прашање која е позадината на ова Зошто да не стрижат кога има офци.Ти се најде загрижен душебрижник за нас стрижаните или пак не те разбрав ?Абре како може се наопаку да разберете....таленти сте!
Тоа "НЕ" не се однесува на мене, туку во смисла - "што да не" кога би пишувал српски или - "why not" кога би пишувал на англиски.
Шо сте се фатиле кој колку троши на свадба бе? као ако си голем верник треба поголем процент од планираните пари за веселба да ги фрлиш по попови за да си купат џипови?Апсолутно коректно објаснето.
Сумата која што ако има да ја даде на свештеникот е занемарливо мала во споредба со трошоците за свадба. Една свадба чини најмалку 3000 евра но тоа не е проблем нели еднаш се први свадба, а проблемот се 3000 денари(незадолжителни) за црквата/свештеникот. Да лицемерие големо.
Луѓето се бунат за парите во црква кој ги оставаш со своја одлука,повеќе него кога државата ти ги краде твоите пари.
Едини што се расфрлаат со пари се владиците, ама нивната функција е далеку од пеење на венчавки и погреби. Тоа се политички функции и сигурно вршат поголема работа него прецедателот Иванов,па еве нека израчуна некој колку не кошта сите нас и тоа без доброволно да му ги дадеме парите.
Ако си сиромашен и стварно немаш да платиш верувам дека повеќето попови нема да те бркаат како лихвари,али има секакви луѓе во секоја професија.Проблемов е што најгласни на темава се атеисти кој ова во никој случај не ги фаќа, а надвор најгласни се демек верници кој трошат по неколку иљади евра на свадба (за да најадеш 100 луѓе што ќе ги видиш за 10 години) а ќе пцујат по црквата ради 3000 денари колку да се најдат у муабет.
болтот од горниот цитат изгледа алудира на црвените букви од долниот1По три дена мајка Му на Исус беше на една свадба во градот Кана, во покраината Галилеја.
2На свадбата беа поканети и Исус со Неговите ученици.
3Кога виното се потроши, мајка Му на Исус Му рече: „Им снема вино!“
4„Зошто ме вовлекуваш во ова, жено?“ - и одговори Исус. „Моето време се уште не е дојдено!“
5Тогаш мајка Му им рече на слугите: „Направете се што ќе ви каже!“
6Таму имаше шест камени садови за вода, кои беа наменети за обредно миење, според еврејскиот обичај. Секој од нив собираше од 80до 120литри.
7„Наполнете ги садовите со вода!“ - им рече Исус. Тие ги наполнија до врвот.
8Потоа им рече: „Нацрпете сега и однесете му на шефот на послугата!“ Тие му однесоа.
9Кога тој ја проба водата, што сега се беше претворила во вино, не знаејќи од каде е (само слугите кои нацрпија од водата знаеја), го повика младоженецот,
10па му рече: „Секој човек го служи прво најдоброто вино, а кога ќе се заситат гостите, го служи полошото. Ти, пак, си го чувал најдоброто вино се до сега!“
11Исус го направи ова во галилејското место Кана и тоа беше Неговото прво чудо, со кое Исус ја покажа Својата слава и Неговите ученици поверуваа во Него.
(Јован 2)
Седи кец. Налето на повторување.
Проблемов е што најгласни на темава се атеисти кој ова во никој случај не ги фаќа, а надвор најгласни се демек верници кој трошат по неколку иљади евра на свадба (за да најадеш 100 луѓе што ќе ги видиш за 10 години) а ќе пцујат по црквата ради 3000 денари колку да се најдат у муабет.
Не пишувам кинески, македонски пишувам.... Кај виде загриженост од моја страна за тоа дали некој вас ве стрижел, бричел или депилирал, жити брадата стефанова?! Еве што напишав во врска со мене:Аха,на тоа се однесувало.Јас па случајно помислив дека и тебе те стриже МПЦ.Јас ти поставив уште на тоа прашање контра-прашање која е позадината на ова Зошто да не стрижат кога има офци.Ти се најде загрижен душебрижник за нас стрижаните или пак не те разбрав ?
Тоа што мене ме тангира кога се во прашање поповите и црквата веќе го посочив, за да опстојат, потребно им е нешто со кое константно ќе го заплашуваат "стадото", па за таа цел бесрамно шират параноја кај суеверниот и лекоумен народ за најразлични "закани", непријатели, завери, антихристи. Поради ова, илјадници деца годишно не се вакцинираат, се негира науката, се врши атак на угледот и честа на нас што сме членови во окултни организации, се шират лаги и клевети и се прави обид да бидеме претставени како дежурни виновници за сето зло во светот. Дури и поплавите лани беа припишани како дел од планот на окултните редови.
Toчно. Во право си за тоа дека ти и само ти одлучуваш каде ќе ги трошиш сопствените пари. Само не ми е јасно зашто луѓето во Македонија се бунат зошто се кренале цените на црковните обреди кога овде им е оставена можност и да не платат, и да не се крштеваат во црква и да не се венчаваат во црква.
Ти живееш во Германија, така? Дали Германецот исто како и Македонецот треба да има можност да одлучи каде ќе ги троши своите пари или не? Или граѓаните на државите каде што Црквата се финансира од државата може да бираат дали дел од својот данок ќе дадат на Црквата или не?
Дали е вистина дека секој Германец кој званично е регистриран како католик, протестант или Евреин плаќа верска такса од 8 до 9 % на данок на добивка?
http://www.kamatica.com/novcanik/nemacka-ko-ne-placa-crkvi-nema-prava-na-sahranu/3413
Или во Австрија, кадешто од секој деклариран верник се одзема процент од неговата месечна заработка како црковен придонес. На католиците им се одзема 1.1%, со годишен минимум кој не може да биде понизок од 47 евра, а на евангелистите им одземаат 1.5%, со годишен минимум кој не може да биде понизок од 44 евра.
Во Грција, Православната црква е финансирана од државата.
Во Англија, Англиканската црква е финансирана од Парламентот.
Во Данска, Шведска и Норвешка, Лутеранската црква е финансирана од државата.
Во Холандија, и католиците и протестантите плаќаат надокнада во износ 1-3% проценти од својата заработка врз основа на уговор склучен помеѓу општината и црквата.
Во Италија, не само католиците, туку и останатите конфесии кои склучиле договор со државата, добиваат од истата 0.8% од данокот на добивка.
Во Белгија и Португалија, црквата е финансирана од државата.
Можеби најдобар пример за да се угледаме е Франција кадешто Католичката црква сама го обезбедува своето финансирање. Околу 3/4 заработува од прилози и подароци, а околу 1/4 од прилози за време на богослужбата. Бидејќи овие извори не се поуздани, многу свештеници паралелно се занимаваат со уште некој занает.
Но ние го следиме примерот на Шпанија (дали поради јужњачкиот темперамент), кадешто иако финансирањето на Католичката црква е со доброволни прилози, 2/3 третини од граѓаните одбиваат тоа да го извршат. На богослужбите доаѓаат несфатливо мал број на верници, а стотици илјади Шпанци повеќе не се венчаваат пред олтар.
http://www.danas.rs/dodaci/nedelja/gradjani_nerado_placaju_crkvenu_taksu.26.html?news_id=152788
Што е проблемот кај нас, знаеш ли? Погледни ги двата црвени болда. Не можеме ние како верници да се угледуваме на Шпанците, а од свештенството да очекуваме да се однесуваат како Французи.
Јас и погоре споменав за сите религии, но се осврнав конкретно на нашата Црква. Кажав и погоре дека католиците плаќаат данок за црква месечно пари со кои црковните обреди како венчавка и погреб им се бесплатни потоа. Нивен проблем.
Благодарение на овој начин на пласирање на религија бројот на атеисти од година на година во сите религии рапидно расте. Се прашувам кого понатаму ќе венчаваат. Тргнувајќи од мене јас од пред неколку години во црква не оставам ни денар. Ниту свеќи не купувам од кај нив. Пари не планирам да им давам ни во иднина. Од една страна бараат пари, од друга страна владиката Петар не плука како род. А замисли од мои и од мојот род пари јаде леб. Несфатливо што се не си дозволува да коментира. А позади него алкохол на маса во вредност поголема од една плата.
Ја испоганија сликата за Црквата. Се тепаат во Австралија како ненормални за пари кој да биде владика. Оваа гарнитура на лопови кои се кај нас се се освен попови и божји луѓе. Па од кафана неможеш да ги извадиш. Попот во Велес има џип во вредност од 50 000 евра. Чекајте бе малку другари ИСАФ. Овој збор во литургија треба да го воведат. Потоа ѕвонат по телефони да платиме донации за црква на плоштад во Скопје, писма ти праќаат буквално те тероризираат. Платете си ја сами бе? Ем пари во црква, ем црква да им изградиш. За имотон во Струга тешки криминалии испаднаа на виделина со црковен имот.
Мислам дека се дувло на лопови најсикрено.
Тоа е мое мислење, не ми го поврзувај со кој било член а уште помалце со МПЦ. Ме нервира што се замарате вие како атеисти,подосадни од вегетеријанци сте.болтот од горниот цитат изгледа алудира на црвените букви од долниот
деќки поконтрадикторни не можете да бидете
а башка и секој што ги брани МПЦ не е дека од љубов према пари џиткање ги брани, дел е од нив затоа го болат вистинитите зборови
Што ве боли вас колку ќе му даде некој на попот за свадба?Точно така. И мене ме нервираат идиоти по автобуси со скинати патики, ама во џеб имаат тел од 400е нагоре. И сега што правиме? Што го боли попот колку пари ќе даде некој за свадба? Или ќе одиме по математика: колку чини свадбата, процент од тоа за црквата. Мајката, така ги учеа? Плус, кога некој од МПЦ (исклучоци не броиме) помогнал некаде? Никогаш. За сликање се први со оние од Влада, Собрание, а за помош последни! Знаеш семејства на кои им била пружена помош? Не знам ни јас, можеби се за на две раце. Имав другар во средно, татко му беше поп. Човекот од старт знаеше дека јас не сум верник, а посебно не верувам во разумноста и потребата од постоење црква или нешто слично. Тој секогаш зборуваше: кој колку МИЛУВА, толку ќе даде. А не, еве ти ценовник, па ти сликај се, ако немаш да платиш. Фискална кога ќе даваат? Сакаат плата, па не сакаат. Па сакаат пензија, ама да не платат придонеси. Ем работа на црно, ем пензија. Е, нема да може. Што се другите што редовно плаќаат придонеси, глупаци? За околу 30 години пиши пропало ќе биде за црквата. Се опаметија денешниве деца. Нема веќе молитви, знаат дека не важи тоа. Ниту пак важело некогаш.[DOUBLEPOST=1425602523][/DOUBLEPOST]Прегледај го приврзокот 115767
Утре пак да ги браните![]()