До кога МПЦ планира да го дере народот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување Време на започнување
Значи според кажаново, @Beric Dondarrion нема право да ги критикува муслиманите, затоа што не е муслиман.
Какво време дојде, кафири да се бунат зошто некој во Ирак или Сирија сечел глави.....
Има,ама нема право да критикува ако ИВЗ направи некој ценовник сличен на МПЦ и он сега да се побуни зошто сунетот е 6 или 7.000 денари.Муслиман е ? не е,па што се буни ? ти и овие другиве атеисти и сатанисти,идете во црква,верувате во Господ Исус Христос ? не,па што тогаш се буните!?

Тоа е разликата.
 
Исус беше младоженцот, тоа беше негов свадба, прочитај убо писмото
1По три дена мајка Му на Исус беше на една свадба во градот Кана, во покраината Галилеја.
2На свадбата беа поканети и Исус со Неговите ученици.
3Кога виното се потроши, мајка Му на Исус Му рече: „Им снема вино!“
4„Зошто ме вовлекуваш во ова, жено?“ - и одговори Исус. „Моето време се уште не е дојдено!“
5Тогаш мајка Му им рече на слугите: „Направете се што ќе ви каже!“
6Таму имаше шест камени садови за вода, кои беа наменети за обредно миење, според еврејскиот обичај. Секој од нив собираше од 80до 120литри.
7„Наполнете ги садовите со вода!“ - им рече Исус. Тие ги наполнија до врвот.
8Потоа им рече: „Нацрпете сега и однесете му на шефот на послугата!“ Тие му однесоа.
9Кога тој ја проба водата, што сега се беше претворила во вино, не знаејќи од каде е (само слугите кои нацрпија од водата знаеја), го повика младоженецот,
10па му рече: „Секој човек го служи прво најдоброто вино, а кога ќе се заситат гостите, го служи полошото. Ти, пак, си го чувал најдоброто вино се до сега!“
11Исус го направи ова во галилејското место Кана и тоа беше Неговото прво чудо, со кое Исус ја покажа Својата слава и Неговите ученици поверуваа во Него.
(Јован 2)


Седи кец. Налето на повторување.
 
Од каде знаеш кои изговори проаѓаат, а кои не ?
Па самите попови не веруваат во господ иако работат за него, посебно ако се следат нивните постапки.


Ти може не можеш да прифатиш, ама кажи некоја алтернатива за засегнатите верници, а не ќе си ќутите и нека ве стрижат.
Кажи како може да се направи верска церемонија без поп ? која е друга алтернатива, самите верници да научат слово да пејат или после секое пеење, гребење на мерцедесот на попот ?
Затоа што јас не прифаќам, Ќути си и нека те стрижат иако не сум верник
Има Библија се вика една книга,па таму пишува многу добро што и како.Од таму знам дека нема изговори и дека не проаѓа ниту еден а не некои.А затоа кој и дали верува,остави,има Суд за тоа.Оној на другиот свет.
Не,јас се сложив со мислењето на еден член на првата страна мислам дека му е мислењето,не е крива МПЦ,крив е народот зошто е глуп.Исто така како што не е ни владата(без разлика кој е на власт) крива затоа што ние сме гола вода и сиромаштија.И МПЦ и владата постојат од нас и за нас.Ако ние им удриме на маса,МПЦ може ценовникот и да го избрише,океј,може не целосно,ама цените да ги намали драстично.
Вака во нашава држава,се ни смета а никој за ништо не се буни.Епа тоа е,ние самите БИРАМЕ да сме офци.Тоа избор разбираш ?
 
Interesno...Misalm deka MPC so potegov sama si sudi offsajt! Primer parite za crkva od Mladozenicite,Kumot,Starosvatot i Deverot... mesto za crkva moze da se soberat za meden mesec,nova kujna...etc....! Plus od gore navedeniov materijal ustanovivme deka ako go pokanis ISUS vinoto bezpari ke ti e ama prvin da platis.
PS:Abe @MIKI1 go snema neso ili mene taka mi se cini!
 
Последно уредено:
:vozbud:
МПЦ: Стандардот на граѓаните е пораснат, затоа ги зголемивме цените


105120.jpg
Логично било да се зголемат цените на услугите на црквата во време кога расте стандардот на граѓаните, изјави за 24 Вести, владиката Тимотеј, по реакциите за новиот тарифник на Македонската православна црква - Орхидска архиепископија.
 
1По три дена мајка Му на Исус беше на една свадба во градот Кана, во покраината Галилеја.
2На свадбата беа поканети и Исус со Неговите ученици.
3Кога виното се потроши, мајка Му на Исус Му рече: „Им снема вино!“
4„Зошто ме вовлекуваш во ова, жено?“ - и одговори Исус. „Моето време се уште не е дојдено!“
5Тогаш мајка Му им рече на слугите: „Направете се што ќе ви каже!“
6Таму имаше шест камени садови за вода, кои беа наменети за обредно миење, според еврејскиот обичај. Секој од нив собираше од 80до 120литри.
7„Наполнете ги садовите со вода!“ - им рече Исус. Тие ги наполнија до врвот.
8Потоа им рече: „Нацрпете сега и однесете му на шефот на послугата!“ Тие му однесоа.
9Кога тој ја проба водата, што сега се беше претворила во вино, не знаејќи од каде е (само слугите кои нацрпија од водата знаеја), го повика младоженецот,
10па му рече: „Секој човек го служи прво најдоброто вино, а кога ќе се заситат гостите, го служи полошото. Ти, пак, си го чувал најдоброто вино се до сега!“
11Исус го направи ова во галилејското место Кана и тоа беше Неговото прво чудо, со кое Исус ја покажа Својата слава и Неговите ученици поверуваа во Него.
(Јован 2)


Седи кец. Налето на повторување.
Беше незамисливо во Израел човек да не е оженет, момчињата некаде на свои 16-17 години, девојките на 13-15, Исус не би можел да се нарекува “учител“ ни да подучува по синагогите како неоженет, Всушност скандалозно би било да бидиш неоженет на 30 годишна возраст.
за свадбата, на слугите може да му заповеда само нивниот господар, во овој случај, мајката на Исус им заповеда на слугите да прават се што ќе им каже Исус, и тие го слушаат Исус како свој господар,и од како пратил вино на пехарникот, тој (пехарникот) му се обраќа на младоженецот дека убаво вино извадил а крајот. Исус и младоженец се иста личност, (башка и на други места низ писмото се гледа дека исус е оженет.
 
:vozbud:
МПЦ: Стандардот на граѓаните е пораснат, затоа ги зголемивме цените


105120.jpg
Логично било да се зголемат цените на услугите на црквата во време кога расте стандардот на граѓаните, изјави за 24 Вести, владиката Тимотеј, по реакциите за новиот тарифник на Македонската православна црква - Орхидска архиепископија.

Овие скроз одлепија.
 
Па кумот МОРА да е крстен.
Е сега, по црковните правила, дали може на збор да му се верува или доказ треба да донесе, не знам.
Јас лично тоа би го направил да биде на чесен збор. Доколку на тие што се венчаваат не им е битен ритуалот, не би се венчавале и би склучиле само граѓански брак. Доколку им е битно венчавањето, ваљда ќе си земат и кум за кој се уверени дека е крстен. Инаку ритуалот нема да биде тоа што они мислат дека е.
Така да, ако некој сака да се венча ваљда го разбира значењето на тој ритуал и сите негови компоненти кои го издигнуваат над граѓанскиот брак. Најверојатно, таквата личност сама би се трудела да биде ритуалот валиден. Без кум не е валиден. Кум не може да биде некрстен човек. Тоа што првиот сведок, кај нас сите го викаат кум, е сосема друга работа, која има врска со дигитрон, каладонт и сл.

Резиме - попот не би требало да бара крштеница од кумот, туку само потврда од тие што се венчаваат (како и самиот кум) дека сите тројца се крстени.

Постои пишан документ дека некој е крстен?
 
Постои пишан документ дека некој е крстен?
Крштеница.

:vozbud:
МПЦ: Стандардот на граѓаните е пораснат, затоа ги зголемивме цените


105120.jpg
Логично било да се зголемат цените на услугите на црквата во време кога расте стандардот на граѓаните, изјави за 24 Вести, владиката Тимотеј, по реакциите за новиот тарифник на Македонската православна црква - Орхидска архиепископија.
Ова е непримерно од друг аспект. Имено, недолично е црковниот врв да биде дел од политичката пропаганда, која промовира вакви невистини заради зголемување на рејтинг.
 
Последно уредено:
Да не ме сфати и мене некој некој дека се бунам, јас сочуствувам давам поддршка. Од една страна лековерното „шубе“ од друга страна попои со аудија ве заебаваат дека стандардот рипнал :pos:
Цепки.
Јас сум за уште поскапувања и во најблиска иднина \m/
 
За сите да важи без исклучок :муслимани , јудисти, будисти, јеховини , атеисти... сите се исти пред Бога чедо Божјо.
Незнам за тебе, ама мене сигурно не ми се даваат пари за некој да си го прчи.
Да ги разберам, слаби, трезни и малку парталави, да речеш навистина се божји луѓе, ама они се се освен божји луѓе, поради би дал пари на Иван Исцелителот отколку на Поп, барем знам дека типот се заебава
Луѓето ни умираат по никаквите болници, а се градат цркви демек тоа ќе не спасело ?
Да те видам да имаш, срцев удар или рак на нешто дали ќе те спаси палењето свеќа/попска песна или добар и квалитетен лекарски кадар што работи во болници подобро средени од тоа што го имаш дома.[DOUBLEPOST=1425579736][/DOUBLEPOST]
Тоа што го викаш шубе, е суеверен, примитивен страв. И токму тоа е она што овие арамиите го користат.

Мене така ми дојде еднаш поп на врата, и го поканив да влезе. За воља на вистината, не беше ненајавен, претходниот ден помина еден човек и ми кажа дека ќе помине попот. Не се сеќавам за кој празник беше.

Го оставив да си ги направи сите магии и кога дојде време за пари, му ја дадов Бибилјата и му реков дека ќе му дадам 100 евра за услугите, ако може да ми најде каде во Библијата има напишано дека се свештениците треба да земаат пари. Направи незаборавна фаца, прајслес. Си замина, и никогаш повеќе не стапна кај мене дома. Ниту тој, ниту било кој друг. Веројатно сум им ставен на некоја црна листа на неплаќачи. :kluc:
Не сум ја читал цела библијата, но има референци ни интернет што кажуваат дека Исус бил против лихварите и против парите, дека се дело на лукавиот итн.
Добар трик у секој случај, треба доста често да се применува
 
Миленко има неодлежана затворска казна, за измама при посредување на визи ако добро се сеќавам. Затоа моментално служи како букаке материјал на власта. Ако се смени оваа власт, ќе си легне Идризово. Затоа колне, потикнува насилство, се поти како последна свиња.[DOUBLEPOST=1425494301][/DOUBLEPOST]

Дали ти мислиш дека е во ред свињата дебела Стефан да се вози во Мерцедес и да има 5000 евра месени приходи?

Јасно и гласно, да или не?
Миленко одлежа дел од казната и беше амнестиран, исто како и стотици други, а меѓу нив и постариот син на Верушевски, па и Заев ( за кој председателот Бранко спречи не само лежење, туку и истрага и правна разврска) ...
а Ревизија е друго, ама и за нејзе има рокови и процедури... ако би можело за се да се врши ревизија крај нема, особено има многу случки од времето на сдсм...
.. за МПЦ реакциите се стихијни и противречни... уште во 90-тите МПЦ на непознат начин си го присвои хотел Изгрев кој го изградија македонски фирми,но никој не оспори. Патем, лани кога МПЦ градеше на диво во св.Наум опозицискиот печат ја нападна локалната инспекција дека го рекетира МПЦ поради проектот Љубаниште... сега кога МПЦ гради наводно на диво во Заум, се крена опозицијата зошто инспекцијата не руши...

Дали некој имал искуство свое или на познајници да побара парична помош од цркавата и да му искочиле во пресрет? Дали некој памети да на сите овие хуманитарни акции што секојдневно се организираат МПЦ да учествувале со донации. Дали според правилата на нашата религија тоа им е обврска? Не тролам, вистински прашувам. Затоа што јас имам впечаток дека само земаат пари а не даваат онаму кај што се потребни. Ако грешам, молам некој да ме поправи.
знам Јеховини сведоци им помогнаа на едни деца (школување им платија) на кој им починаа родителите; дури на крај кога умре болниот татко го платија целиот погреб и нашиот поп ( а попот за срамота , таму на погребот паламудеше против нив)
 
Последно уредено:
Има Библија се вика една книга,па таму пишува многу добро што и како.Од таму знам дека нема изговори и дека не проаѓа ниту еден а не некои.А затоа кој и дали верува,остави,има Суд за тоа.Оној на другиот свет.
Не,јас се сложив со мислењето на еден член на првата страна мислам дека му е мислењето,не е крива МПЦ,крив е народот зошто е глуп.Исто така како што не е ни владата(без разлика кој е на власт) крива затоа што ние сме гола вода и сиромаштија.И МПЦ и владата постојат од нас и за нас.Ако ние им удриме на маса,МПЦ може ценовникот и да го избрише,океј,може не целосно,ама цените да ги намали драстично.
Вака во нашава држава,се ни смета а никој за ништо не се буни.Епа тоа е,ние самите БИРАМЕ да сме офци.Тоа избор разбираш ?
Не е народот крив што е глуп, крив е што е неедуциран.
Многу од работите што луѓето го селата ги носеле со векови, денес ги гледаме во градовите поради насилната миграција после 2 светска војна. Така и религиозните обреди се пренесуваат од колено на колено и голем број на луѓе ги сваќаат здраво за готово, како и ти твоето читање на библијата.
Многу луѓе не знаат дека старите народи со робовладетелски систем, имале мала класа на луѓе на кои му бил среден животот (исхрана и енергија) и го посветувале на наука, литература итн. Е тие луѓе ги пишувале овие религиозни книги и ги измислувале митовите и бајките за да може да уживаат во тој среден живот.
Ова како е поврзано со христијанството ? Баш тие митови и бајки се основа на христијанството прикажани со друг јазик.
Или со други зборови фразата "Интелектуалец е човек што ќе те отера у три лепе, а ти кога ќе го слушнеш ќе сакаш да одиш таму" ако ја користиш во религиозен контекст ти е како начелно слово според кои се пишувани сите религиозни книги.
Сите религиозни книги содржат стилски фигури како алегории, компарации до тој степен што скоро секој може различно да ги толкува и применува.
Затоа ти викам, луѓето не се глупи, не се едуцирани.
 
Незнам за тебе, ама мене сигурно не ми се даваат пари за некој да си го прчи.
Да ги разберам, слаби, трезни и малку парталави, да речеш навистина се божји луѓе, ама они се се освен божји луѓе, поради би дал пари на Иван Исцелителот отколку на Поп, барем знам дека типот се заебава
Луѓето ни умираат по никаквите болници, а се градат цркви демек тоа ќе не спасело ?
Да те видам да имаш, срцев удар или рак на нешто дали ќе те спаси палењето свеќа/попска песна или добар и квалитетен лекарски кадар што работи во болници подобро средени од тоа што го имаш дома
Све е ова супер,ама каква врска имаат болниците со ова поскапување.Демек да не беа црквите власта у болници ќе инвестираше и непартиски кадри?
Ја овде не глеам верници да се бунат, глеам атеисти како се бунат друг кај ги дава парите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom