До кога МПЦ планира да го дере народот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување Време на започнување
Што не рече тогаш Зошто ДА ВЕ СТРИЖАТ место Зошто ДА НЕ СТРИЖАТ ? со ова второв и ти самиот се стави во нашата групација,не те ставив јас,сам се изрази така а дробиш овде.. :facepalm::facepalm:
Абре како може се наопаку да разберете....таленти сте!
Тоа "НЕ" не се однесува на мене или на нас, туку во смисла - "што да не" кога би пишувал српски или - "why not" кога би пишувал на англиски, во случајов, на македонски е "Зошто да не".
 
Абре како може се наопаку да разберете....таленти сте!
Тоа "НЕ" не се однесува на мене, туку во смисла - "што да не" кога би пишувал српски или - "why not" кога би пишувал на англиски.
Аха,на тоа се однесувало.Јас па случајно помислив дека и тебе те стриже МПЦ.Јас ти поставив уште на тоа прашање контра-прашање која е позадината на ова Зошто да не стрижат кога има офци.Ти се најде загрижен душебрижник за нас стрижаните или пак не те разбрав ?
 
Апсолутно коректно објаснето.
Сумата која што ако има да ја даде на свештеникот е занемарливо мала во споредба со трошоците за свадба. Една свадба чини најмалку 3000 евра но тоа не е проблем нели еднаш се први свадба, а проблемот се 3000 денари(незадолжителни) за црквата/свештеникот. Да лицемерие големо.
Шо сте се фатиле кој колку троши на свадба бе? као ако си голем верник треба поголем процент од планираните пари за веселба да ги фрлиш по попови за да си купат џипови?
ајде ако влечеш таква паралела повлечи пак
Ако не дај Боже татко ми почине утре, според тебе колку пари треба да потрошам, колку треба на попови да им припадне и кој ќе испадне на крај лицемер?

Светото спојување на мажот и жената пред Бога е свечен чин во кој се заветуваат на верност, помош во добро и зло и меѓусебна поддршка. Свечен чин во кој се заветуваат дека ќе ја продолжат лозата на ширење на Христијанството и дека ќе направат потомци воспитани по Словото Господово и по Неговите Закони. Ние денес треба на младите ова да им го објасниме и да ги наговараме да го прават тоа, затоа што е правилно и свето. НО место тоа се е удрено на тарифирање и паричиња
Како се осмелуваш да кажеш „Една свадба чини најмалку 3000 евра но тоа не е проблем нели еднаш се први свадба, а проблемот се 3000 денари(незадолжителни) за црквата/свештеникот.“??!!
значи Христијански е да кажеш: „Абе ајде на толку пари фрлени на она што го сакаш фрли нешто повише за џипче да си купиме“
 
Почекајте уште една генерација и таа после неа да поминат. После ќе видиме дали воопшто ќе има црква ;) Не можеш старците по селата, а и оние по градовите да ги одвикнеш од "верата" што ја имале од нивните баби, дедовци. И 10 000 да е, ќе дадат. Само што ТИЕ ќе дадат, а некој "нафатиран" нема шанса. Не дека не верува или има некаков став по тоа прашање, туку затоа што мисли дека е мангуп. Фор д рекорд ПРОТИВ сум за ценовници, ЗА за тоа кој колку има и милува да даде.
 
Луѓето се бунат за парите во црква кој ги оставаш со своја одлука,повеќе него кога државата ти ги краде твоите пари.
Едини што се расфрлаат со пари се владиците, ама нивната функција е далеку од пеење на венчавки и погреби. Тоа се политички функции и сигурно вршат поголема работа него прецедателот Иванов,па еве нека израчуна некој колку не кошта сите нас и тоа без доброволно да му ги дадеме парите.
Ако си сиромашен и стварно немаш да платиш верувам дека повеќето попови нема да те бркаат како лихвари,али има секакви луѓе во секоја професија.Проблемов е што најгласни на темава се атеисти кој ова во никој случај не ги фаќа, а надвор најгласни се демек верници кој трошат по неколку иљади евра на свадба (за да најадеш 100 луѓе што ќе ги видиш за 10 години) а ќе пцујат по црквата ради 3000 денари колку да се најдат у муабет.
1По три дена мајка Му на Исус беше на една свадба во градот Кана, во покраината Галилеја.
2На свадбата беа поканети и Исус со Неговите ученици.
3Кога виното се потроши, мајка Му на Исус Му рече: „Им снема вино!“
4„Зошто ме вовлекуваш во ова, жено?“ - и одговори Исус. „Моето време се уште не е дојдено!“
5Тогаш мајка Му им рече на слугите: „Направете се што ќе ви каже!“
6Таму имаше шест камени садови за вода, кои беа наменети за обредно миење, според еврејскиот обичај. Секој од нив собираше од 80до 120литри.
7„Наполнете ги садовите со вода!“ - им рече Исус. Тие ги наполнија до врвот.
8Потоа им рече: „Нацрпете сега и однесете му на шефот на послугата!“ Тие му однесоа.
9Кога тој ја проба водата, што сега се беше претворила во вино, не знаејќи од каде е (само слугите кои нацрпија од водата знаеја), го повика младоженецот,
10па му рече: „Секој човек го служи прво најдоброто вино, а кога ќе се заситат гостите, го служи полошото. Ти, пак, си го чувал најдоброто вино се до сега!“
11Исус го направи ова во галилејското место Кана и тоа беше Неговото прво чудо, со кое Исус ја покажа Својата слава и Неговите ученици поверуваа во Него.
(Јован 2)


Седи кец. Налето на повторување.
болтот од горниот цитат изгледа алудира на црвените букви од долниот
деќки поконтрадикторни не можете да бидете
а башка и секој што ги брани МПЦ не е дека од љубов према пари џиткање ги брани, дел е од нив затоа го болат вистинитите зборови
 
Проблемов е што најгласни на темава се атеисти кој ова во никој случај не ги фаќа, а надвор најгласни се демек верници кој трошат по неколку иљади евра на свадба (за да најадеш 100 луѓе што ќе ги видиш за 10 години) а ќе пцујат по црквата ради 3000 денари колку да се најдат у муабет.

Точно така. И мене ме нервираат идиоти по автобуси со скинати патики, ама во џеб имаат тел од 400е нагоре. И сега што правиме? Што го боли попот колку пари ќе даде некој за свадба? Или ќе одиме по математика: колку чини свадбата, процент од тоа за црквата. Мајката, така ги учеа? Плус, кога некој од МПЦ (исклучоци не броиме) помогнал некаде? Никогаш. За сликање се први со оние од Влада, Собрание, а за помош последни! Знаеш семејства на кои им била пружена помош? Не знам ни јас, можеби се за на две раце. Имав другар во средно, татко му беше поп. Човекот од старт знаеше дека јас не сум верник, а посебно не верувам во разумноста и потребата од постоење црква или нешто слично. Тој секогаш зборуваше: кој колку МИЛУВА, толку ќе даде. А не, еве ти ценовник, па ти сликај се, ако немаш да платиш. Фискална кога ќе даваат? Сакаат плата, па не сакаат. Па сакаат пензија, ама да не платат придонеси. Ем работа на црно, ем пензија. Е, нема да може. Што се другите што редовно плаќаат придонеси, глупаци? За околу 30 години пиши пропало ќе биде за црквата. Се опаметија денешниве деца. Нема веќе молитви, знаат дека не важи тоа. Ниту пак важело некогаш.[DOUBLEPOST=1425602523][/DOUBLEPOST]Capture.JPG

Утре пак да ги браните :mad:
 
Последно уредено од модератор:
Како синкир досега да немале па за греота биле,па ајде сега ќе ги зголемваме цените..како не му е срам на Тимотеј да се резили онака по телевизии..чоекот излегва на интервју со Ајфон 6-ка и зад него Мерцедесот,а дава изјава "ами и ние нешто да имаме" ..ѓубриња смрдени само за пари се зркнати..и онај Петар Владиката поголем арамија нема од него,чоекот милионер стана и сега тука ашици ни продаваат..стандардот бил зголемен:tapp:..
 
Аха,на тоа се однесувало.Јас па случајно помислив дека и тебе те стриже МПЦ.Јас ти поставив уште на тоа прашање контра-прашање која е позадината на ова Зошто да не стрижат кога има офци.Ти се најде загрижен душебрижник за нас стрижаните или пак не те разбрав ?
Не пишувам кинески, македонски пишувам.... Кај виде загриженост од моја страна за тоа дали некој вас ве стрижел, бричел или депилирал, жити брадата стефанова?! Еве што напишав во врска со мене:
Тоа што мене ме тангира кога се во прашање поповите и црквата веќе го посочив, за да опстојат, потребно им е нешто со кое константно ќе го заплашуваат "стадото", па за таа цел бесрамно шират параноја кај суеверниот и лекоумен народ за најразлични "закани", непријатели, завери, антихристи. Поради ова, илјадници деца годишно не се вакцинираат, се негира науката, се врши атак на угледот и честа на нас што сме членови во окултни организации, се шират лаги и клевети и се прави обид да бидеме претставени како дежурни виновници за сето зло во светот. Дури и поплавите лани беа припишани како дел од планот на окултните редови.
 
Toчно. Во право си за тоа дека ти и само ти одлучуваш каде ќе ги трошиш сопствените пари. Само не ми е јасно зашто луѓето во Македонија се бунат зошто се кренале цените на црковните обреди кога овде им е оставена можност и да не платат, и да не се крштеваат во црква и да не се венчаваат во црква.

Ти живееш во Германија, така? Дали Германецот исто како и Македонецот треба да има можност да одлучи каде ќе ги троши своите пари или не? Или граѓаните на државите каде што Црквата се финансира од државата може да бираат дали дел од својот данок ќе дадат на Црквата или не?

Дали е вистина дека секој Германец кој званично е регистриран како католик, протестант или Евреин плаќа верска такса од 8 до 9 % на данок на добивка?

http://www.kamatica.com/novcanik/nemacka-ko-ne-placa-crkvi-nema-prava-na-sahranu/3413

Или во Австрија, кадешто од секој деклариран верник се одзема процент од неговата месечна заработка како црковен придонес. На католиците им се одзема 1.1%, со годишен минимум кој не може да биде понизок од 47 евра, а на евангелистите им одземаат 1.5%, со годишен минимум кој не може да биде понизок од 44 евра.

Во Грција, Православната црква е финансирана од државата.

Во Англија, Англиканската црква е финансирана од Парламентот.

Во Данска, Шведска и Норвешка, Лутеранската црква е финансирана од државата.

Во Холандија, и католиците и протестантите плаќаат надокнада во износ 1-3% проценти од својата заработка врз основа на уговор склучен помеѓу општината и црквата.

Во Италија, не само католиците, туку и останатите конфесии кои склучиле договор со државата, добиваат од истата 0.8% од данокот на добивка.

Во Белгија и Португалија, црквата е финансирана од државата.

Можеби најдобар пример за да се угледаме е Франција кадешто Католичката црква сама го обезбедува своето финансирање. Околу 3/4 заработува од прилози и подароци, а околу 1/4 од прилози за време на богослужбата. Бидејќи овие извори не се поуздани, многу свештеници паралелно се занимаваат со уште некој занает.

Но ние го следиме примерот на Шпанија (дали поради јужњачкиот темперамент), кадешто иако финансирањето на Католичката црква е со доброволни прилози, 2/3 третини од граѓаните одбиваат тоа да го извршат. На богослужбите доаѓаат несфатливо мал број на верници, а стотици илјади Шпанци повеќе не се венчаваат пред олтар.

http://www.danas.rs/dodaci/nedelja/gradjani_nerado_placaju_crkvenu_taksu.26.html?news_id=152788

Што е проблемот кај нас, знаеш ли? Погледни ги двата црвени болда. Не можеме ние како верници да се угледуваме на Шпанците, а од свештенството да очекуваме да се однесуваат како Французи.


Јас и погоре споменав за сите религии, но се осврнав конкретно на нашата Црква. Кажав и погоре дека католиците плаќаат данок за црква месечно пари со кои црковните обреди како венчавка и погреб им се бесплатни потоа. Нивен проблем.

Благодарение на овој начин на пласирање на религија бројот на атеисти од година на година во сите религии рапидно расте. Се прашувам кого понатаму ќе венчаваат. Тргнувајќи од мене јас од пред неколку години во црква не оставам ни денар. Ниту свеќи не купувам од кај нив. Пари не планирам да им давам ни во иднина. Од една страна бараат пари, од друга страна владиката Петар не плука како род. А замисли од мои и од мојот род пари јаде леб. Несфатливо што се не си дозволува да коментира. А позади него алкохол на маса во вредност поголема од една плата.

Ја испоганија сликата за Црквата. Се тепаат во Австралија како ненормални за пари кој да биде владика. Оваа гарнитура на лопови кои се кај нас се се освен попови и божји луѓе. Па од кафана неможеш да ги извадиш. Попот во Велес има џип во вредност од 50 000 евра. Чекајте бе малку другари ИСАФ. Овој збор во литургија треба да го воведат. Потоа ѕвонат по телефони да платиме донации за црква на плоштад во Скопје, писма ти праќаат буквално те тероризираат. Платете си ја сами бе? Ем пари во црква, ем црква да им изградиш. За имотон во Струга тешки криминалии испаднаа на виделина со црковен имот.

Мислам дека се дувло на лопови најсикрено.
 
https://www.youtube.com/results?search_query=jonce++hristovski+ako+umram+il+zaginam[DOUBLEPOST=1425632497][/DOUBLEPOST]
mqdefault.jpg
 
Јас и погоре споменав за сите религии, но се осврнав конкретно на нашата Црква. Кажав и погоре дека католиците плаќаат данок за црква месечно пари со кои црковните обреди како венчавка и погреб им се бесплатни потоа. Нивен проблем.

Благодарение на овој начин на пласирање на религија бројот на атеисти од година на година во сите религии рапидно расте. Се прашувам кого понатаму ќе венчаваат. Тргнувајќи од мене јас од пред неколку години во црква не оставам ни денар. Ниту свеќи не купувам од кај нив. Пари не планирам да им давам ни во иднина. Од една страна бараат пари, од друга страна владиката Петар не плука како род. А замисли од мои и од мојот род пари јаде леб. Несфатливо што се не си дозволува да коментира. А позади него алкохол на маса во вредност поголема од една плата.

Ја испоганија сликата за Црквата. Се тепаат во Австралија како ненормални за пари кој да биде владика. Оваа гарнитура на лопови кои се кај нас се се освен попови и божји луѓе. Па од кафана неможеш да ги извадиш. Попот во Велес има џип во вредност од 50 000 евра. Чекајте бе малку другари ИСАФ. Овој збор во литургија треба да го воведат. Потоа ѕвонат по телефони да платиме донации за црква на плоштад во Скопје, писма ти праќаат буквално те тероризираат. Платете си ја сами бе? Ем пари во црква, ем црква да им изградиш. За имотон во Струга тешки криминалии испаднаа на виделина со црковен имот.

Мислам дека се дувло на лопови најсикрено.

Што предлагаш? Бојкотот не е решение. Барем не кај нас. Знаеш и самата дека овде државните функционери и највискоите црковни старешини се во нераздвојна спрега. Ако ги бојкотираме, за нив нема да биде никаков проблем да издејствуваат верските заедници да бидат финансирани од државниот буџет. Тогаш и од данокот на атеистите ќе се одвојуваат пари за религискиве организации.
А најголем проблем ќе биде што овие забеганиве што се на власт ќе почнат да фрлаат милиони и милиони евра за изградба на нови барокни цркви и за преуредување на постоечките цркви во барокни и никој нема да може да им застане на патот, ниту да им нагази на опашката ѓаволска.

Што мислиш, колку чини вантрешното уредување на овие цркви?

zwiefalten0284.jpg

wieskirche.jpg

2048.jpg
 
Абе веза немате вие. Вие мислите поповите сакаат џипови да возат, нејќат бе ама мораат. Ај да ве видам вие стајте 250кг поп во тико. Не бивааа
По новите канони поради зголемување на стандардот за попови од 250 на 350 кила секој поп задолжително ќе мора да вози сканија
 
болтот од горниот цитат изгледа алудира на црвените букви од долниот
деќки поконтрадикторни не можете да бидете
а башка и секој што ги брани МПЦ не е дека од љубов према пари џиткање ги брани, дел е од нив затоа го болат вистинитите зборови
Тоа е мое мислење, не ми го поврзувај со кој било член а уште помалце со МПЦ. Ме нервира што се замарате вие како атеисти,подосадни од вегетеријанци сте.
Точно така. И мене ме нервираат идиоти по автобуси со скинати патики, ама во џеб имаат тел од 400е нагоре. И сега што правиме? Што го боли попот колку пари ќе даде некој за свадба? Или ќе одиме по математика: колку чини свадбата, процент од тоа за црквата. Мајката, така ги учеа? Плус, кога некој од МПЦ (исклучоци не броиме) помогнал некаде? Никогаш. За сликање се први со оние од Влада, Собрание, а за помош последни! Знаеш семејства на кои им била пружена помош? Не знам ни јас, можеби се за на две раце. Имав другар во средно, татко му беше поп. Човекот од старт знаеше дека јас не сум верник, а посебно не верувам во разумноста и потребата од постоење црква или нешто слично. Тој секогаш зборуваше: кој колку МИЛУВА, толку ќе даде. А не, еве ти ценовник, па ти сликај се, ако немаш да платиш. Фискална кога ќе даваат? Сакаат плата, па не сакаат. Па сакаат пензија, ама да не платат придонеси. Ем работа на црно, ем пензија. Е, нема да може. Што се другите што редовно плаќаат придонеси, глупаци? За околу 30 години пиши пропало ќе биде за црквата. Се опаметија денешниве деца. Нема веќе молитви, знаат дека не важи тоа. Ниту пак важело некогаш.[DOUBLEPOST=1425602523][/DOUBLEPOST]Прегледај го приврзокот 115767

Утре пак да ги браните :mad:
Што ве боли вас колку ќе му даде некој на попот за свадба?:icon_lol: Види и ја имам пријател поп,не живее баш луксузно ко што си ги замислувате.Повеќето го гледаат Стефан и мислат дека сите попови имаат кола ко неговата. Парите идат нагоре хиреархиски,ама ако нема Мпц буџет поповите најдоле во хиреархијата нема да земаат пари.
За данок и тн, како за сите така и за нив нормално.Ама црквата си има трошоци,има безброј цркви кој треба да се одржуваат и дел се културно наследство на народот,парите што ги даваат верниците не идат во Белизе туку овде. Кој верува и има пари не глеам зашто би се бунел за ова, тие што немаат сигурен сум дека ќе се направи исклучок. А за пиши пропало чим во комунизмот не биднало сеа па ич,традиција си е традиција еве ја сум млад и ќе ти кажам дека како што растам се повеќе се почитува верата меѓу луѓе на мое годиште(тие што не се декларираат ко атеисти нормално).
 
@Ipsissimus и @GhostLeader олабавете малку, помалку ад хоминеми, повеќе сосредоточете се на темата.
Ако пишете „Ова што го кажуваш е ретардирано и само глуп човек може да верува во вакви ментално хендикепирани работи“, не го избегнувате дискретно правилото за навредување, ако тоа ви била намерата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom