Ete zoshto, celosna izolacija od nadvor ne e mozna t.e. ne e preporacliva.
Целосната изолација од надвор е можна и се препорачува. Нормално, доколку е исправно сработена, што е проблематично, бидејќи најчесто кошта а и кај нас фушерајот е стандард.
Ete zoshto kombinacija od PVC dograma i plasticni boi po doma, a ne var. pravat prostorijata da ne dishe.
ПВЦ прозорите е една од ретките ставки каде може да се заштеди без да има негативни ефекти. Зарем некој стварно верува дека дрвен прозор кој е потопен во хемикалии, сушен до некоја вредност на влага во дрвото и лакиран прави просторијата да дише? Па, само од лакот дрвото не може да прима и испушта влага, што пак и оневозможува да се криви, па дихтува добро долго време.
Еве ти страна да видиш отприлика како одат цените на релативно квалитетни дрвени прозор.
http://www.jelovica-okna.si/si/okna-cenik/
Рачунај дека на овие цени треба да очекуваш и транспортни трошоци и царина за кај нас. Цените на Marles биле +10 до 20%. Во Македонија колку што сум запознат нема фабрика за производство на дрвени прозори и тука не ги сметам занаетчиските работилници.
Мислам дека предходно ме праша за квалитетни произори. Мој избор во случајот би биле сите производители кои имаат стаклопакет од Guardian заради пластичниот дистанционер. Колку што знам кај нас со Guardian работат Проспера и РолПласт.
А еве и колку кошта компресираната трака за RAL монтажа. 6,5-7 евра за 1м, со ширина од 74мм за 76мм профили и заптивност од 5-30мм. Инаку за замена на стари прозори мислам дека компресираната трака е подобра варијанта од лентите, бидеќи за нив отворот мора да се совршено обработен.
http://www.ebay.de/itm/ISO-Bloco-ONE-Multifunktionsband-RAL-Fenster-Montage-Dichtband-Fensterband-/371027694014?pt=LH_DefaultDomain_77&var=&hash=item5662f951be
Plus na ova, denes bev kaj renomiran mestac na dograma koj raboti so pokvaliteten profil. Koga go prasav za problemot so vlagata, znaete so mi rece? Veli: " Abeeee vidiiiii, PVC dogramata bara mnogu luftiranje....
Epa ako bara mnogu luftiranje, togash zoshto da davame 1000 2 000 evra i da so zakacime trn vo noga?
А заради тоа јас се чудев зошто во Германија сите ги отвараат прозорите секој час по 5 минути.
ПВЦ дограмата не бара многу проветрување. Проблемот кај нас е бидејќи решаваме еден проблем а отвараме друг, односно не се гледа објектот како единствен систем. Со менувањето на прозорите слаба страна стануваат неизолираните или недоволно изолираните површини, па повторно треба да се проветрува. Но и за тоа има решение без да се отвараат прозорите. Еве неколку системи за пасивна вентилација. Цените се движат од 15-20 евра за еден прозор па нагоре и мора да се носат на своја рака. Мислам дека и да сакаш нема од каде да ги купиш кај нас.
http://www.aluplast.net/eng-int/produkte/lueftungssysteme/regel-air.php
http://www.sip-windows.com/en/main/Customers/BUILDERS--REFURBISHERS/Ventilation/Ventilation
http://www.trocal-profile.com/ecomaXL/index.php?site=TRO_EN_AirTronic
http://www.trocal-profile.com/ecomaXL/index.php?site=TRO_EN_AirMatic
Има и варијанта на рекуператор кој се монтира најчесто под прозорот, без при тоа да треба да се развлекуваат канали на таванот.
http://www.trocal-profile.com/ecomaXL/index.php?site=TRO_EN_PremiVent
Е сега колку кошта ова не знам.
За пластичните бои апсолутно се сложувам.
Во внатрешноста на куќата пожелно е сите површини да бидат минерални, за да можат и да дишат. За надворешната изолација најдобра е ламинирана камена волна, а над неа силикатен малтер, кој е парапропусен а водонепропусен. Но повторно има проблем а тоа е цената и потребата од квалитет. Камената волна мора да остане комплетно сува. Доколку и малку се навлажни станува одличен топлотен проводник. Плус на сетоа тоа силикатниот малтер е најскап.
Графитниот стиропор е следен заради зголемената паропропусност, а најлош е обичниот стиропор и стиродур.
Во твојот случај мислам дека работа ти е половично решена. Добро е што имаш поставено најлон под камената волна. Наредно би можел да поставиш паропропусна фолија над камената волна која е кошта многу. Од 40-70 ден е од метар квадратен.