Криминалниот фонд за здравство не одобрува пари за малата Тамара!

Статус
Затворена за нови мислења.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.067
Поени од реакции
80.968
Абре говедоно не даваше да се испрати девојчето у Турска, затоа што процениле дека може да издржи до отварањето на новиот спинален центар. Тоа е целата вистина, а на гомноно кое му бара алиби, на говедоно министерско, неќу да сум му у кожа.
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Проблемите се во целиот систем. Ништо не функционира во државава, освен ујп и извршителите.

СИРОМАШТИЈАТА ЌЕ И ГО ИЗЕДЕ ДОНИРАНИОТ БУБРЕГ

На 17 годишното девојче Дукадинка Рајчиноска од струшкото село Мислешево, првото дете на кое пред три години му е извршена успешна трансплатација на бубрег во Македонија, сега сиромаштијата и` се заканува повторно да и` го одземе донираниот бубрег.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
Сирота Тамара. Мора многу да ја болело штом сè уште ги бранува духовите на цела држава. Шокот од нејзината смрт е толку голем што сè уште татни, дури и посилно од бомбата на Заев за прислушувањето.
И добро е што она неформално здружение на граѓани своите трибини за одбрана на Македонија ги почна од Велес, родниот град на деветгодишното девојче. Добро е што загрижените патриоти рекоа дека ќе ја бранат Македонија преку институциите на државата. Истите институции кои ја испратија малечката сограѓанка Тамара Димовска на лекување во странство, само два дена по нејзината смрт.
Министерот за здравство Никола Тодоров рече дека не чувствува одговорност за смртта на девојчето, но многу жали. Директорката на Фондот за здравство Маја Парнарџиева - Змејковска се правдаше дека "Фондот сторил сè што е во законска можност". И на крајот, заменичката на лекарската комисија која одлучувала дали Тамара треба да се оперира во странство д-р Аспазија Софијанова рече дека таа ја потпишала, иако не се согласувала со одлуката. Оти одлуката каде ќе се лекува Тамара стигнала од повисоко ниво. Зошто? Затоа што чекале да се отвори новиот државен центар за сколиози. Така значи. Девојчето им требало за реклама. За пропаганда умре Тамара. За да се сликаат.
Така е тоа во нашиот систем на институции кои функционираат само во рекламите. Некој од горе кажува сè. А не верувам дека Господ и` се јавил на Комисијата.
Ова е најтежок доказ за бруталната неморалност на системот, во кој законот важи само за обичниот непривилегиран човек. Дали законот ќе важеше ако беше нивно дете во прашање? Дали нивните деца би ги чувале за промоција на уште еден успех и реформа во здравството?
http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=17990263298B7B49AF58C0148A5FED8E
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Проблемите се во целиот систем. Ништо не функционира во државава, освен ујп и извршителите.

СИРОМАШТИЈАТА ЌЕ И ГО ИЗЕДЕ ДОНИРАНИОТ БУБРЕГ

На 17 годишното девојче Дукадинка Рајчиноска од струшкото село Мислешево, првото дете на кое пред три години му е извршена успешна трансплатација на бубрег во Македонија, сега сиромаштијата и` се заканува повторно да и` го одземе донираниот бубрег.

Говна кропијски ....солзи ми надојдоа :/
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.146
Поени од реакции
21.786
Очигледно не читаш детално или не сакаш да читаш детално кога ти реплицираат, бидејќи јас убаво потенцирав дека сите лекари кои го прегледале девојчето - односно кои лично биле запознаени со нејзината здравствена состојба - дале препорака за нејзино итно лекување во странство поради брзиот напредок на нејзината болест.

А тоа што одлучиле комисиите, во кои сигурно не членувале истите тие лекари кои го прегледале девојчето, е веќе друга приказна.

Кога сме кај претседателот на државата, спомнав дека граѓаните го бираат на непосредни избори за да потенцирам дека неговиот избор не зависи од парламентот како што е во случајот со министрите во владата, туку зависи од изборот на граѓаните кои знаат за кого гласаат, односно за кого не гласаат.

И без разлика што е претседателот на државата по професија, во случај на вонредна состојба, тој е обврзан ако не да ги прифати, тогаш во најмала рака е обврзан да ги ислуша аргументите, забелешките, препораките и советите од советот за безбедност и од кризните штабови, за да не каже после дека не знаел каква е ситуацијата на теренот за која тој донесувал одлуки.

Но за разлика од претседателот на државата, кој е избран на непосредни избори, министрите во владата се избрани од страна на пратениците во парламентот - кои да, избрани се од страна на граѓаните на непосредни избори, и како такви, се обврзани да вршат контрола врз владата, вклучувајќи го и министерот за здравство. Во најлош случај, пратениците во парламентот доколку дојдат до заклучок дека некој министер не си ја врши својата работа како што треба, можат да му изгласаат недоверба и да го отповикаат од службената функција која ја извршува.

Во случајот со сега веќе покојната Тамара Димовска, Бог да ја прости, министерот за здравство Никола Тодоров, отворено и јавно изјави дека е запознаен со случајот и дека девојчето ќе се лекува во странство на сметка на државата. Зачудувачки е тоа што, во најмала рака, кога Тодоров ја даде ваквата изјава во ноември 2014, сепак не најави истрага како и зошто дури 2 комисии одбиле да одобрат лекување на девојчето во странство на сметка на државата кога болеста толку напреднала, а не даде таква изјава ниту за 3-та комисија која исто така одбила да одобри лекување на девојчето во странство на сметка на државата, туку му текна таква изјава да даде дури откако девојчето почина.

Можеш колку сакаш да кажуваш дека министерството и фондот за здравство до бескрај ќе си ја префрлуваат вината едни на други, но тоа не ги амнестира ниту едните ниту другите бидејќи дозволија ваква трагедија да се случи.

Министерството за здравство дозволи да се случи оваа трагедија со тоа што не ја регулираше работата на Фондот за здравство и не побара фондот да донесе итна одлука за случај кој се влечкал цели 3 (ТРИ) години низ лавиринтите на здравствените институции.

Фондот за здравство дозволи да се случи оваа трагедија со тоа што не донесе итна одлука за лекување на девојчето во странство на сметка на државата, земајќи ги во предвид извештаите и препораките од сите лекари кои го прегледале девојчето и сите од прв до последен - без ниту 1 (ЕДЕН) исклучок - дале препорака за итно лекување на девојчето во странство бидејќи болеста брзо напредува и на девојчето му е потребна итна медицинска помош.

Од оваа гледна точка, виновни се и членовите на сите 3 (ТРИ) комисии, и нивните претседатели и претседавачи, и претседателката на Фондот за здравство, и министерот за здравство Никола Тодоров, бидејќи заедно имале можност да донесат одлука за итно лекување на девојчето во странство на сметка на државата, но сепак дозволиле случајот да се влечка цели 3 (ТРИ) години низ лавиринтите на здравствените институции.

Во историјата на независна Македонија, само 1 (ЕДЕН) министер има поднесено неотповиклива оставка, а тоа е поранешниот министер за транспорт и врски Антонио Пешев, кој поднесе оставка после двете авионски несреќи кои се случија во 1993 година, за кои не беше ниту директно, ниту индиректно виновен, но сепак си поднесе неотповиклива оставка.

Никола Тодоров од друга страна, има пред се морална одговорност за ваквата трагедија која можеше да ја спречи доколку интервенираше лично во Фондот за здравство, а понатаму тука е и службената одговорност која како министер ја има за да води ред и контрола во институциите кои се под негова надлежност - вклучувајќи го и Фондот за здравство врз кој, или Тодоров не врши редовна контрола, или намерно го оставил со одврзани раце за во 3 (ТРИ) различни наврати да одбие да издаде решение за лекување на 9 годишно девојче во странство на сметка на државата.
Види добро прочитав и генерално се согласувам со твоите ставови. Ме збуна со докторите пошто и комисијата е составена од доктори специјалисти. Сигурно не ги собрале од улица така? Па си реков дека јас некаде сум промашил и дека комисиите( докторите) дале зелено светло но ете не било тоа случај.
Во случајот е битно што рекле комисиите кои се за тоа задолжени и платени кои исто така се составени од доктори. Докторите кои ја прегледувале Тамара дале препорака за лекување во сранство и ја пратиле на комисија и доттука е чисто. Од тука па натаму се јавува проблемот. Јас ете не сум запознаен со процедурата и како таа оди чекор по чекор. Можеби ти си повеќе, ако не ти можеби некој друг. Искрено мене лично ме интересира какви се ингеренциите на министерот во вакви случаеви. Што тој може реално да направи освен секако да даде изјава. Дали тој има законски право да ја заобиколи комисијата и нејзиното решение. И кој друг освен него има таква моќ како прво и како второ зошто некој би имал моќ да ја поништи одлуката на комисијата која е формирана баш за таа цел. Ако е така која е целта на комисијата тогаш ако има функционери кои едноставно можат да ја преиначат нивната одлука. Ако со сигурност некој тука може тоа да го потврди ( не од рекла казала муабети) дека тоа е така тогаш дефинитвно самата процедура има фабричка грешка и треба под итно да се мени, а министерот или кој и да било тој што ја( или не ја ) искористил законската можност ( уште полошо незаконски) за да Тамара не замини навреме на лекување треба да одговара кривично. Значи лекарите во комисијата кои очигледно донеле погрешна одлука треба дебело да го примат, сега само прашање е и кој друг над нив што ако законски имал можност да ја поправи нивната грешка и бил запознаен со случајот а не реагирал соодветно треба исто така да го прими заедно со нив. Според мене недозволиво да има ваква фалинка во процедурата.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
До луѓево што го правдаат министерот .... во нормални земји за најобична шпекулација се поднесуваат неотповикливи оставки а овоа говново од министер мести тендери, деца му умираат, краде, лаже - мој термин дебилштини и се понаша ко да е господ .....
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
До луѓево што го правдаат министерот .... во нормални земји за најобична шпекулација се поднесуваат неотповикливи оставки а овоа говново од министер мести тендери, деца му умираат, краде, лаже - мој термин дебилштини и се понаша ко да е господ .....
Не ни треба да се споредуваме со други земји. Умираат деца. Тоа е доволно за човек со емпатија да биде револтиран, а за човек со морал да си даде оставка. Но, кога ќе видиш кој го правда... ама ќе им чукне несреќата и на нивна врата, но тогаш лелеците ќе им ги слуша Цацко.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Стандард дефокусирање на јавноста!
Зошто баш сега ако биле следени 4 години?
Го чувале случајот за црни денови?

Обновено+ ВИДЕО: Притвор за директорот на Здравствен дом и двајца негови соработници
Вести | Охрид | 19.02.2015 10:02Посети : 11309
Управата за финансиска полиција поради постоење на основано сомневање за сторен финансиски криминал тежок повеќе од 7,5 милиони денари, до Основното јавно обвинителство во Охрид поднесе кривична пријава против директорот на Здравствениот дом Охрид и двајца негови најблиски соработници. Трите лица се товарат дека во периодот 2010-2014 година сториле повеќе кривични дела и тоа „Проневера во службата“, „Поттикнување“, „Помагање“ и „Фалсификување или уништување на деловни книги“.






Од страна на Управата за финансиска полиција, извршена е контрола на благајничкото работење и сметководствената евиденција на ЈЗУ Здравствен Дом Охрид при што се обезбедени контролни извештаи за вкупниот годишен промет од фискалните каси на Здравствениот Дом за период од 01.01.2010 до 31.12.2014 година.

По извршените споредби на реализираниот промет од фискалните каси со уплатените парични средства во благајната како и уплатените парични средства на банкарската сметка на Здравствениот Дом Охрид, констатирано е дека прометот извршен преку фискалниот апарат редовно се предава во благајната, но така извршениот промет и предадените парични средства наплатени од пациентите, од страна на второпријавениот во целост не биле уплатувани на банкарската сметка на Здравствениот Дом Охрид.




При контролата на сметководствената евидениција и документација на Здравствениот Дом Охрид, констатирано е дека третопријавената , вработена како шеф на сметководство во Здравствениот дом, за да ги прикрие трагите на криминалот што бил очигледен, само дел од финансиската документација ја евидентирала во сметководствената евиденција на здравствениот дом. Третопријавената , по претходно добиена усна наредба од страна на директорот на Здравствениот дом, во континутет, започнувајќи од 2010 година изготвувала фалсификувани завршни сметки кои потоа со потпис на директорот се поднесенувани до Централниот регистар на Република Македонија.

Од извршените разговори со второ и третопријавениот како и од извршениот увид во сметководствената документација и документацијата за благајничко работење, утврдено е дека до 30.04.2010 година, второпријавениот бил должен да изготвува касови извештаи за работењето на благајната на Здравствениот Дом Охрид и истите од негова страна биле уредно изготвувани. Но од 01.05.2010 година, по усна наредба од директорот на Здравствениот дом Охрид, обврската за изготвување на касови извештаи била доверена на третопријавената , која спротивно на прописите воопшто не изготвувала касови, односно благајнички извештаи.

Според податоците до кои дојде Управата за финансиска полиција, по завршување на работното време, шалтерските работници во Здравствениот дом, од фискалните каси печателе Дневен фискален извештај за реализираниот промет во соодветниот ден кој потоа го споредувале со сумата на наплатени парични средства со фискалниот извештај и со издадените потврди (квитанции) за наплата за извршените медицински услуги. Наплатените парични средства со пропратната документација (дневен финансиски извештај и потврди за наплата), најуредно ги предавале на второпријавениот кој за примените парични средства изготвувал и потпишувал образец каса прими на која се потпишувал и шалтерскиот работник кој ги предал парите. По извршеното примопредавање на парите од дневниот промет, второпријавениот, оригиналниот примерок од каси прими образецот заедно со документацијата која ја примил од шалтерските работници, ги предавал на третопријавената , а парите ги задржувал кај себе. По усна наредба од директорот на Здравствениот дом Охрид, второпријавениот речиси секој ден по пребројување на дневниот промет, телефонски го известувал директорот за износот на вкупниот дневен промет, по што добивал задача колкав дел од прометот да го уплати на банкарската сметка на Здравствениот Дом, а остатокот од дневниот промет без никаков писмен траг т.е без потпишување на документ за примопредавање му го давал лично на рака на директорот кој парите од пациентите си ги користел за задоволување на своите лични потреби.

По спроведената детална истрага, Управата за финансиска полиција утврди дека во периодот 2010-2014 година во Здравствениот дом во Охрид проневерени се вкупно 7.565.302,00 денари за кој износ ќе одговараат трите пријавени лица.

Судија на претходна постапка во Основниот суд во Охрид заради сериозноста на кривичното дело, можноста за влијание врз сведоци и опасноста од повторување на делото, на трите пријавени лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Двајца од пријавените се веќе уапсени од страна на Финансиската полиција додека по првопријавениот кој е во бегство, распишана е потерница и по истиот интензивно се трага.

OhridNews

© 2015 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.675
Поени од реакции
11.900
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=24&vest=20390

Мајката на Тамара: Спасете ми го второто дете, Теона треба да се оперира од срце

од Менче Атанасова Точи, НОВА | објавено на: 19-02-2015 18:58:36


„Сите се виновни за смртта на Тамара и очекувам да си дадат колективна оставка“, вели мајката на Тамара, Жаклина Димовска во емисијата ПРОЦЕС.

Семејството Димовски ќе бидат на чело на колоната на мирниот марш кој е предвиден за вторник на 24.февруари, со кој се бара оставка од министерот Тодоров и на сите инволвирани во случајот.

„Упатувам апел до сите родители, баби и дедовци да излезат на марш, за да кажеме стоп на бавниот здравствен систем“, вели Димовска.

Како мајка на две деца со посебни потреби, односно на уште едно дете на кое му е потребна операција, таа упатува порака до надлежните:

„Исправете ја грешката и овозможете и лекување на Теона, сестрата на Тамара на која и е потребна операција на срце, а има само 8 години“, порачува Димовска.

Како дојде до трагичниот крај, зошто застанаа донациите за Тамара, со која цел се организира граѓанската иницијатива, маршот „Црвен картон за Тодоров“. За овие и за многу други прашања зборуваат Огнен Јанески новинар и хуманист и Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет, кои се директно вклучени во организацијата на оваа граѓанска иницијатива.[DOUBLEPOST=1424391321][/DOUBLEPOST]=============================================

Нареднава вест е повеќе поврзана со дезорганизацијата и неспособноста на македонското здравство, а помалку е поврзана со лекување на сметка на државата кое Фондот за Здравствено Осигурување не го одобрил, како што беше во случајот со 9 годишната Тамара Димовска, Бог да ја прости.

Едни велат тумор на очите, други велат рак, но никако да се решат дали и како ќе лекуваат едногодишно бебе.

Очајните родители го отпишале своето дете од Одделот каде што било хоспитализирано бидејќи сакаат да направат нови испитувања во друг дијагностички центар на нивна сметка.

За подобро или за полошо, да се надеваме дека ќе успеат да ги спасат и животот и видот на сопственото дете, додека во меѓувреме лекарите до македонските државни клиники повеќе од месец дена креваат рамења прашувајќи се каков третман да предложат за ова едногодишно бебе.

http://www.24vesti.com.mk/ednogodishnata-medina-sinanoska-mora-itno-da-se-lekuva-lekarite-ne-i-postavile-dijagnoza

Едногодишната Медина Синаноска мора итно да се лекува, лекарите не и поставиле дијагноза


19.02.2015 | 20:28

Едногодишната Медина Синаноска од Прилеп подолго време има тумор, а поради неусогласеност на дијагнозите на докторите од Клиниката за детски и од Клиниката за очни болести во Скопје, како што вели мајката Филизана Алиоска, девојчето може да го изгуби видот.



Медина и мајка и биле хоспитализирани 35 дена на одделот за хематологија во детската клиника, но за тој период не му била поставена точна дијагноза.

„Докторите од хематологија кажаа дека е тумор, а во очната клиника ми рече една докторка дека е рак. Кога се вративме во хематологија каде што бев хоспитализирана, бев кај директорката,а таа ми кажа дека не може ништо да се прави, дека нема извештај или одобрување што да прима девојчето“, вели мајката Филизана.

Разочарана и исплашена што нејзиното дете не се лекува, Филизана одлучила да ја напушти болницата во Скопје, a во невладината РОМА С.О.С. таа веднаш се обратила за правна помош.

„Триесет и пет дена чекаше мајката за да почне со лекување, не започна лекувањето и немаше ниту најави дека ке се започне со лекување. Поднесовме пријава до Министерството за здравство, за да ни се даде одговор на тоа прашање, меѓутоа до денес, и покрај пријавата немаме добиено никаков одговор“, вели Несиме Салиоска, извршен директор на РОМА С.О.С.

Од Клиниката за очни болести информираат дека во текот на тие 35 дена, биле направени серија дијагностички анализи.

„Со сите наоди е организиран конзилијарен офталмолошки преглед и конзилиумот од Клиниката за очни болести се изјаснил дека според клиничките наоди и испитувањата, болеста најмногу личи на ретинобластом на двете очи, но од нивна страна не се предлага никаква хируршка интервенција за уточнување на патохистолошката дијагноза која е неопходна за да се започне со хемотерапија. На инсистирање на родителите детето е испишано од Одделот со намера да се довршат испитувањата во друг дијагностички центар, на сметка на семејството“, стои во соопштението од клиниката.

И од Министерството за здравство побаравме, но не добивме одговор за овој случај.

 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.067
Поени од реакции
80.968
Нов протест за Тамара. Тодоров молчи

Се подготвува втор протест на граѓани кои ќе бараат одговорност од министерот Tодоров поради смртта на 9 годишната Tамара од Велес, пренесува 24Вести.




Поднесени кривичните за Тодоров, Парнарџиева и Мехази

Со звуците на срце кое прекинува да чука граѓанската иницијатива „Ајде“ побара оставка од министерот за здравство Никола Тодоров. Симболично прикажувајќи како престанало да чука и срцето на девет годишната Тамара Димовска се обиде да го предизвика на морална одговорност но и првите луѓе на Фондот за здравствено осигурување, членовите на управниот одбор и првите луѓе на комисиите кои одлуќуваа за лекувањето на Тамара во странство. Активистите на „Ајде“ одлучија да молчат, а преку соопштение порачаа дека девојчето е последна во низата жртви на несовесното и неодговорно работење на здравствениот систем.

Тие не се грижеа за нејзината здравствена состојба. Уште пострашно, тие воопшто не беа загрижени за животот на ова дете. Беа и се заинтересирани единствено за своите политички интереси. Тие безмилосно тактизираат, калкулираат и жртвуваат човечки животи, напишаа во соопштението.

Во исто време и од Хелсиншкиот комитет до обвинителството ги поднесоа кривичните пријави за несовесно работење во службата против министерот Никола Тодоров и директорите на на Фондот Маја Парнарџиева Змејкова и Џемали Мехази.

Инаку обдукцијата која треба да ги утврди причините за смртта е веќе завршена а резултатите деновиве ќе стигнат во рацете на обвинителството. По ова ќе се знае дали и кого ќе гони по службена должност. Револтот и на социјалните мрежи се повеќе расне, па за во вторник е најавен протестен марш кој ќе започне пред фондот а ќе заврши пред министерството за здравство.
 
M

Moon Child

Гостин
Мува не го лази, ама ич. Вчера читав дека поделил 2 000 решенија за вработување во здравство.
Типично понашање на кучињата лаат, караванот врви.
Типично, толку е типично што вреѓа и боли.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Какви створови изиграваат апологети на нашава влада.

Во врска со смртта на Тамара, проф. Д-р Горазд Росоклија вели:
Детето почина заради неодговорни родители кои дете со 50% пулмонален капацитет и со бронхопнеумонија не однеле да се лекува, а го чувале дома додека не починало.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.209
Поени од реакции
25.947
Какви створови изиграваат апологети на нашава влада.

Во врска со смртта на Тамара, проф. Д-р Горазд Росоклија вели:
Детето почина заради неодговорни родители кои дете со 50% пулмонален капацитет и со бронхопнеумонија не однеле да се лекува, а го чувале дома додека не починало.
Затоа што невозможно е професорот да е во право... Настрана што ова не било интервју туку ФБ разговор, кој Шаше го направил интервју.
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Затоа што невозможно е професорот да е во право... Настрана што ова не било интервју туку ФБ разговор, кој Шаше го направил интервју.
Баш ми е сеедно што било. Тоа е неговиот став кој е прилично одвратен.
Особено ако се земе во предвид голготата на кутрите луѓе.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom