http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=24&vest=20390
Мајката на Тамара: Спасете ми го второто дете, Теона треба да се оперира од срце
од Менче Атанасова Точи, НОВА | објавено на: 19-02-2015 18:58:36
„Сите се виновни за смртта на Тамара и очекувам да си дадат колективна оставка“, вели мајката на Тамара, Жаклина Димовска во емисијата ПРОЦЕС.
Семејството Димовски ќе бидат на чело на колоната на мирниот марш кој е предвиден за вторник на 24.февруари, со кој се бара оставка од министерот Тодоров и на сите инволвирани во случајот.
„Упатувам апел до сите родители, баби и дедовци да излезат на марш, за да кажеме стоп на бавниот здравствен систем“, вели Димовска.
Како мајка на две деца со посебни потреби, односно на уште едно дете на кое му е потребна операција, таа упатува порака до надлежните:
„Исправете ја грешката и овозможете и лекување на Теона, сестрата на Тамара на која и е потребна операција на срце, а има само 8 години“, порачува Димовска.
Како дојде до трагичниот крај, зошто застанаа донациите за Тамара, со која цел се организира граѓанската иницијатива, маршот „Црвен картон за Тодоров“. За овие и за многу други прашања зборуваат Огнен Јанески новинар и хуманист и Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет, кои се директно вклучени во организацијата на оваа граѓанска иницијатива.[DOUBLEPOST=1424391321][/DOUBLEPOST]=============================================
Нареднава вест е повеќе поврзана со дезорганизацијата и неспособноста на македонското здравство, а помалку е поврзана со лекување на сметка на државата кое Фондот за Здравствено Осигурување не го одобрил, како што беше во случајот со 9 годишната Тамара Димовска, Бог да ја прости.
Едни велат тумор на очите, други велат рак, но никако да се решат дали и како ќе лекуваат едногодишно бебе.
Очајните родители го отпишале своето дете од Одделот каде што било хоспитализирано бидејќи сакаат да направат нови испитувања во друг дијагностички центар на нивна сметка.
За подобро или за полошо, да се надеваме дека ќе успеат да ги спасат и животот и видот на сопственото дете, додека во меѓувреме лекарите до македонските државни клиники повеќе од месец дена креваат рамења прашувајќи се каков третман да предложат за ова едногодишно бебе.
http://www.24vesti.com.mk/ednogodishnata-medina-sinanoska-mora-itno-da-se-lekuva-lekarite-ne-i-postavile-dijagnoza
Едногодишната Медина Синаноска мора итно да се лекува, лекарите не и поставиле дијагноза
19.02.2015 | 20:28
Едногодишната Медина Синаноска од Прилеп подолго време има тумор, а поради неусогласеност на дијагнозите на докторите од Клиниката за детски и од Клиниката за очни болести во Скопје, како што вели мајката Филизана Алиоска, девојчето може да го изгуби видот.
Медина и мајка и биле хоспитализирани 35 дена на одделот за хематологија во детската клиника, но за тој период не му била поставена точна дијагноза.
„Докторите од хематологија кажаа дека е тумор, а во очната клиника ми рече една докторка дека е рак. Кога се вративме во хематологија каде што бев хоспитализирана, бев кај директорката,а таа ми кажа дека не може ништо да се прави, дека нема извештај или одобрување што да прима девојчето“, вели мајката Филизана.
Разочарана и исплашена што нејзиното дете не се лекува, Филизана одлучила да ја напушти болницата во Скопје, a во невладината РОМА С.О.С. таа веднаш се обратила за правна помош.
„Триесет и пет дена чекаше мајката за да почне со лекување, не започна лекувањето и немаше ниту најави дека ке се започне со лекување. Поднесовме пријава до Министерството за здравство, за да ни се даде одговор на тоа прашање, меѓутоа до денес, и покрај пријавата немаме добиено никаков одговор“, вели Несиме Салиоска, извршен директор на РОМА С.О.С.
Од Клиниката за очни болести информираат дека во текот на тие 35 дена, биле направени серија дијагностички анализи.
„Со сите наоди е организиран конзилијарен офталмолошки преглед и конзилиумот од Клиниката за очни болести се изјаснил дека според клиничките наоди и испитувањата, болеста најмногу личи на ретинобластом на двете очи, но од нивна страна не се предлага никаква хируршка интервенција за уточнување на патохистолошката дијагноза која е неопходна за да се започне со хемотерапија. На инсистирање на родителите детето е испишано од Одделот со намера да се довршат испитувањата во друг дијагностички центар, на сметка на семејството“, стои во соопштението од клиниката.
И од Министерството за здравство побаравме, но не добивме одговор за овој случај.