Драга Кајгана

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Драга,

Си го гледала Reservoir Dogs нели? Ја знаеш сцената од шпицата секако, што има толку референци во поп-културата, каде бандата во одела оди така полека во забавена снимка а во позадина музика за badass одење.

Е, кога ќе ја чујам песнава од Мизар, барем почетокот, си замислувам една слична ваква сцена, само место господата од различни бои во црни одела замислувам владици од различни епархии во црни мантии. И сето тоа во забавена снимка, ама не да сецка како кај Тарантино, туку со оној ефект брзо-бавно од индиските акциони филмови. Стопати појако!




Така нешто. И сега тука ставаат црни наочари, влегуваат во џиповите, палат и шибаат.

:popce:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Има луѓе кои да им дојдеш дома и да им се помочаш на глава, ќе ти речат фала и ќе те испратат со кафе. Сврати до темана за убиството во самоодбрана и ќе видиш за што правам муабет.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Периодов слушам само конструктивни предлози и решенија за проблеми. Објективни проценки и аргументирани дебати насекаде. Сите се конструктивни, сите се издржани, секое мислење вреди, сите критики добредојдени. Идеално е.

И па ништо не е како шо треба бе! Обожавам колку сте паметни сите.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.186
Поени од реакции
34.417
Избришано е едно мислење кое е окарактеризирано како политичка пропаганда.
Нема потреба од загадување на темата со политичко пропаГАДНИ материјали, за ова одамна се имаме разбрано. Ви благодарам.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Драга, колку и да звучи клише, книгата е најголемото богатство. Додека фејсбукот го превртуваш 100 пати, и уште толку ќе кликнеш "почетна" (или News feed), подобро е да прочиташ некоја добра книга, која ќе ти помогне во секој аспект од животот...само ретко кој го дели ова мислење со мене.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.813
Инспириран од неодамнешнава случка, пробав да придонесам со мое кратко сценарио во кое се објаснува што всушност се случувало во тие тешки моменти. Видеото и обработката се со помош на @Samurai Jack.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom