Скоро сигурно (99%) нема да имаш појава на влага и мувла, доколку се одлучиш за квалитетна ПВЦ столарија и вградување по пропис. Меѓутоа сметај дека оваа опција не е евтина. И не се залажувај со цени од 90-100 евра за прозор со стандардна димензија (80*140). Квалитетна столарија (4мм ниско емисионо + 16мм аргон + 5мм флох + 16мм аргон + 4мм високо енергетско, со пластичен дистанционер наместо алуминиумски, пластичниот ја зголемува точката на росење за над 10 степени, па така ако внатре е 20степени, воздухот е со 50% влажност, точката на росење би се постигнала на некаде -13, -17 степени. ) со оваа димензија и правилно вградување (РАЛ монтажа) ќе те кошта околку 200-240 евра. Далеку поевтино од дрво кое за вакви спецификации кошта над 500 евра и тоа за голо дрво. Обложувањето со алуминиум кошта +100 евра.
Инаку многу тешко е да најдеш добар мајстор кој ја познава работата а и да најдеш не знам дали ни тој ќе успее да најде квалитетни материјали.