Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Погледни го етимолошкото значење на поимот генерација и ќе видиш зошто грешиш.
Одговори ми тоа што те прашав - зошто во едниот контекст се употребува еден збор, во другиот друг? Различни етимолошки толкувања се употребуваат зависно од тоа за кој стих станува збор и што му одговара да значи на толкувачот?
 
Како не разбираш зошто? Ти што подразбираш под поимот сметач? Сигурно подразбираш компјутер. Пред 50 години поимот сметач означувал дигитрон (електронски калкулатор). Пред 100 и 200 години кога некој ќе речел сметач мислел на механички калкулатор.

Ако некој од XIX век под поимот сметач никако не можел да подразбира компјутер (уред произведен во XX век), како некој од I и II век може да употреби одреден поим, а ти тој поим да го толкуваш со значење кое за првпат се појавило во XIV век!?
 
Се е точно тоа што кажа,само што Библијата е и книга која води кон Вечен живот.Не ми се допаѓа само последната реченица затоа што премногу генерализираш.Ако мислиш дека си во право,еве земи еден Православен календар,и види секој светец зошто и како умрел.Пола и повеќе ако не сите,умреле заради верата во Господ Исус Христос.Заради вербата во Бог.А уште на колку што не се светци им ги исекле главите затоа што верувале во Исус.ИСИС кого погуби пред некој ден во Либија ? Зошто ? ИСИС не е црква но пак убива Христијани.Не е точно дека црквата ги убивала сите што не верувале во Бог,да беше така,денеска целото Христијанство ќе беше преполовено по број на верници.

И ја можам да ти кажам јавно верувам во Алах,ти ќе ми веруваш ? Така ни црквата и да сакала неможела да убие некого заради својот атеизам.Сатанизам и вештерски работи се друго.

Убиствата на светците се случувале од разни цареви со цел да се откаже светецот од својата вера т.е. царевите да се почитуваат повеќе од Исус. Сигурно тогашните царевите не биле атеисти. А споредбата со ИСИС не ти е на место, затоа што тие се во верска војна, и јасно е на која вера припаѓаат. Ако мислиш на зборот „црква“ можеби јас употребив премногу општ поим. Сепак доколку римокатоличката црква ги извршувала сите убиства на еретиците, јасно е дека православната црква ќе сака да се огради од тоа.
Инаку не ми е јасно зошто упорно се замижува пред фактот дека крстоносните војни биле со цел за ослободување на Христовиот гроб во Ерусалим, и дека после првобитната цел војните добиле инаков карактер.
 
Како не разбираш зошто? Ти што подразбираш под поимот сметач? Сигурно подразбираш компјутер. Пред 50 години поимот сметач означувал дигитрон (електронски калкулатор). Пред 100 и 200 години кога некој ќе речел сметач мислел на механички калкулатор.

Ако некој од XIX век под поимот сметач никако не можел да подразбира компјутер (уред произведен во XX век), како некој од I и II век може да употреби одреден поим, а ти тој поим да го толкуваш со значење кое за првпат се појавило во XIV век!?
Ама работава е што и двата цитати што ги посочив се од ист период! И двата се од новиот завет! Ако едниот беше пишуван во времето на Исус а другиот во наше време, тогаш може ќе држеше вода твоево, но и едниот и другиот стих се од ист период..
 
Инаку не ми е јасно зошто упорно се замижува пред фактот дека крстоносните војни биле со цел за ослободување на Христовиот гроб во Ерусалим, и дека после првобитната цел војните добиле инаков карактер.

Крстоносните војни се водеа за ослободување на Ерусалим исто како што НАТО го бомбардираше Ирак затоа што Хусеин „можеби„ имал хемиско оружје, кое никад не беше најдено...
 
А кој е Мамон?

Ти незнаеш па сакаш ја да ти кажам?

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе
го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе
го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА
Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе
го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе
го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамон

Не ти личи дека се препишувале еден од друг?[DOUBLEPOST=1424386577][/DOUBLEPOST]
Крстоносните војни се водеа за ослободување на Ерусалим исто како што НАТО го бомбардираше Ирак затоа што Хусеин „можеби„ имал хемиско оружје, кое никад не беше најдено...

Исто така и НАТО членките на својте знамиња и грбови имаа крстови како симбол.
 
Ти незнаеш па сакаш ја да ти кажам?
.

Не знам, жими мајка: затоа и те прашувам кој е Мамон.[DOUBLEPOST=1424387021][/DOUBLEPOST]
Ти незнаеш па сакаш ја да ти кажам?

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈ
Никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе
го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе
го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон.

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА
Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе
го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе
го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамон

Не ти личи дека се препишувале еден од друг?

Не: користеле Ctrl+C/Ctrl+V.[DOUBLEPOST=1424387120][/DOUBLEPOST]
Исто така и НАТО членките на својте знамиња и грбови имаа крстови како симбол.

И Хитлер и негојте први соработници ја користеа „свастиката„ па беа „вруќи браќа„ и окултисти.
НАТО ја користи и перокраката, која е масонско-сатански симбол, неспоив во крстот.

Просто кажано, лагата секогаш се крие зад вистината.
 
Мислиш ако ги повторуваш твоите бедни лаги, дека некој ќе почне да ги гледа како вистина? Мизерен си!
Хитлер ги прогонувал и затворал по логори окултистите! Самиот се сметал за христијанин, има безброј негови слики како позира со кардинали, свештеници, папи, оџи! Како влегува и излегува од цркви! Хитлер и окултизам, колку ти и логика.
 
Самиот се сметал за христијанин, има безброј негови слики како позира со кардинали, свештеници, папи, оџи! Како влегува и излегува од цркви! Хитлер и окултизам, колку ти и логика.
- потполно непознавање на идеологијата на Третиот Рајх.
 
- потполно непознавање на идеологијата на Третиот Рајх.
tumblr_mmisvfME9q1rurz0yo3_500.jpg

hitler-cardinal.jpg

hitler3.gif

20hitlercatholicchurch.jpg

we-tolerate-no-one-in-our-ranks-who-attacks-the-ideas-of-christianity-our-movement-is-christian-adolf-hitler1-330x244.jpg

NaziChristians.jpg

hitler_al_husseini1.jpg

P.S. Хитлер ги затворил сите масонски и окултни ложи, а членовите на истите често завршувале во концентрациони логори. Таков е случајот со четвртиот надворешен водач на ОТО - Карл Гермер, кој крајот на втората светска војна го дочекал во логор. Да се тврди дека Хитлер и третиот рајх биле окултистички е или врв на непознавање на тој период од историјата или очигледна дволичност и злонамерност.
 
Последно уредено:
Точно е тоа дека ги затворил масоните и другите. Сликањето со попови и оџи, не го прави ниту Христијанин, ниту Муслиман.
Изјавата од 28-ма може да биде доведена во прашање со многу подоцнежни изјави и постапки. Паганската суштина на Третиот рајх, во која нема место за Христијанството, е евидентна. Само треба повеќе да се информираш. Има премногу показатели, докази и факти, кои тврдењето за христијанска или било каква монотеистичка друга идеолошка заднина на Рајхот, го прават смешно.
 
Ако нешто е смешно, тогаш тоа е обидот Хитлер и неговиот рајх да се претстават како окултни, од проста причина што Хитлер ги прогонувал и затворал сите окултни организации! За неговите ставови дека е христијанин, зборува историјата, сликите, изјавите, сведоштвата. Дали ти ќе се согласиш или не со неговите ставови е сосем 15 - та работа, факт е дека лидерите на двете најголеми монотеистички религии не го осудиле, туку напротив, се сликале со него, му укажувале чест и го пречекувале како крал. Тоа неможе никој да го негира! И сега доаѓаме во ситуација, кога припадници на истите тие религии, продаваат м×да за бубрези, и се обидуваат да ја прикажат неговата агенда како окултна.... Со оглед на тоа дека не се работи за неинформираност, бидејќи и предходно им било истово посочено, можам само да заклучам дека се работи за дрска дволичност и подлост.
 
За жал речиси сѐ што кажа нема врска со реалноста и фактите за третиот Рајх, туку повеќе има врска со патолошката телемитска опседнатост со оцрнување на Христијанството. Документите, карактерот на основоположниците на хитлеровата идеологија зборуваат сосема нешто друго од твоево површно и тенденциозно "согледување".
 
Е да, сигурно сликите, изјавите и сведоштвата се производ на патолошка телемитска опседнатост, додека "мудростите" на христијаните дека третиот рајх бил окултистички се вистината.
 
Е да, сигурно сликите, изјавите и сведоштвата се производ на патолошка телемитска опседнатост, додека "мудростите" на христијаните дека третиот рајх бил окултистички се вистината.
Како што кажав не се тоа мудрости, туку сува евиденција, факти, кои можам да ги презентирам многу лесно, кога би сакал. Но, зошто би имал потреба од таква работа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom