[DOUBLEPOST=1424427174][/DOUBLEPOST]
Не знам многу за телстра во сиднеј ама овде слабо македонци во телстра повеќе на времето беа во Good Year и Carlton пиварата. Тоа дека се правеле кланови порано е нормална работа, немало работна сила па ги молеле и плаќале вработените да донесат некој. Тие времиња се сепак минато сега, тешко и дека ќе се вратат.
За државна работа прво треба да аплицираш, да ти помине писмото и резимето пред HR обично во главниот град или Канбера каде им се службите. Потоа следи интервју со претпоставениот и уште некој менаџер/вработен, за на крај да биде финалното интервју со повисок менаџер и HR. Ова да се намести и не е така лесно и едноставно. Не викам дека е невозможно ама зошто некој да си ризикува работа за ова? Тие што можат ова да го наместат се на многу повисоки позиции и ако веќе прават некој дубари има милјон полесни начини на пример место да вработуваат ѓубреџија да го дадат цел бизнис на тендер на некој нивен...
Вака сега не сакам да бегаме од темата, ама малку по малку темава добива друг правец ама ајде читателиве ке ни опростат, барем се надеавам.
Ние можеме да се сложиме за многу работи ама некој работи ги гледаме од различни дистанци и агли и доагаме на некој начин до судир на мислења.
Ти ги гледаш како е законски и како треба да биде, згора на тоа колку што гледам си прилично успешен ( баш ми е мило што толку далеку си стигнал) и работите ги преставуваш какви се и или какви ке бидат за некој кога ке се качи на врвот, кога ке зарботува навистина големи примања.
За разлика од тебе јас ја преставувам сликата како е во моментот кога некој новајлија ке тргне и патува до таму каде што ти ја преставуваш сликата, а до таму има многу за одење.
Јас кога ги читам новиве новопечени Австралијанци на темана за Автралија, како мислат да одат со студентски визи, каде имаат трошкови од 50000 годината а тие не можат ни пола да ги извадат,или пак кога ке прочитам коментари од типот "Дали агентот ке ми обезбеди рабоата " и слични глупости, ми доага да земам да ги исплачам со гајда, гледам дека тие луге значи немаат општа престава по кој трганле.Само не коментирам да не ги обесхрабрам.
Да се вратам на нешто друго.
Јас неколку години работав за фирма во која ОГЛАС беше, што е тоа ? наградно прашање.
Фирма која беше удавена во корупција и криминал, со врски со криминалното подземје од Сиднеј а и исто и Мелбурн со луге од типот на Мик Гато (верувам дека си слушнал за него).
Замисли таа иста компанија имаше директна подршка од CFMEU и индиректна подршка од Mirvac, westfield, во помала мера и john holland и Hutchinson.
Па еден куп вработени беа роднински или комшиски врзани, или некоја керка или внука на некој голем од тие синдикат или некој голем менаѓер од спомнатите фирми.
Сите зарбатуваа солидни пари ама јбг дојде време кога некој работи излегоа на површина и мораа да ја погребат, пробаа прво нешто со ликвидација, менување име и слични срања ама веке касно беше, мораше лопата да му се фрли, мораше некако да се испере срањето.
Ке го спомнам само еден еден пример. Македонци таму немаше, јас бев единствен, и таму некој месец пред да се фрли лопата срекавам еден Македонец. Му викам, "Колку време си тука не сум те сретнал никаде" , ми вика "Tри недели". Знаејки како и што се случува, го прашав кого го познава тука,и ми врака "Никој". Јас нормално не му верував и му викам, "Слушај, немој мене да ме ебеш, јас за овие бандити работам 4 години, ти тука не влегуваш без никој да не знаеш. Ми вика, "A па познавам еден што знае големи луге, дојде дома и ми вика што правиш дома , не работиш? Од утре почвиш на работа.....
На оваа тема можам многу да кажам ама не и ни тема ни место некој работи јавно да ги зборувам.