Промена на лична карта

Член од
14 септември 2011
Мислења
11
Поени од реакции
0
Сакам да извршам промена на лична карта.
Досегашната ми е на прилепска адреса и истекува за 2 месеци.
Сакам да извадам лична карта со адреса во Скопје, поточно Карпош.
Знам дека ми се потребни документ на одјава од Прилеп, молба и барање за лична карта и имотен лист.

Е сега прашањето ми е, каде треба да се носат потребните документи, во оддел за живеалишта, во општина Карпош или во зградата на МТВ?
И дали може да се пријавам кај роднини или пријатели дека живеам на нивна адреса? (За ова е потребно изјава од сопственикот на живеалиштето).

Фала.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
Член од
29 септември 2013
Мислења
476
Поени од реакции
316
Барањето за замена на личната карта се поднесува најдоцна во рок од
30 дена пред истекот на рокот на важењето на личната карта.

Глоба во износ од 20 до 80 евра во денарска противвредност ќе се
изрече за прекршок на физичко лице, кое:
во законски утврдениот рок не поднесе барање за замена на
личната карта (член 7
став 4 и член 10)

Are you fucking kidding me
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.862
Поени од реакции
11.484

Пфт, законите се тука да се кршат, еден мој другар извади лична карта на полни 19, мислам дека без неколку месеци, 20 години. :D
 
Член од
29 септември 2013
Мислења
476
Поени од реакции
316
Пфт, законите се тука да се кршат, еден мој другар извади лична карта на полни 19, мислам дека без неколку месеци, 20 години. :D
Не се замараат толку службениците јасно ми е, ама факт е дека закониве наши имаат ретардирани одредби. :D
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
Пфт, законите се тука да се кршат, еден мој другар извади лична карта на полни 19, мислам дека без неколку месеци, 20 години. :D
Јас извадов на 22, ама тоа одамна беше, пред да имаме глоба за дишење :D
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.965
Пфт, законите се тука да се кршат, еден мој другар извади лична карта на полни 19, мислам дека без неколку месеци, 20 години. :D
Абе така гледано и јас извадив прва лична карта на 21 и пол година.
 
Pance24

Мариовец
Член од
26 август 2012
Мислења
270
Поени од реакции
104
Барањето за замена на личната карта се поднесува најдоцна во рок од
30 дена пред истекот на рокот на важењето на личната карта.

Глоба во износ од 20 до 80 евра во денарска противвредност ќе се
изрече за прекршок на физичко лице, кое:
во законски утврдениот рок не поднесе барање за замена на
личната карта (член 7
став 4 и член 10)

Are you fucking kidding me
Јас извадив нова лична карта по 1 недела откако ми текна дека старата ми изминал рокот .
 
Член од
27 октомври 2009
Мислења
113
Поени од реакции
30
Пред 2 недели го правев истото, сека чекам 15 работни дена да ми кажат дали сум примен како граѓанин.
Ваква е постапката:
Ако не е недвижнината на твое име, ќе треба да ти даде согласнст сопствениот, независно кој е. Формулар би требало да имаат во МВР, али не сум сигурен за тоа, прашај ги на телефон или слично.

1. Во МВР (кај МТВ) во соба 34 меѓу 9-16 часот (не оди меѓу 12 и 14, оти пауза имаат може да чекаш, од лично искуство ова :D), се поднесува барање за жителство во Скопје, формулар (барање) ти даваат они, си пополнуваш. Ти треба да си носиш Извод од матична книга на родени(копија), Имотен лист(копија), и лична карта(колку да ја видат), и ако не е на твое име живеалиштето согласност. Ги оставаш документите и чекаш ~15 работни дена за да ти кажат дали си примен како жител или не.
Во тој период кај мене дојде контрола(полиција), за да утврдат дека живеам на таа адреса. И поарно да не наидат на затворена врата :) Оти кај мене прв пат дошле, нема никој дома, и идат другиот ден и кога почна да ми расправа полицаецот, како можело никој дома да нема.

2. Откако ќе те примат, треба да дадат потврда. Со таа потврда во Прилеп во мвр, на одјавување. Кога ќе ти дадат документ дека си се одјавил, треба во рок од 8 дена да аплицираш во Скопје за лична карта.

До оваа фаза доста е..... :D
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Порано требаше да имаш три или шест месеци жителство во местото кај што сакаш да извадиш ЛК
 
Член од
14 септември 2011
Мислења
11
Поени од реакции
0
Пред 2 недели го правев истото, сека чекам 15 работни дена да ми кажат дали сум примен како граѓанин.
Ваква е постапката:
Ако не е недвижнината на твое име, ќе треба да ти даде согласнст сопствениот, независно кој е. Формулар би требало да имаат во МВР, али не сум сигурен за тоа, прашај ги на телефон или слично.

1. Во МВР (кај МТВ) во соба 34 меѓу 9-16 часот (не оди меѓу 12 и 14, оти пауза имаат може да чекаш, од лично искуство ова :D), се поднесува барање за жителство во Скопје, формулар (барање) ти даваат они, си пополнуваш. Ти треба да си носиш Извод од матична книга на родени(копија), Имотен лист(копија), и лична карта(колку да ја видат), и ако не е на твое име живеалиштето согласност. Ги оставаш документите и чекаш ~15 работни дена за да ти кажат дали си примен како жител или не.
Во тој период кај мене дојде контрола(полиција), за да утврдат дека живеам на таа адреса. И поарно да не наидат на затворена врата :) Оти кај мене прв пат дошле, нема никој дома, и идат другиот ден и кога почна да ми расправа полицаецот, како можело никој дома да нема.

2. Откако ќе те примат, треба да дадат потврда. Со таа потврда во Прилеп во мвр, на одјавување. Кога ќе ти дадат документ дека си се одјавил, треба во рок од 8 дена да аплицираш во Скопје за лична карта.

До оваа фаза доста е..... :D
Фала за информација.
Значи можи таа согласност да биди од било кого, роднина или пријател? Немора да биде живеалиштето во моја сопственост или да имам договор за закуп дека седам под кирија?
 
Член од
27 октомври 2009
Мислења
113
Поени од реакции
30
Фала за информација.
Значи можи таа согласност да биди од било кого, роднина или пријател? Немора да биде живеалиштето во моја сопственост или да имам договор за закуп дека седам под кирија?
Па најубаво да ги прашаш дирекно, ќе ти кажат најубаво. Мислам дека треба согласност, и документи од сопственикот, пр. имотен лист, лична карта или извод итн. и твој документи секако.
Договор за закуп не верувам дека треба.
 
Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.290
Поени од реакции
12.644
Барањето за замена на личната карта се поднесува најдоцна во рок од
30 дена пред истекот на рокот на важењето на личната карта.

Глоба во износ од 20 до 80 евра во денарска противвредност ќе се
изрече за прекршок на физичко лице, кое:
во законски утврдениот рок не поднесе барање за замена на
личната карта (член 7
став 4 и член 10)

Are you fucking kidding me
Од Април минатата година ми беше истечена личната карта, во петокот бев да ја обновам, ништо казна не платив.:X3:
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
Од Април минатата година ми беше истечена личната карта, во петокот бев да ја обновам, ништо казна не платив.:X3:
А бе и многумина што поминуваат на црвено не добиле казни ама тие што ги фатиле платиле и за другите...
 
Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.290
Поени од реакции
12.644
А бе и многумина што поминуваат на црвено не добиле казни ама тие што ги фатиле платиле и за другите...
Во право си, ама на црвено кога минеш ќе добиеш казна, ако и само ако те види/фати службено одговорно лице.Јас тука кога ја обновував личната карта, тоа го правев пред одговорно службено лице и ништо не ми рече во врска со плаќање казна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom