Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
уште кога излезе законов бев ЗА воведување мерки за поквалитетно високо образование. И самиот пленум се залагаше за тоа (барем на почетокот). Сепак со државниот испит ништо не се решава (премала и безвлијателна мерка според мене). Не да не се решава, туку со државниот испит уште толку ќе се продлабочи кризата во високото образовние. Некој 6каш од приватен на информатика што едвај врви ќе го помине државниот испит(нели нема оценки туку само полежен или паднат) 5 прашања ќе се запне ќе ги научи и потоа неговата диплома ќе биде еднаква на таа на некоја бубалица од финки со сето 9ки и 10ки. Глупаво е што со еден мизерен тест уствари ги споредуваат и изедначуваат дипломите на различни факултети.

Незнам за вас екс колеги (што имате завршено) колку сте задоволни од високото образование овде, ама јас воопшто не сум. Се разбира дека факултетот ти е само основа за понатамошно потручно образование, ама човече кај нас е кркамбар високото образование. Дипломираните студенти излегуваат збунети и со големи дупки во знањето. Потоа газдите треба дополнително да ги обучуваат своите работени дипломци за работа која тие ја учеле предходно 4 години. Кој парадокс.

Нам не ни треба зачувување на автономијата (бтв тоа што сега го бара пленумот), нас ни треба да дојдат два-тројца министри од Финска (или Словенија како попристапна) и коплет да го преорганизираат високото образование.

Има многу решенија како да с подобри состојбата со образовинето. Државен испит не е дел он нив. Ниту пак приемен испит (најлоша варијанта)
Многу подобро (според мене) би било ако секоја секоја професија и има свое здружение. За влез пример во здружението на електро инжинери да се полага тежок приемен испит и да се здобиеш со сертификат. Фирмите може да го бараат или не тој сертификат. На тој начин нема учење на памет, нема учење за положување на испити или учење за оценки. А секој кој сака да стане професор на факултет да има барем 3 години работно искуство од тоа поле, а не да предаваат на факултет небитни работи, кои допирни точки немаат со реалноста.

Според огласиве за работа во Австралија а и многу други странски држави скоро сите фирми си бараат да имаш сертификат од нивното здружение за електроинжинери, слично е и за другите професии.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Пишав „ Ако има глупо екстерно не фаќа и нас, и е бескорисно да полагам ебен испит шо сум го полагал еднаш. “ и да ти објаснам - И ја сум против екстерно, али не на ваков глуп начин со окупации. И според тебе право, медицина стоматологија се контролирани професии, а другиве не се толку битни.
Па секако дека не се.

Човек, медицина, право, стоматологија, тука со живи луѓе работиш. Немаш право на грешка. Погрешна одлука во правото може некој на доживотна робија да го однесе. Човек на операциона маса да го убиеш. Многу малку треба. За судска медицина па треба два пати да полагаш пред да добиеш дозвола за работа. Таму ти одлучуваш дали е убиство или самоубиство а тоа и менува многу на полицијата. Во инжинерството што, ќе прегориш некој процесор, купи нов у продавница, 100 евра. И колку и да е, сепак заменливо е. Човекот не е заменлив.

inb4 ме цитираш дека сум на некој од погоре набројаниве факултети, неколку испита ме делат од дипл.ел.инг али ипак не си ја ставам мојата професија на рамниште каде што можеш човек да носиш на душа цел живот. Овие професии погоре носат ненормална одговорност, батали тежина на факултетот, нормално е да се контролирани. Не може секоја избегана будала на која и текнало (како кај нас) хирург да станува, да добива дозвола наркотични лекови да препишува или во судница да те брани.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.025
Поени од реакции
12.697
Еве конкретно кај мене на електро нема настава,што е битно дали на шумарски протестираат.
Лошо се изразив за генерацијата.Ќе остаат ниеден инжињер да не дипломира годинава,после толку реклами за техничките факултети? Ја сметам дека некако владата пак ќе си ги нареди коцките после сите протести,али дека наставата нема да биде надополнета или дека ќе нема отстапки мало морген.
Како бе шо е битно? Па ај на шумарски нека протестираат ние ќе држиме предавања. Ако се бојкотира нека се бојкотира секаде за да има успех, нели бојкотот е за да бидеме слушнати. Не е поенатата од 15000 студенти само 5000 да бојкотираме и да го кркаме. Утре и да почне штрајк со глад и некој да има последици по здравје мислиш ќе им биде гајле на некој од Влада? Не знам како не научивте дека стандардни методи што успеваат во некоја друга држава кај нас не даваат плод. Ние и еден месец да окупираме на Адеми нема да му е јасно зошо и ќе се прави наудрен.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
„ Окупацијата “ се проширува на цел УКИМ
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=20341

По точно една седмица од започнувањето на окупацијата на факултетите, Студентскиот пленум соопшти дека автономната зона е проширена низ цел Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Вечерва на интерен пленум студентите одлучиле од утре да спроведат окупација и на Архитектонскиот факултет, додека студентите од Градежен факултет се уште се во преговори.

Во текот на денот, бојкот на настава се случи на Педагошка академија, Ликовна академија, Шумарски факултет, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Природно математички факултет и Земјоделски факултет.

На Факултетот за драмски уметности, по иницијатива на студентите, уште од почетокот на окупацијата пред една недела, во знак на поддршка не се реализира настава.

Засега автономни зони прогласени се на Филолошкиот и на Машинскиот факултет, каде студентите вечерва ќе ја поминат седмата ноќ, меѓутоа наставата секојдневно се бојкотира и на Правен, Економски, Финки и ТМФ.

Покрај факултетите во Скопје, денеска на пладне Студентскиот пленум при универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола прогласи Автономна зона на Техничкиот факултет.

Битолските студенти истакнуваат дека прогласувањето Автономна зона значи опструирање на наставата на Техничкиот факултет сѐ до исполнување на барањата за укинување на Законот за високо образование и донесување на нов, со поголема и поинтензивна вклученост на студентите.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.764
Поени од реакции
16.986
И ова не држи вода. Не постојат повеќе државни ветеринарни станици,амбуланти и болници. А за официјален ветеринар или ти инспектор по старо, секако се полага испит, бидејќи само тие се државни службеници. Мојата струка е само еден пример, сигурно постојат и многу други. Приватниот газда баш го е гајле дали ти имаш просек 10, државен испит или било што слично. Ако тој види дека ти сече лејката, па макар просек 6 имал, сам ќе се понуди да те школува понатаму.
Така е, генерално ама во последно време и приватниците ги извртеа сите криериуми, а башка си начукуваат роднини и пријатели а еден двајца (не)пријатели треба да ја вршат целата работа за привилегираните... дури и странските компании не вработуваат по способност, абе и за спортот треба врски и пријатели... умре тоа кога Рокфелер го пушти синму да се учи и да почне со работа од бензински пумпи а за менаѓер постави способен стручњак ( во голден 60-ес).
Во принцип ако полесно завршиш не чини бидејќи ќе ти биде девалвирана дипломата. Но така е секаде, затоа способните отвараат приватен бизнис, не само во компјутерската и информатичката техника, дури приватна фирма се нафати спејс шатлови да прави...
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Окупација на УКИМ my ass, пола не се ни студенти (хипстери и хпици) ама ајде.

Го подржувам пленумот (двата море) но ова со окупацијата, еден од истакнатите интелектуалци (Магелан со упадот и прашањето за новиот албум на Цеца, wow многу креативно и интелегентноу, прав Че), и статусот за носење на храна (кој дебилизам) а и други потези се ептен глупи потези и кај многу од подржувачите - се губи подршката ако продолжи вака.

Окупацијата и автономната зона немаат ама баш никаков ефект, подобро беше со протестниот марш (како што напомена некој член поназад; добиваа повеќе медиумско влијаније внатре и надвор + повеќе подржувачи + прават мала "штета" т.е. имаат некое директно влијание врз настаните во општеството).

Заради тоа има слаб одзив за окупација, а за Правен и Економски не се ни надевајте - глобата се ботчиња кои се палат на The Wolf of Wall Street.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Еве конкретно кај мене на електро нема настава,што е битно дали на шумарски протестираат.
Лошо се изразив за генерацијата.Ќе остаат ниеден инжињер да не дипломира годинава,после толку реклами за техничките факултети? Ја сметам дека некако владата пак ќе си ги нареди коцките после сите протести,али дека наставата нема да биде надополнета или дека ќе нема отстапки мало морген.
Како не е битно дали на шумарски протестирале или не.
Тебе сега да ти дојде некој од пленумот од шумарски и да не те остави да одржиш предавање, а тој кај него си ги завршил обврските на факултет.
Епа не оди така.
Или сите или никој!
До кога ќе го продолжат семестарот, јули, август? Дали мислиш дека сите имаат средства да останат во Скопје плус месеци од предвиденото?
Кој мислиш дека со тоа што ти денес ќе дремиш на факултет, ќе ти носат за јадење и пиење "солидарни" граѓани, (не си го лажете умот луѓето леб немаат да јадат,а не вас да ви носат богати трпези на факултет), ќе ви настапувале бендови (денес нешто наслушнав за Дубиоза и Bernays Propaganda), дека со тоа нашиот апел ќе биде слушнат некаде?
Го донесоја Џака Накот да пцуе и да го претставува студентското движење пред влада, алоооо!

Ова све е,само бојкот на настава во буквална смисла не е.
На кој што не му се учи ќе си оди на факултет, ќе си јади, ќе си пие, ќе си гледа филмчиња, ќе му настапуваат бендови истовремено се прави жртва на системот.
Една со една работа немаат спојка.

Убаво кажа Бојан, МОН ни го направи ова, владата ни го направи ова, а ние си ги окупираме факултетите. Сам себе убио ситуација.


А,за тоа дека цела генерација немало да дипломира, Грујо си ја врза глата да ти кажам право.
Него тоа му одговара,затоа и покрај тоа да се приберат пари во државна каса плус беше и тоа да се намали бројот на дипломирани , секоја година излегуваат тродупло дипломирани студенти, отколку што може да искрепи пазарот на труд.
Во секое здраво демократско општество тоа не е случај, но кај нас се е извртено и тие што сакаат да ги исправат работите ги извртија уште толку и удрија по грбот на студентите, наместо по оние по кои првично плукаа.


Прво беа барањата да се состанат или во министерство или во влада.
Е, сега кога ги поканаа, епа не сакаме таму, дојдете кај нас.
Детска градинка буквално.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413

On the road to #skopje #АвтономнаЗона #dubiozagram #dubiozakolektiv #ontheroad

Од официјлната страна на Дубиоза Колектив.

А Студентски пленум потврдија дека во 2 ќе настапуваат на Филозофски. :)

Кои легенди се дечкиве, ама ептен. Многу ги почитувам, тркнаа од Босна да дојдат како поддршка за дечкиве. Браво бе!
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.025
Поени од реакции
12.697
Стварно МОН договориле средба за утре?
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.683
Поени од реакции
88.624
Дечкиве не ебат жива сила што го покажуваат на нивните настапи :)
Од СОРОС се платени да настапуваат на УКИМ... зар ќе ти пее некој без пари. Абе убаво ние викаме, користете го тоа мозокот малце за расмислување, доста ве контролираат од штаб :mad:
 

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Така е, генерално ама во последно време и приватниците ги извртеа сите криериуми, а башка си начукуваат роднини и пријатели а еден двајца (не)пријатели треба да ја вршат целата работа за привилегираните... дури и странските компании не вработуваат по способност, абе и за спортот треба врски и пријатели... умре тоа кога Рокфелер го пушти синму да се учи и да почне со работа од бензински пумпи а за менаѓер постави способен стручњак ( во голден 60-ес).
Во принцип ако полесно завршиш не чини бидејќи ќе ти биде девалвирана дипломата. Но така е секаде, затоа способните отвараат приватен бизнис, не само во компјутерската и информатичката техника, дури приватна фирма се нафати спејс шатлови да прави...
И да, ама и не. Затоа што приватниот сектор ако сам не работи, нему месечно нема да му легнат пари како на државниве служби. Така да, до некаде и да вработи со врски, тоа ќе биде пак некој што е квалитетен кадар, оти брат за брат али сирење за пари. Јас лично во свој бизнис не би ставила свое дете да работи, ако е глуп ко труп. Ако ти брат мене ми правиш правиш пари, имаш знаење, вложуваш со трудот во моја фирма, јас ќе бидам повеќе од среќна да те мотивирам повеќе. И волците сити и овците на број.

Али ние си патиме од комплексот на вечноста, денешниве родители се деца на родители кои макотрпно работеле за да створат, нели овие да не мора да се мачат, а па нивните деца, уште поголеми дебили(со чест на исклучоците, кои се малку). Мислат тие а дедо правел ќе има, нема ние што да работиме. Го зборувам ова затоа што го имам во фамилија, такво размислување.

Инаку пред малку се вратив од УКИМ, утрово беа Пленумци во шумарски, па дојдоа кај нас на ветерина и потоа се продолжи на земјоделски и од таму во УКИМ, каде се договараа да одат на архитектонски.
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Се насолзив.
"На крај на писмово моли те мајка !

Не излегувај надвор со водена коса! Ќе настинеш.

Облечи дебела јакна! Ладно е!

Положи го и овој испит и биди ми здрав и жив !

Прими поздрав чедо од твојата мајка.“ – стои во писмото кое мајката го упатува до нејзиниот син студент како и до сите останати студенти."
http://a1on.mk/wordpress/archives/452792
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Професор кога ќе речи "Колеги го поддржувам и почитувам вашето право, настава нема да има", тогаш за сите ќе важи тоа и нема да има падобранци кои ќе одат на предавање,а други да губат семестар. Бидејќи за бојкот на настава од 100% студенти никогаш нема да добијат, колку и да посакуваат.
Јас лично не можам да си дозволам да пропаднам семестар ради шо јас бојкотирам,а други мои колеги да не заостанат со предмети и полагање. Секој денар шо седам тука е на трошок на моите, јас не можам да си дозволам ради што тие ми овозможиле да студирам Скопје да се курназам со моето образоване во вакви услови.
Одреден број студенти не се замараат, другиот дел си вика „други нека ја водат мојата борба, јас ќе си одам на предавања“. Секаде го има тоа, само што кај нас е поизразено поради фиромјанскиот менталитет...[DOUBLEPOST=1424260747][/DOUBLEPOST]@Ilumious
Џенка, ако се оди по таа логика, во најмала рака и на градежен би требало да се воведе таков испит, при завршување на студиите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom