Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Се насолзив.
"На крај на писмово моли те мајка !

Не излегувај надвор со водена коса! Ќе настинеш.

Облечи дебела јакна! Ладно е!

Положи го и овој испит и биди ми здрав и жив !

Прими поздрав чедо од твојата мајка.“ – стои во писмото кое мајката го упатува до нејзиниот син студент како и до сите останати студенти."
http://a1on.mk/wordpress/archives/452792

А на ова вчера не се насолзи?

http://press24.mk/otvoreno-pismo-od-roditel-na-trojca-studenti-moite-deca-nema-da-okupiraat

Или селективно плачеш?
 
Одреден број студенти не се замараат, другиот дел си вика „други нека ја водат мојата борба, јас ќе си одам на предавања“. Секаде го има тоа, само што кај нас е поизразено поради фиромјанскиот менталитет...[DOUBLEPOST=1424260747][/DOUBLEPOST]@Ilumious
Џенка, ако се оди по таа логика, во најмала рака и на градежен би требало да се воведе таков испит, при завршување на студиите.
Не, директно решаваш тука како индивидуалец ставаш твој потпис за судбината на некој човек а и држи вода :) во градежништво еден прави план, друг материјали набавува, трет темели става, четврт контрола врши, не е само еден човек одговорен.
 
Ама се’ оди на проверка кај градежниот инженер на крај. Тој црта столбови, тој прави се’, после тоа оди на терен и гледа како се одвива изведбата, дали има неправилности и на крај тој потпишува (заедно сосамиот проект).
Ако се сруши мост/зграда нема да го бараат мајсторот шо мавал две лопати цемент место три :)
 
Да де ама пред тој да стави потпис има 432432 луѓе кои можат да пријават дека нешто не е во ред. Овие погоре работат како индивидуи : )))
А на ова вчера не се насолзи?

http://press24.mk/otvoreno-pismo-od-roditel-na-trojca-studenti-moite-deca-nema-da-okupiraat

Или селективно плачеш?

Тие што го следеа упатството што го поставила Кафе во ДК 500че. Овој се потрудил писмо да пише, 1000ка.
 
Се насолзив.
"На крај на писмово моли те мајка !

Не излегувај надвор со водена коса! Ќе настинеш.

Облечи дебела јакна! Ладно е!

Положи го и овој испит и биди ми здрав и жив !

Прими поздрав чедо од твојата мајка.“ – стои во писмото кое мајката го упатува до нејзиниот син студент како и до сите останати студенти."
http://a1on.mk/wordpress/archives/452792

То Тонка, цар со. Браво царе, ги растури...

Сакаш сокче и сендвич? Или за помалку те гузат?
 
Да де ама пред тој да стави потпис има 432432 луѓе кои можат да пријават дека нешто не е во ред. Овие погоре работат како индивидуи : )))

Можат да му укажат ама неговиот збор е последен, затоа тој е градеженинженер, затоа стои неговиот потпис.
И на маса во операциона сала сестрата ќе му каже на хирургот, паѓа притисок ама ако овој процени дека може да заврши на време, ќе оди по негово и...
Се разбира, ова е хипотетичка ситуација и отидовме далеку. Поентата (барем мене) ми е дека и покрај тоа што изгледа навидм едноставно, многу работи има кои што треба да се менуваат...

П.С. @Crazy in Love реков до петок ама за неколку часа некој пишал „а медицина?“ :D
 
Абе види и у инжинерство некој одговара за нечиј живот ама треба да се седне да се дискутира и да се види дали такво нешто треба да се воведе што би било по завршувањето на студиите.
Инаку гледам по фб УМС некои состаноци имаат да не прават контра бојкот на пример едните блокираат настава другиве влегуваат и викаат сакаме настава иако некои од нив ги знам не се ни на факултет :D
 
Еј, ама и од двете страни стварно не ми е јасно што е со потресниве изјави и писма.:vrtioci:

Демек нешто да се фаќа на емоционалност.

А бе АРУГМЕНТИ другари, АРГУМЕНТИ, не патетика.

За Тамара да, секое едно писмо и изјава на мајката беше невидено потресно и ужасно тажно, ама тоа е реалната вистина, затоа е и толку потресно, нема ништо пострашно од родител да го изгуби своето дете и тоа само заради бирократски глупости, ама за ова да се прават вакви драми - њет. Не поминува.

Не ме потресоа ни писмата од едната, ни писмата од другата страна. Ова е веќе проблем кој треба да го решиме со рационалност и акал, а не со плачење. Едната страна “што сака да учи“, нека не ми драматизира, нека каже предлог за подобар начин за протестирање, а другава страна нека не изиграва мачеништво, кога имаат и јадење и пиење и ќебиња и нека удрат посилно со давање аргументи и да бидат погласни во нивните барања, а не во нивното мачеништво.[DOUBLEPOST=1424262286][/DOUBLEPOST]
Можат да му укажат ама неговиот збор е последен, затоа тој е градеженинженер, затоа стои неговиот потпис.
И на маса во операциона сала сестрата ќе му каже на хирургот, паѓа притисок ама ако овој процени дека може да заврши на време, ќе оди по негово и...
Се разбира, ова е хипотетичка ситуација и отидовме далеку. Поентата (барем мене) ми е дека и покрај тоа што изгледа навидм едноставно, многу работи има кои што треба да се менуваат...

П.С. @Crazy in Love реков до петок ама за неколку часа некој пишал „а медицина?“ :D

Рече, ама и јас реков дека се додека они прашуваат, јас ќе ги цитирам, тоа и го направив вчера. :D
 
Абе види и у инжинерство некој одговара за нечиј живот ама треба да се седне да се дискутира и да се види дали такво нешто треба да се воведе што би било по завршувањето на студиите.
Инаку гледам по фб УМС некои состаноци имаат да не прават контра бојкот на пример едните блокираат настава другиве влегуваат и викаат сакаме настава иако некои од нив ги знам не се ни на факултет :D

Па и пленумци има кои што не се на факултет. Не студираат со години...
Јас знам едно семејство кое што безусловно ја дава поддршката а само еден е студент.

Или тука одговара, се буди свестта а од другата страна се партиски војници? :)
Иначе и јас наслушнав дека ќе имало контра протести. Комедии :D
 
Се насолзив.
"На крај на писмово моли те мајка !

Не излегувај надвор со водена коса! Ќе настинеш.

Облечи дебела јакна! Ладно е!

Положи го и овој испит и биди ми здрав и жив !

Прими поздрав чедо од твојата мајка.“ – стои во писмото кое мајката го упатува до нејзиниот син студент како и до сите останати студенти."
http://a1on.mk/wordpress/archives/452792
Мислиш синот и заминал во Авганистан.
Синеее и не седи на циментото ќе настинеш. :D
 
Мене ме интересира онака од љубопитност ако некој знае, дали братон Магелан, или како и да се вика и презива, исполнува услови за пензија, или е студент уште? :)

озбилно ме интересира....
 
Мислиш синот и заминал во Авганистан.
Синеее и не седи на циментото ќе настинеш. :D
Е па ако потрае тензијава меЏупартиска ќе се изначитаме патетики и од двете страни.Мислам кој има време да чита...
 
Па и пленумци има кои што не се на факултет. Не студираат со години...
Јас знам едно семејство кое што безусловно ја дава поддршката а само еден е студент.

Или тука одговара, се буди свестта а од другата страна се партиски војници? :)
Иначе и јас наслушнав дека ќе имало контра протести. Комедии :D
Ни тоа не е у ред ја не викам дека ама не можам да зборам за нешто што не знам а ваму знаѓ лично.
 
Се насолзив.
"На крај на писмово моли те мајка !
Не ми се допаѓа писмото, а според стилот мислам дека го напишал некој новинар.
Во ваква ситуација подобро звучат зборовите со кои една Спартанска мајка го испратила синот во војна
Или со него или на него ( се мисли на штитот )
ἢ τὰν ἢ ἐπὶ τᾶς
( Хе тан хе епи тас )
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom