Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.356
Поени од реакции
5.488
Ќе се распадне? Ама знаеш зошто?
Зошто сите се свесни дека со таа нивна хоризонтална хиерархија никаде не се стигнува.
Нели гледаат дека во повеќето факултети присила се вадат студенти од настава? Самите студенти не сакаат да бојкотираат. И тоа кажува нешто.
Не, не е оправдание секој еден да дојде и да каже нешто. Секој еден да дојде и да каже, ќе настане општ хаос, исто како што не можи секој нешто да води и да се истакни.
МОРА ОВА ДВИЖЕЊЕ ДА ИМА ЛИДЕР/И, МОРА!
Друга работа, ако се одлучи и еден факултет да не окупира, да не се окупира никаде. Сите плаќаме семестар, јас да губам предмети,а некој да си тера факултет не е во ред.
Тој кај нас едниот шериф комотно можам да го наречам, што дојде и што мене не ме остави да одржам предавање пред тоа си бил кај него на пмф на вежби. Кој е тој на мој факултет да ми кажува јас дали да учам дали не?
Плус има многу од другите градови, Тетово, Велес, Куманово кои секој ден патуваат и кои со причина не седат Скопје. Секој ден да доаѓаш на факултет и да се мислиш дали шерифот ќе дојде и ќе те турка низ амфитеатар и ќе ти се придерава,а се борат за некаква демократија во општество, кога самите тие ни д од демократија не прокламираат.
Ако не се држи предавања, да не се лишуваат одредени факултети, да не се лишуваат одредени студенти зошто баш во тој термин им се погодило да им влезе шерифот, а другите да држат.
За крај, од секој факултет нека се соберат потписи дали да има, дали да нема, после нека се соберат претставници на локалните пленуми и нека одлучат заеднички според расположението на студентите.

Некој тука пишал, да не биле овие од пленумов ние ќе сме учеле за државен испит.
Не, срце. Да не бевме ние студентите да го поддржиме пленумов кога почна со најчиста мисла и без никаква позадина, ќе се учеше за државен испит. Тоа што некои се истакнаа се истакнаа, 10 % се пленумци, другите се сите нивна поддршка.
Сега не ја добиваат и треба да си ја чукнат главата кој кому штетат.
Незадоволство и негодување се ствара меѓу студентите, не само да се гледаат тие боженствени деца на цвеќето кои седат само во автономната зона, нека видат дали сакаат студентите повеќе некаков марш или да губат секој ден од настава и тоа САМО ОДРЕДЕНИ ФАКУЛТЕТИ.

И јас на почетокот ги поддржував, ги бранев нивните ставови,ама сега ми станаа дури одбивни со ваквите нивни делувања и самоволие.
Во врска со тоа дека некои сакаат да учат а ги ваделе у понеделник сите што беа извадени 90% беа на Пленумот и гласаа за окупација а другите 10 % си отидоа на кафе или дома.
Другото дека треба сите да ја подржат или ниеден се согласувам како што викаш зашто некој да држи настава а ти да му се бориш за неговите права.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Многу добар пост, ама овој дел е полн погодок, затоа и го издвојувам да се види, во случај некому да не му се чита долг пост.

Некој тука пишал, да не биле овие од пленумов ние ќе сме учеле за државен испит.
Не, срце. Да не бевме ние студентите да го поддржиме пленумов кога почна со најчиста мисла и без никаква позадина, ќе се учеше за државен испит. Тоа што некои се истакнаа се истакнаа, 10 % се пленумци, другите се сите нивна поддршка.
Сега не ја добиваат и треба да си ја чукнат главата кој кому штетат.
Пленумот е алатката со која студентите добија глас. Студентите застанаа зад пленумот, студентите треба да бидат пленумот, а не 30 души. Влегување во филмови не е убава работа.[DOUBLEPOST=1424197292][/DOUBLEPOST]
Ова иде ко муабетов за партиските потрчковци, не треба да им викаат фала на партиите кои со програми, уцени и којзнае што обезбедил гласови за мандат, за вработувањеto во администрација, туку да се заблагодарат на граѓаните што ги изгласале на избори. :D

За ова другово си во право, ако нема на сите факултети прекинување на настава, подобро на никој да нема
Па да, треба да им речат. Ако не победуваат партиите на избори, нека да добијат ни работни места.
На страна притисоците, имаш огромно гласачко тело кое навистина поддржува програма или политичка партија. И да не се тие, нема ни да се добијат гласови. Нема да се добиваат избори. Нема да има вработување во администрација.

Не знам како никој не го гледа тоа.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.356
Поени од реакции
5.488
Многу добар пост, ама овој дел е полн погодок, затоа и го издвојувам да се види, во случај некому да не му се чита долг пост.



Пленумот е алатката со која студентите добија глас. Студентите застанаа зад пленумот, студентите треба да бидат пленумот, а не 30 души. Влегување во филмови не е убава работа.[DOUBLEPOST=1424197292][/DOUBLEPOST]

Па да, треба да им речат. Ако не победуваат партиите на избори, нека да добијат ни работни места.
На страна притисоците, имаш огромно гласачко тело кое навистина поддржува програма или политичка партија. И да не се тие, нема ни да се добијат гласови. Нема да се добиваат избори. Нема да има вработување во администрација.

Не знам како никој не го гледа тоа.
Па имам чуство дека тие што не сме у Пленум а ги подржуваме студентите треба да идеме таму да им укажеме на грешки или тоа дека сите решаваат а не тука да пишуваме...
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Колку многу суета има на темава. Како малку да се куропушачите од типот на Џони и Брутус.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.719
Поени од реакции
16.932
Да, ама ти си тој кој утре треба да застане во судница и да ги брани правата на некој. Не јас. Вие сте тие што утре треба да ја работите оваа работа. Нели овој закон директно се коси со она што вие го учите? Јас од тебе сега дознав дека нема бојкот на Правен, и искрено да ти кажам срам да ви е. Ако е битката заедничка и сите сме еднакви зошо не бојкотирате и вие? Кај мене нема настава веќе 4ти ден, али медицина, фармација, правен,педагошки,земјоделски,шумарски си тераат. Зошо не се размислило дали ќе има доволно студенти да ги покријат сите факултети пред окупацијата?
зошто медицина и фармација да бојкотираат ?? они си имаат државен испит по дипломирањето, така е од секогаш .. плус они плаќаат ептен дебела партиципација и имаат обемна програма, само некој надворешен платеник може таму да праи блокади...
.. ај после одите да ве лечи или оперира доктор со купена диплома :D
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.356
Поени од реакции
5.488
зошто медицина и фармација да бојкотираат ?? они си имаат државен испит по дипломирањето, така е од секогаш .. плус они плаќаат ептен дебела партиципација и имаат обемна програма, само некој надворешен платеник може таму да праи блокади...
.. ај после одите да ве лечи или оперира доктор со купена диплома :D
Ама таа диплома е уствари на крај кога ќе завршиш како работна дозвола нешто нели?
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Малку зафрканција, го најдов случајно гледајќи скечеви на јутјуб "Топ Листа Надреалиста"


:D
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.025
Поени од реакции
12.695
зошто медицина и фармација да бојкотираат ?? они си имаат државен испит по дипломирањето, така е од секогаш .. плус они плаќаат ептен дебела партиципација и имаат обемна програма, само некој надворешен платеник може таму да праи блокади...
.. ај после одите да ве лечи или оперира доктор со купена диплома :D
Партиципацијата е иста на сите факултети, 200/400 евра. И јас имам обемна програма па шо?
И пак по стотти пат се кажува дека испитот кој тие го полагаат е за стекнување лиценца, не е државен испит.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Taка де. Ама некој мора да покрене иницијатива и да се појавува по телевизии и да троши време, а твое и мое беше само да се појавиме на марш. Да не беа тие 10% што ги кажуваш, многу е веројатно дека ќе се учеше. Сите ќе станат лидери утре, ако се смени власта?

Ова иде ко муабетов за партиските потрчковци, не треба да им викаат фала на партиите кои со програми, уцени и којзнае што обезбедил гласови за мандат, за вработувањеto во администрација, туку да се заблагодарат на граѓаните што ги изгласале на избори. :D

За ова другово си во право, ако нема на сите факултети прекинување на настава, подобро на никој да нема
Без разлика кој покренал. Се покренува некој што има глас за тоа.
Треба да сфатите еднаш засекогаш дека не секој човек ги има тие лидерски способности за кои трубам неколку постови уназад.
Не секој можи да се истакни. Тоа е индивидуално, тоа човекова карактеристика, не секој можи да ја поседува.
Во обратна насока го сфаќаш муабетов.
Ако е така, ние уствари треба да им сме благодарни на ВМРО шо се на власт, треба да му ги бацуваме нозете на Адеми и на тој што му наредил да има државен испит, зошто да не беа тие, ние немаше да имаме министерства, ние немаше да имаме влада, ние денес немаше да имаме споменици од пола милион евра.
Цела моќ е во народот, но тоа што сме типичен балкански менталитет и сиромав народ кој лесно може и со една 1000ка плус да се манипулира, тоа не прави со врзани раце и зависни од партиите и не прави со вакви мислења.
Да,благодарна сум на дечките што излегоа го кренаа гласот, не кренаа и нас студентите на нозе. Јас самата бев таа што ги поддржував на почетокот, ги подржував и на два протести, како што направија и многу мои колеги и многу други студенти од други факултети, кои дента одлучија да не одат на предавање, туку да излезат на марш. И тоа е некаков бојкот, не?
Но, не можам за се што ќе кажат јас слепо да поддржувам и слепо да верувам.
Кај мене на факултет единствен начин да знам дека постои студентски пленум е стикерот на корпата за ѓубре пред факултет. Ниту има некој претставник,ниту прашал за мислење на студентите, ништо, ништо.
Се што има е присилно упаѓање на предавање и прогласување автономна зона.
Епа не се прави така.
Ако не се способни да управуваат со толкава толпа на луѓе, нека кренат раце, зошто верувај ако наумат ВМРО да има државен испит, ќе има, ма ние колку сака нека спиеме на факултет, пиеме кока коли и фанти, јадиме моцарела, цртаме и пееме.
Толпа луѓе треба некој да ја предводи.
Оди на војска некоја речи им самите организирајте се, овдека секој нека учествува како сака и што сака нека прави.


Во врска со тоа дека некои сакаат да учат а ги ваделе у понеделник сите што беа извадени 90% беа на Пленумот и гласаа за окупација а другите 10 % си отидоа на кафе или дома.
Другото дека треба сите да ја подржат или ниеден се согласувам како што викаш зашто некој да држи настава а ти да му се бориш за неговите права.
Не е точно. Кај мене на факултет, никогаш не се изгласа такво нешто. Јас еве од 2ри февруари одам на предавања, никогаш не сум сретнала некаков плакат на факултет нешто дека ќе има пленум дека нешто ќе се гласа да се бојкотира кај нас настава.
Тоа го изгласаа тие што беа на филозофски, но и тие не се доволно за да одлучат за останатите студенти, пошто помалку беа колку цел еден економски или правен,а што останува за другите.
Јас искрено не знаев дека ќе биде бојкот на наставата, дека ќе се одлучува такво нешто. Видов event на фејсбук,мислев дека се собираат ко дебата да прават, отпосле кога почнаа свирежи едно друго и кога почнаа масовно сето тоа да се пренесува сфатив за што се работи.

Тие што беа извадени не беа на пленумот не трескајте зелени. Значи кога ќе ти кажам дека присла вадеа и присила вадеа од настава. Се дереа и парадираа по цел факултет и тоа го видов со свои очи. Тоа не е начин да убедиш студент да се приклучи на твоето движење и крај!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
зошто медицина и фармација да бојкотираат ?? они си имаат државен испит по дипломирањето, така е од секогаш .. плус они плаќаат ептен дебела партиципација и имаат обемна програма, само некој надворешен платеник може таму да праи блокади...
.. ај после одите да ве лечи или оперира доктор со купена диплома :D
А бе, селективно ги читаш постовите или?

ВЧЕРА ГО ПИШАВ ПОСТОВ, ако не го прочита еве пак. И се додека го држиш аргументов ќе те цитирам за да престанеш да шириш дезинформации.

Ај сега по 130390490319031313 пат, државниот испит на медицина и фармација нема никаква врска, ни поврзаност со овој што сакаат да го воведат, бидејќи прво: го полагаат скрос на крај, ПОСЛЕ дипломирање, т.е положување и на последниот испит, НЕ им се кочи образованието; второ: со тој испит што го плаќаат во суштина, фактички добиваат лиценца за работа. НЕ Е ИСТО!
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.384
Поени од реакции
18.529
Дојдете на некој од пленумите,зборете со тие што протестираат може и ќе смените мислење.И мене не ми се свиѓаше на сила вадењето од предавања,али го подржувам ова. Нема да изгубите цел семестар,вајда не мислите дека ќе дозволат цела генерација да заостане?
Али ова што не се протестира на другиве факултети е брука,поготово на правен.Они беа најгласни,а да не зборам колку од нивните шетаат по други факултети да праат автономни зони.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.877
Поени од реакции
12.410
зошто медицина и фармација да бојкотираат ?? они си имаат државен испит по дипломирањето, така е од секогаш .. плус они плаќаат ептен дебела партиципација и имаат обемна програма, само некој надворешен платеник може таму да праи блокади...
.. ај после одите да ве лечи или оперира доктор со купена диплома :D
колку што ми е познато, тоа е стручен испит, т.н. регулирани професии што нема поврзаност со овие т.н. екстерни испитувања.
Дојдете на некој од пленумите,зборете со тие што протестираат може и ќе смените мислење.И мене не ми се свиѓаше на сила вадењето од предавања,али го подржувам ова. Нема да изгубите цел семестар,вајда не мислите дека ќе дозволат цела генерација да заостане?
Али ова што не се протестира на другиве факултети е брука,поготово на правен.Они беа најгласни,а да не зборам колку од нивните шетаат по други факултети да праат автономни зони.
ако добро прочитав негде, ПП има отприлика 400-500 професори, ако не е грешка информацијата. Зошто тие не делуваат на своите факултети, не знам. И не ми е јасно зошто пред да се почне со ваков вид протест, не се седна да се договори како и што ќе се преземе во врска со наставата и испитите. На тој начин веројатно ќе се придобиеше уште еден дел од оние кои се индиферентни или кои се против протестите заради наставата и трошоците. Од причина што нема добра медиумска покриеност (напротив, медиумите и ликовите контра активностите не се за потценување), барем некако да се амортизираше дел од проблемите. Треба да земете предвид дека за жал е точно тоа, ние сме проста аморфна маса без грам памет, паметење и пошироко размислување за вакви настани па само еден дневник на конкретен медиум ќе сруши многу труд на СП.
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
колку што ми е познато, тоа е стручен испит, т.н. регулирани професии што нема поврзаност со овие т.н. екстерни испитувања.
За општа медицина, со диплома можеш само асистент да бидеш. Мора да полагаш државен испит што од годинава се плаќа 1 000е за да можеш да работиш како доктор.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.384
Поени од реакции
18.529
колку што ми е познато, тоа е стручен испит, т.н. регулирани професии што нема поврзаност со овие т.н. екстерни испитувања.

ако добро прочитав негде, ПП има отприлика 400-500 професори, ако не е грешка информацијата. Зошто тие не делуваат на своите факултети, не знам. И не ми е јасно зошто пред да се почне со ваков вид протест, не се седна да се договори како и што ќе се преземе во врска со наставата и испитите. На тој начин веројатно ќе се придобиеше уште еден дел од оние кои се индиферентни или кои се против протестите заради наставата и трошоците. Од причина што нема добра медиумска покриеност (напротив, медиумите и ликовите контра протестите не се за потценување), барем некако да се амортизираше дел од проблемите. Треба да земете предвид дека за жал е точно тоа, ние сме проста аморфна маса без грам памет, паметење и пошироко размислување за вакви настани па само еден дневник на конкретен медиум ќе сруши многу труд на СП.
Тоа професорскиот пленум се глупости,имаш факултетити како машински кај што немаше ниеден член.Кај мене на факс повеќето професори даваат подршка,и веројатно ќе има помош окулу губењето настава.
Али еве има професори хардкор вмровци што никогаш нема да ги добијат,па од таа причина не глеам како би се договориле со нив. Деновиве имало некој што се заклучувале по училни,цел факултете нема настава и овие нашле најпаметни да се праат. Мене ми сметаше што наеднаш многу почна,немаше некое добро објаснување али дека се у право у право се.
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Професор кога ќе речи "Колеги го поддржувам и почитувам вашето право, настава нема да има", тогаш за сите ќе важи тоа и нема да има падобранци кои ќе одат на предавање,а други да губат семестар. Бидејќи за бојкот на настава од 100% студенти никогаш нема да добијат, колку и да посакуваат.
Јас лично не можам да си дозволам да пропаднам семестар ради шо јас бојкотирам,а други мои колеги да не заостанат со предмети и полагање. Секој денар шо седам тука е на трошок на моите, јас не можам да си дозволам ради што тие ми овозможиле да студирам Скопје да се курназам со моето образоване во вакви услови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom