Да, сеуште стојам на ставот дека првото полувреме беа СРАМ за ракометната игра, а за второ полувреме не сум видовит па да зборам пред време.
Прочитај го мојот прв пост, Металург знаеа да одиграат нешто кога Кил играа со одбрана 6-0, а кога им сменија на 5-1 не дадоа гол цело полувреме.
Од икс причини Кил се вратија на 6-0 и порастеретено влегоа во второ полувреме што беше причина Металург да се растерети и да даде уште некој гол.
Дали си вежбаа одбрана 6-0 не знам, битно доста лош потег од тренерот на Кил.
Со еден поистурен во одбраната, немаше да можат една акција да направат.
Во второ полувреме покажаа мал квалитет, ги гледав и на претходните мечеви и изиграа доста храбро, налик на вториот дел со Војводина. Замисли 40 минути им требаа за да одиграат акција до пикер и до крило.
Ништо од ова немаше да искоментирам, ако ова не се идните ѕвезди во најава.
Колку години ги најавуваат овие играчи?
Колку години имаа одлични услови за тренирање?
Колку години играат заедно?
Пак ќе ти потенцирам, истите играат во сениорска лига колку и да е слаба истата.
Кога ќе ги додадеш Металург и Вардар лигата и не ни е така слаба

, ако ги одземеш нив, тогаш е веќе друга работа, мада освен лигите како Француската и Германската, ниту една друга не е на којзнае каков квалитет.
Истите играчи ја сочинуваат цела младинска селекција, и веќе имаат искуство од големи мечеви, не се туку така излезени од сала и оп одма одиме на Кил.
Ќе повторам по милионити пат, јас мислев дека ќе примат многу повеќе голови и ме изненади лежерната игра на Кил. Спореди го Кил кој лани го торпедираше Металург, каде што буквално ги уништија и спореди со гаста која ја даваа денес. Ни они немаа никаков жар во играта, ниту во прво, ниту во второ полувреме.
Ти сакаш да ми кажеш дека Металург со нивната денешна игра ги натерал да не дадат толку голови колку што се очекуваше?

Демек изиграа некаква одбрана со која придонесоа Кил да загуби топка?
Не, мене ми личеше дека кога сакаат можат да направат зицер, тоа што не ги погодуваа сите зицери е друга работа.
Пак ќе кажам, како навивач на Вардар мене ми е супер што сеуште се јачаат играчите на Металург, дека не е битно да губат, нивното допрва доаѓа, ама кога гледам на терен мислам дека тоа нивно никогаш нема да дојде.
Најсмешно ми е кога некоја екипа нема барем еден критичен навивач, туку за нив нивните се најдобри и слично. Јас секогаш реално коментирам остро кога некој заслужил остар коментар, без разлика дали е играч на Вардар или не, затоа и ме сметаат за најнегативен кога типувам исходи на натпревари на Вардар, па на крај испаѓа дека сум во право

Петте гола на Талевски се затоа што цела игра беше наменета за него, само он шутираше.
На времето и Караиванов даваше по 8 гола на утакмица против екипи во ЛШ, па веројатно не си ни слушнал за него.
Ова ти е класично пумпање на квалитетот на една екипа, а всушност истиов резултат може да го направи и Пелистер со нивниот млад тим, со Дрогришки, со Кузмановски, па и Чурлевски да го имаа.