Ама зашто ми објаснувате за Балотели дека се сменил? Глеам дека игра подобро последниве утакмици ама до кога? Кај него циклуси се. Така беше и во Сити и во Милан се додека не се поремети пак. Нели летоска Брендан му рекол да се враќа на корнери? И се враќаше? Две три утакмици, после тикви. Не е оправдување тоа дека му се менувал тимот, бла бла, Суарез со нови 7 играчи најмалку играше секоја сезона па кинеше. Нели се смета за класа напаѓач? Ако успее вака да тера супер за него и за Ливерпул ама лично јас не верувам. Затоа и први мети на Брендан беа Бензема, Кавани, Фалкао а не Балотели, али разбирам зашто го штити сеа кај што кажав.
Рики, не е до Ван Гал тоа со Фалкао, како што кажав, тој докажува дека е расен напаѓач, или гол или асистенција има, но проблемот на кој му замеруваме е што нема снага да се загради, да добие дуел, лесно губи топка. Не е до тренер тоа. За вакви работи и Чичарито беше добар.
Муабетиве за Ван Гал и Мојс се смешни, а дека не му дале пари на Мојс е исто така тресење од ракав. Бејл, Коентрао, Бејнс, Фелаини,Фабрегас, Тиаго, за сите имаше финансии да потроши, не е кривица на Манчестер што немаше план Б. Ние му замеруваме само за тврдоглавоста на Луј со одредени ротации, а за максимумот што го вади од некои играчи, за дисциплината, за тоа што е име кое може да донесе класа играч и најголемиот критикувач нема замерка, ене ви објасниле погоре, не ќе се повторуваме сто пати. Исто така глупо е, Манчестер биле трети ради Арсенал и Ливерпул што биле неспособни, па така за секоја сезона за секој освојувач на титулата ќе најдеш оправдање зашо е шампион, не па за топ 4. Мене ми делува ко да ве стига нервозата од гадната игра и тесните победи
ФА куп и топ 4 ќе е прилично успешна сезона за Манчестер како за враќање од пропаста лани.