Сакам да кажам неколку ствари. Не е се упатено до членот кој го цитирам.
Прво, стручна помош под итно. Глеам никој не го цитирал, али барем сте можеле мислењето да му го забришете мислењето, на што личи ова. Се праи нешто интересен па пишува све и свашта.
Второ, ниту тој трет протест ниту Џака, во друго е проблемот.
Трето, не се затвараат во зграда, отворена е истата, слично како што е отворена кога има регуларна настава.
Четврто, барем пред состанокот во Влада, од професорски пленум збореле со Велимир околу окупација, се спомнувале ќе се одржат екстра предавања ако треба, екстра време за сесија (иако бар од тоа што јас сфатив, за полагањата мислам дека беше ставот да има, како и одбрани на магистерски/докторски). Али сеа работите се поинакви.
Петто, се' уште сум на став дека е утнат тајмингот. Ова требаше доколку не' заебат нешто околу тоа што беше договорено на состанокот во Влада, па тогаш мислам ќе имаше уште поголем одзив од студентите. Но, доколку се потпише таа спогодба или како и да ја нарекоа, која треба да се потпише меѓу Интеруниверзитетската конференција и МОН, ваљда ќе заврши ова (иако според мене, ниту тогаш не треба комплетно повлекување, туку притискање кое не мора да вклучува прекин на настава).
TrueBlue еве ти како еден од форумџиите со најтазе информации од пленумот, ако знаат во што е проблемот нека го посочат, нека знаат и оние студенти кои не се вклучени директно во пленумот.
Не можи само членови на пленумот да знаат за што како ќе се работи,а ние што онака поддржуваме, меѓутоа не сме некои нагласени активисти да не знаеме и да чекаме на изненадувања.
Тоа се случи на третиот протест и од таму се почна надолу, кога најавувавте спектакл, "дојдете пред влада ќе биде интересно", "ќе имаме изненадувања", "носете устав ќе видете за што"
Значи, треба за се да се известени сите студенти.
Факт е дека сите истовремено студенти не можат да се вклучат во организација, тоа можат неколку, а останатите да ги следат. Едноставно така се фукнционира, ако сите се вклучиме ќе настане општ хаос. Но, мора да се средат прво работите и да се известува постојано за се што ќе се случува јасно и без никакви изненадувања, не славиме нова година, нема да имаме лотарија.
И повеќе од јасно е дека ова е најповолна почва сега во моментов да се слушне гласот на студентите, власта е на стаклени нозе, но да не се влегува од една во друга грешка и тоа се да не оди на сметка на студентите не е баш паметна идеја, пошо овде сами си штетиме.
Нека се излези на марш уште еден, нека се блокираат најпромете улици, нека се здрви Скопје, нека не се остават господата од МОН да излезат да си одат дома после работа.
Значи некое пококнретно дејствие кое ќе ги натера да го слушнат нашиот глас, вака само се седи на факултет, кој што стигнал одма тргал и донации да се бараат од граѓани, кога во државава имаме многу покритични ситуации на кои им е потребна храна и средства за хигиена.