Најјак момент уствари е што во темава сите со кои се караше/дискутираше
@Bojan Van Buuren мислеа дека е дел од СП, а сега од друга страна го прават УМС во живо.
Јас не го знам човеков, па пак ми е смешно.
Проблемот во државава, општо, а и сега се потврдува - не знаат луѓето да прифатат различно мислење и секоја критика ја доживуваат лично и секој што ги критикува е душман.
Од една страна се бориш за слободен простор, од друга страна ако некој ти рече: а бе супер, ве поддржувам, ама еве ова не ми се свиѓа, ко Бојан (не ме сфаќај погрешно, те земав ко пример, дека наведе лично искуство, а и си студент) што направил, го направиле непријател, штабски полтрон, плакатолепач и слично, а од друга страна се лутеа на Курир кога ги претствуваше како Соросоиди.
Не може така, не може да маваш со исто оружје против кое се бориш.
И јас имам впечаток дека маааалку влегоа во филм, што исто така е разбирливо, понесува еуфорија и аденалин, ама треба да сфатат дека нема секоја постапка да им биде подеднакво прифатена кај сите. И кога ќе чујат критика, треба да ја размислат, зошто е таа дадена. Секако дека ако сметаат дека е правилно треба да продолжат, но треба секој студент што ќе им даде мислење да го ислушаат, а не да го вреѓаат само затоа што не се согласува со нешто. Сепак е движење на студенти. Ако некој не се согласува со тебе, не значи дека ти е непријател.
Гледам и дека ги плукаат оние студенти кои идат на кафе и не се приклучуваат и немаат став, биле вмровци. Мислам, кога се бориш за некоја цел, треба да сфатиш дека секогаш ќе има група на луѓе која ќе биде апатична и нема да ти се замара. Тоа е личен избор. Има луѓе кои не се замараат и тоа си е веќе нивно, не може со сите навреди да ги плукаш. Можеш само да дебатираш и дискутираш и да пробаш да ги убедиш. Ако не сакаат, тоа е. Си продолжуваш со својата борба.
Инаку акциите си се легитимни. Секој има право на ненасилно изразување револт и не треба ни по нив да се плука, не го запалија факултетот па да кукате, не е баш дека не може ништо нормално да функционира. До сега си се културни, фини и воспитани. И имаат секакво право да го прават тоа, доколку сметаат дека ќе води кон исполнување на барањата. Легитимно е се додека не е насилно и не повредува нечија слобода, а сега за сега не го прави тоа. Не е дека ги држат во заложништво останатите.
Сакав само да кажам дека секогаш сум го мразела оној “Ако не си со нас, против нас си“ став, без разлика од која страна доаѓа. Без разлика дали е од власт, опозиција или индивидуа.
Можам со тебе да се согласувам за се, ама ако имаш таков став, природно ми доаѓа да не ти дадам поддршка. Не станува збор сеа за студентите, општо зборев и за дебати и дискусии.