Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Во Лондон студентите неодамна штрајкуваа затоа што картата за метрото им поскапе 80 пени.

80 пени на тој англиски стандард и во кој студентите имаат најмногу бенефиции.

И успеаа да ја вратат цената назад. А тука Џоница и пар ликови ти викаат седете учете :facepalm:
Првите протести пред неколку години беа со парола „студии само за богатите“ зошто образованието стана прескапо. Мислам дека ова беше причината.

Ова со пените нема потреба да се коментира, ние сме богат народ, ќе се романчиме за 20 денари, ебате...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Првите протести пред неколку години беа со парола „студии само за богатите“ зошто образованието стана прескапо. Мислам дека ова беше причината.

Ова со пените нема потреба да се коментира, ние сме богат народ, ќе се романчиме за 20 денари, ебате...
Да, оние главните протести кога гореше цел Лондон буквално, или барем центарот на Лондон, беа заради новите поскапувања во образованието, плус некои други ситни измени кои ги разбеснија студентите и се случи тоа што се случи.

И таму имало опозиционери. Во секој голем протест опозицијата буцка пошто и одговара незадоволство де. Тука се мајки Терези се прават, ко да не разбираат како функционира политика.

И кај нас се правело истото во минатото, само страните биле обратни.

Политика е вид на шоу. Колку ќе биде добро шоуто, зависи од главните актери.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Да, оние главните протести кога гореше цел Лондон буквално, или барем центарот на Лондон, беа заради новите поскапувања во образованието, плус некои други ситни измени кои ги разбеснија студентите и се случи тоа што се случи.

И таму имало опозиционери. Во секој голем протест опозицијата буцка пошто и одговара незадоволство де. Тука се мајки Терези се прават, ко да не разбираат како функционира политика.

И кај нас се правело истото во минатото, само страните биле обратни.

Политика е вид на шоу. Колку ќе биде добро шоуто, зависи од главните актери.
Да да, од кога го пишав постот пролистав и на нет.
Е сега, според мене на тие студенти може повеќе да им се дозволи такво радикално беснеење пред светската јавност зошто секој погрешен потег на британски полицаец ќе биде строго санкциониран.

Од друга страна реално за фиром не многу се заинтересирани па затоа си јадеме ќутек при секој обид да бидеме радикални.

Овој протест може да биде отскочна даска и да се излага буквално за се’ што ќе биде некоректно. Најмногу алудирам на студентите. Ќе имаат потпора а власта (која и да е) ќе и биде дадено до знаење дека не е секое чудо за 3 дена...
 

VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Легитимниве од студентски парламент се огласија.
Сакам кажам не знам речам. Можда немаме легитимитет,ама професорите најмалку треба да кажуваат за тоа дали сме легитимни или не. :facepalm:

По повод се поголемите напади на кои целна точка се членовите на СПУКМ, ние донесовме заклучок дека не би било мудро да се продолжи со игнорирање на нападите и посветување на активностите кои беа предвидени. Иако претходно, членовите на СПУКМ решија да покажат една воздржаност, смиреност и разумност во моменти кога се бескурпулозно се гази по дигитетот на нашите членови должност ни е да се заштитиме од етикетизации и стигматизации и да се потрудиме доколку е тоа можно да дадеме експликација за нашето дејствување кое не беше толку јавно и фронтално како на другите студентски организации. Во неколку интерни состаноци, скоро едногласно беше изгласан предлогот да се почека на реакција по повод измените во законот за високо образование, се дури корегираната верзија на постојниот закон не биде целосно осознаена од наша страна. Како официјална организација, ние имаме должност пред студентите, професорите, но и јавноста да го донесеме најразумното решение и да ги анулираме последици од поширок ранг кои би имале негативна денотација. Откако законот беше разгледан, секој кој пројави желба да учествува во неговото толкување беше повикан да го стори тоа. А правејќи компилација од прелози дојдовме до решение дека законот има голем број проблематични точки за кои треба да се пројави поголем интерес и да се подготви поекстензивна аргументација. Ставот на СПУКМ беше транспарентен, но малкумина пројавија волја да го запознаат. Од друга страна, следејќи содржини пренесени преку средствата за масовно комуницирање, ние се соочивме со секакви искривувања на вистината и обид за правење на гротеска од нашата програма бидејќи од поединци беше прецизирано дека ние одбиваме кооперација и истовремено спречувајќи ги да го осознаат нашиот однос кон промените во законот за високото образование. Одговорно тврдиме дека ниту еден член од СПУКМ немал повик за кооперација и дека студент кој не припаѓа на оваа студентска организација не пројавил интерес да се запознае со програмата на СПУКМ. Наместо тоа, за жал се соочивме со шпекулации, провокации и девалвирање на членството на студентска организација кое го препознаваа како продолжена рака за контрола на естаблишментот. Во прилика ќе нагласиме дека ние ниту сме естаблишмент, ниту електорат во овие услови ние сме само студенти кои беа предизвикани да дадат отпор на сите антиномии кои се поврзани со членскиот корпус и самата студентска организација како институција. На наше големо разочарување, токму оние професори, па и студенти кои јавно бараа да не се ставаа партиски префикс пред нивниот идентитет и активности истото тоа го прават со студентите, партиципиенти во истата студентска заедница. Меѓу другото, професори кои апелираа премиерот да не ја дели академската заедница и тврдеа дека сите кои се посредно или непосредно засегнати од ново настанатата состојба во високото образование се на една иста страна. За да понатаму истите тие професори, јавно повикуваат да се избрише постоењето на СПУКМ како студентска организација кое освен што е официјална постои со децении и која ги преживеа сите веќе видени фрактури во студентската организација. После ова имаме проблем да разбереме како поединци професори кои до неодамна сме ги гледале како рационални авторитети кои имале слобода да го детерминираат нашиот вредносен систем, нашиот научен профил и личносните аспекти од човекувањето можат да манифестираат однесување кое индицира не само постоење на длабока хипокризија, туку и шизматичност во однесувањето што е погубно како во професионален така и во персонален аспект.

Фрапирани бевме и од бизарните постапки на некои професори кои се обидеа да го доведат во прашање легитимитетот на нашата студентска организација. При што нема да се обидеме гностички да пристапиме во дескрипција на нашиот легитимитет и легалитет, туку едноставно ќе кажеме дека ние легитимитетот не го црпиме од професорите и дека тие се последната група во академската заедница која би можела да дискутира на тоа прашање. Дегутантно е еден универзитетски професор кој треба да работи на сплотување на студентите во насока на остварување на заедничка цел да девалвира студентска организација која брои повеќе од двесте активни членови, немајќи ги предвид соработниците и поддржувачите. Ние, нема да дозволиме да ни се навредува интелигенцијата и да ни се гази по достоинството, туку користејќи модус кој сметаме дека треба да е иманентен за професори (како модел од кого ние треба да научиме да ги постигнуваме целите преку компатибилен канал) достоинствено и водени според принципите на разумот (на не инстинкти, емоции, интуиција) ќе се конфронтираме со секој што ќе ги наруши функциите на нашата организација.

СПУКМ ги замолува сите да бидат воздржани и смирени, што не значи апатични и индиферентни(како што во нашиот случај тоа беше протолкувано) и да не се посегнува во разорување на универзитетската заедница бидејќи последиците во футуристички поглед би биле погубни за секој од нас. Исто така, би ги замолиле сите кои се обидуваат да го дисквалификуваат СПУКМ со интенција да се наметнат како легитимна студентска организација наместо да шират небулози во јавноста да се обидат да разговараат и да се обединат со нас во заедничката борба што ја водиме за подобрување на квалитетот во високото образование и штитење на интересите на студентите.

Иако со Студентски и Професорски Пленум, сме на иста страна и досега многупати ги подржавме нивните активности ( како на пример протестите, барем голем дел од нашето членство) сепак, идејата за окупирање на универзитетот нема да добие наша поддршка. Сметаме дека е контра правно да се окупира универзитет и да се демонстрира незадоволство, истовремено спречувајќи ги другите студенти нормално и редовно да учествуваат на наставата. Учеството на наставата е остварување на правото на образование, а да потсетиме дека во правните акти (Уставот, законите, конвенциите) рамката на слободата за остварување на правото бива спречена од судирот со поединец или група кои имаат слобода на остварување на права повторно се дури не ја загрозат слободата на другиот/другите. Многумина студенти сметаат дека комплетни услови кои вклучуваат мир, стабилност и одржување на поредокот на образовниот систем не смеат да бидат нарушени. А тоа значи и дека не може да се пушта гласна музика и да се зборува премногу гласно, се додека во библиотека има некој кој чита или во предавална некој што следи предавања. Го ослободивме факултетот? Но од што? Од нас самите, можеби затоа што повеќе би сакале истиот да го претвориме во место за игра и песни одошто место за наука. Па да науката е и така здодевна. Но да потсетиме, манифестната и примарната функција на факултетите не е да се претворат во арена за конфронтација на политички ставови и интереси, на факултетите се занимаваме со наука и градиме научен профил. Човекот е хомо луденс, немаме ние ништо против играта но кој сака да се игра нека повели во парк, на факултет не му е местото. Жалиме што многумина професори повеќе се заинтересираа да дадат поддршка за организирање на протести одошто за организирање на научни, студентски конференции. Ваквиот нивен избор не би го толкувале, ниту би прејудицирале за причините да се однесуваат така како што не се очекува од нив (ниту во полето на професионалната ниту во полето на персоналната етика). Од друга страна би биле многу задоволни доколку оваа борба ја истераме на институционален начин и повеќе би се задржале на правење анализи и конструирање на аргументативна заднина отколку да пројавуваме однесување кое од страна би можело лесно да биде протолкувано и како вандалистичко (силни извици, гласна музика, свирење, одржување на говори кои содржински изобилуваат со куп вулгаризми и термини кои не смее да си дозволи да ги користи академски граѓанин кои се бори да ги задржи привилегиите).
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да да, од кога го пишав постот пролистав и на нет.
Е сега, според мене на тие студенти може повеќе да им се дозволи такво радикално беснеење пред светската јавност зошто секој погрешен потег на британски полицаец ќе биде строго санкциониран.

Од друга страна реално за фиром не многу се заинтересирани па затоа си јадеме ќутек при секој обид да бидеме радикални.

Овој протест може да биде отскочна даска и да се излага буквално за се’ што ќе биде некоректно. Најмногу алудирам на студентите. Ќе имаат потпора а власта (која и да е) ќе и биде дадено до знаење дека не е секое чудо за 3 дена...
Јасно. Додуша јас сум генерално против насилни протестирања искрено. Тоа си е некој мој принцип и сум против секакво насилство, дури и да се согласувам со револтот.
Меѓутоа лекцијата од Англија е дека студентите треба да се бунат, младоста си го носи тоа со себе.
И да, треба да излегуваат, за се што сметаат дека е неправилно за нивното образование. Сега, нормално е дека нема секогаш се да добијат, никаде не добиваат секогаш се, ама ќе прават џева и полека ќе си ги подобрат условите.

Муабетот ми беше и за овие што се чудеа као демек имало опозиционери. Ќе има. СЕКАДЕ во свет така функционира, а овде сите ќе се прават изненаѓени и увреѓени и ништо не им е јасно. Им одговара да буцкаат едноставно. Нормално е тоа во политика. :)
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Нема опозиција на светско ниво што не би го искористила ова и би рекла „ај, нека завршат они, па нека се консолидира власта и ние тогаш ќе си го бараме своето“.

Мене ми е само криво што победата на студентите ќе си ја препишат, кога-тогаш.
Во иднина ќе ја спомнат во некоја нивна кампања а реално да правиме муабет, тоа што го направија студентите за 3 месеца било која опозициска партија го нема направено додека се крвопијциве на власт.

Тука доаѓа следното прашање кое веќе навлага во политика.
Ако не се способни да си ја водат партијата, зошто мислат дека можат да ја водат државата?

Али ајде, за тоа во живо :)
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Али затоа тие што се "претставници" на студентите користат термини како на пример "контра правно". Абе срамота е бе посебно за Кирил, толку години е на Правен...

Пази, "под присила ќе се поклонувале дипломи"...:pos::vozbud:
Нов лик? Дајте манете го него и неговата штабска пропаганда.
А „вистинските претставници“ на студентите кои мислат дека се пратени лично од Господ тука на земјата да не избават нас обичните смртници од гревовите и кои се пратени да ни го покажат патот кон трезвеното, објективно и непристрасно размислување и делување се користат со закани од типот „ако не излезете сами ќе ве натераме“, „бидете сигурни дека семсетаров нема да помине регуларно“ и на крајот да ни праќаат поздрави „поздрави ги другарчињата од умс“ и патем да прават гестови како поповите со значење „господ нека ви е на помош вас што не не поддржувате“.

СПУКИМ се гомно, тоа не го спорам, ама и овие „преродбеници“ во ликот на СП не се ништо подобро ;)[DOUBLEPOST=1423827369][/DOUBLEPOST]
Дада, сите што излеговме на маршот и на протестот во декември бевме потплатени, имаме книшка од СДСМ урамена на ѕид, не мрзи да учиме и немаме појма што пишуваме за семинарски/дипломски, идам на факултет пошто е кул, нели...:facepalm:

Преку долниов више од вакви постови. Не ја трујте више темава со постови што личат како да се напишани од особи со IQ пониско од собна температура. (или се?)

FYI, излегов и на маршот и на протестот кога имавме колоквиуми, на "најладното", а не сум (нити сум бил нити ќе бидам, не се спуштам на тоа ниво) партиски или не знам како поврзан. И шо сега, чудно треба да е? Чудно треба да е обратното, ама нели во државава одамна ненормалното е нормално и обратно...
Другар и ја излегов и на маршовите и на протестот и уште сум против државниот испит и сметам дека е глупост и дека нема смисла. Уште си стојам на ставовите кои сум ги кажал тука во врска со државниот испит, ама па од друга страна ако мислиш дека СП не е таков како што се прикажува, ако не ги поддржуваш и ако не сакаш да си отидеш од предавањата ти викаат дека уствари си бил дел од умс на вмро :pos:

Самите они придонесуваат со вакви постапки да се јакне еден отпор против нив. Ама ако они уште сакаат себе да се сметаат за безгрешни и ако најлесно им е да тоа што немаат поддршка кај сите да го објаснат преку тоа што демек тие што не ги поддржуваат се пратени од умс на вмро, нека им биде. Само така не си прават ни себе услуга, а најмалце на студентите.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.029
Поени од реакции
74.430
Симптоматично е дека за време на владеење на сдсм никој не смееше да штрајкува и блокира школи и факултети, имаше демонстрации на студенти подржани од вмро, ама во парк жена борец...
Информирај се пред да тресеш глупости. Најголемиот штрајк во образованието при кој скоро месец дена се изгуби од наставата, беше токму во времето на СДСМ, по крајот на зимскиот распуст во 2004 година.
Веројатно си бил забавиште во тоа време, па не се сеќаваш.

Еве ти мало потсетување, да не биде дека млатам слама во празно.

МИРЕН ПРОТЕСТ НА ССМ ВО СКОПЈЕ

Синдикалците ја свртеа главата од Владата

Околу 5.000 лица вчера излегоа на мирен протест низ улиците на Скопје. Демонстрантите, во најголем дел вработени во образованието, науката и во културата тргнаа од зградата на ССМ, поминаа пред Собранието, Министерството за образование и пред Владата и, без да застанат, повторно се вратија пред Синдикатот. Под мотото "Се бориме за социјална држава, а не да станеме социјални случаи", синдикалците ја игнорираа Владата и ги свртија главите вдесно кога поминуваа покрај извршната власт. Раководството на ССМ најави дека ова е предупредувачки протест.

Тоа што највеќе мене лично ме иритира во моментов, а верувам и повеќето од разумните луѓе во државава е што власта пробува мајмуни да не прави со формирање на контра здруженија за секој вид на изразување на незадоволство. Здруженија составени од полтрони кои лепат плакати или се вработиле преку лепење плакати.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Најјак момент уствари е што во темава сите со кои се караше/дискутираше @Bojan Van Buuren мислеа дека е дел од СП, а сега од друга страна го прават УМС во живо.:pos::pos::pos: Јас не го знам човеков, па пак ми е смешно.:icon_mrgr:

Проблемот во државава, општо, а и сега се потврдува - не знаат луѓето да прифатат различно мислење и секоја критика ја доживуваат лично и секој што ги критикува е душман.

Од една страна се бориш за слободен простор, од друга страна ако некој ти рече: а бе супер, ве поддржувам, ама еве ова не ми се свиѓа, ко Бојан (не ме сфаќај погрешно, те земав ко пример, дека наведе лично искуство, а и си студент) што направил, го направиле непријател, штабски полтрон, плакатолепач и слично, а од друга страна се лутеа на Курир кога ги претствуваше како Соросоиди.

Не може така, не може да маваш со исто оружје против кое се бориш.

И јас имам впечаток дека маааалку влегоа во филм, што исто така е разбирливо, понесува еуфорија и аденалин, ама треба да сфатат дека нема секоја постапка да им биде подеднакво прифатена кај сите. И кога ќе чујат критика, треба да ја размислат, зошто е таа дадена. Секако дека ако сметаат дека е правилно треба да продолжат, но треба секој студент што ќе им даде мислење да го ислушаат, а не да го вреѓаат само затоа што не се согласува со нешто. Сепак е движење на студенти. Ако некој не се согласува со тебе, не значи дека ти е непријател.

Гледам и дека ги плукаат оние студенти кои идат на кафе и не се приклучуваат и немаат став, биле вмровци. Мислам, кога се бориш за некоја цел, треба да сфатиш дека секогаш ќе има група на луѓе која ќе биде апатична и нема да ти се замара. Тоа е личен избор. Има луѓе кои не се замараат и тоа си е веќе нивно, не може со сите навреди да ги плукаш. Можеш само да дебатираш и дискутираш и да пробаш да ги убедиш. Ако не сакаат, тоа е. Си продолжуваш со својата борба.

Инаку акциите си се легитимни. Секој има право на ненасилно изразување револт и не треба ни по нив да се плука, не го запалија факултетот па да кукате, не е баш дека не може ништо нормално да функционира. До сега си се културни, фини и воспитани. И имаат секакво право да го прават тоа, доколку сметаат дека ќе води кон исполнување на барањата. Легитимно е се додека не е насилно и не повредува нечија слобода, а сега за сега не го прави тоа. Не е дека ги држат во заложништво останатите.

Сакав само да кажам дека секогаш сум го мразела оној “Ако не си со нас, против нас си“ став, без разлика од која страна доаѓа. Без разлика дали е од власт, опозиција или индивидуа.
Можам со тебе да се согласувам за се, ама ако имаш таков став, природно ми доаѓа да не ти дадам поддршка. Не станува збор сеа за студентите, општо зборев и за дебати и дискусии.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
5.003
Поени од реакции
12.624
Џони искрено ме потсети зошо темава ја немав посетено скоро месец и пол.
Иначе 2 ден окупација на технички, а во разговори со колеги слушам само негодување зарди неможноста да присуствуваат на предавања. Ако потрае окупацијава, многу студенти ќе се свртат против Пленумот. Посебно од техничкиве факултети. Не знам, ќе биде интересно следнава недела да видиме кои ќе се акциите на Пленумов. Ако не сменат нешто ќе изгубат подршка од студентите, тоа е она што никој не го сака.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.455
Поени од реакции
16.665
се слагам со сите што критикуваат купувањето дипломи, но тој проблем е поголем. Може да ја купи дипломата во приватен факултет, во друг град, во друга држава, не само Албанија и тие во Солун се лук и вода. Едино чаре на стимулирање на квалитетот е замрзнување на платите на државна служба а приватните фирми ( со некој изузетоци) бараат квалитет. Инаку објективност не барајте, па и на времето кога немаше приватни факултети баш студенти препишувачи станаа професори, едино можеби на медицина каде треба да оперираш не може со дубари да се напредува...врските и дубарите ни се во генот и во сите полиња на живот. Затоа факт е дека најспособните ќе си отидат надвор, добро е што може тоа, некогаш не можеше !!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
, едино можеби на медицина каде треба да оперираш не може со дубари да се напредува...врските и дубарите ни се во генот и во сите полиња на живот. Затоа факт е дека најспособните ќе си отидат надвор, добро е што може тоа, некогаш не можеше !!
Праксата и секојдневниот живот друго покажуваат.:icon_mrgr:

Инаку врски секаде во свет има, општествените познанства секогаш помагаат, проблемот е што се користат и за вработување неквалификуван кадар. Ај да знаеш дека некој е квалитетен и способен, па да му помогнеш малку да се турне, ама не и кога знаеш дека е дудук и упорно да го буташ.

#ИмаРазлика

Тешко е без искуство и препорака да се вработиш, било каде во светов, разликата е што во нормален свет, никој нема да го користи своето влијание и углед да бута некој што не е способен (може има, ама ретки случаи се тоа).
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
@Bojan Van Buuren
Која иронија друже, беше најборбен тука на темава за ставовите за државниот испит а сега некој те поистоветува со УМС, те сфаќам јас и некња кажав, иако исто како и ти ги подржувам барањата на студентите против државен испит и сите тие работи, но реков дека целава акција со окупација не ми излгеда баш најдобро испланирана и разумна. Сеуште сметам дека пленумот може да излезе од целата ситуација како позитивно нешто и да го раскринка и делигитимира целосно Студенскиот парламент, кој со полследното соопштение уште повеќе се заглиби во своето полтронство и антистудентско настапување.

Но за жал уште еднаш се потврдува дека Македонија не е нормална земја за нормални дебати и размена на ставови, како што тоа одлично го срочи во својот коментар @Crazy in Love, тука нема различни ставови, слободна мисла, не, туака или си со нашите или си со другите, принцип на стадо, на племе, никаков индивидуализам, затоа поединци тука не успеваат, може да успеат надвор од земјата, тука не, тука ќе бидеш успешен само во рамките на своето стадо.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.334
Поени од реакции
18.410
Џони искрено ме потсети зошо темава ја немав посетено скоро месец и пол.
Иначе 2 ден окупација на технички, а во разговори со колеги слушам само негодување зарди неможноста да присуствуваат на предавања. Ако потрае окупацијава, многу студенти ќе се свртат против Пленумот. Посебно од техничкиве факултети. Не знам, ќе биде интересно следнава недела да видиме кои ќе се акциите на Пленумов. Ако не сменат нешто ќе изгубат подршка од студентите, тоа е она што никој не го сака.
На многу моронски начин ја прават окупацијата,не можеш да се разбереш ко човек.

Денешна агенда на Автономната зона на Технички факултети
10:00 - 11:30 будење + доручек
11:30 - 13:00 предавање
13:00 - 14:00 генерален пленум
14:00 - 15:00 предавање од професорка од фзф тема: Микенското линеарно Бе писмо
изложба од архитекноски факултет
15:00 - 16:00 учење на латино танци
16:00 - 18:00 - проекција на филм (The Internet's Own Boy: The Story of Aaron Swartz) + ручек
17:00 - 18:00 - предавање од Скопско астрономско друштво
18:00 - 19:00 - медо предавање
19:00 - 20:00 професор од феит ќе предава (Кики )
што кур е ова? Ќе го викнам професоров од Феит(Кики) на колоквиум коа ќе ми дадат задачи математика а не медо предавање и латино танци ебате шупелките.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom