Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
@dzonyb , дали ти тоа повикуваше на насилство? :) Одговори ми со да или не, толку барам од тебе. Патем, ти тоа што викаш 50-100 души, па од почетокот на дејствијата уште крај на октомври/почеток на ноември, носечката сила се тие стотина души (има некои што се повлекуваат, други нови кои доаѓаат) и нормално дека они се најспремни во тој смисол. Едно е да излезеш на протест кој трае 2-3 часа, друго е да си спремен ова да го направиш. :)
НЕ

Значи не повикувам на насилство но неможе маргинална група од 50 студенти, група која патем го изгуби кредибилитетот и подршката од мнозинството студенти, да држи во заложништво цела институција во заложништво. Каде се тука студентите што сакат да посетуват настава како они да си го остварат нивното право. Неможе 50 самоименувани активисти да одлучуват за 30 илјади студенти. Кој им го дава тоа право. Тоа што се случува е класична Анархија кој Во секоја западно европска држава би се решила на друг начин.
Инаку сите оние што ме цитират сакам да им се заблагодарам за вниманието и за тоа што на дело покажуват како тие гледат на демократијата и слободата на изразување.
 
Член од
15 ноември 2008
Мислења
5.769
Поени од реакции
11.772
Секоја чест за организираноста денес на МФС и ФЕИТ. Имаше доста интересни активности, пројдов цел ден таму, штета не можев да останам до сабајле, а останаа доста студенти. Браво! :cuc:

слоганов (y)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Е ова ми се допаѓа јасно и гласно кажано која е целта на протестите. Ниту закони ниту бутур се знае кој и зошто стои зад протестите. Се е кажано во реченицата погоре.
Да да баш Разиел е тој главниот и се' што ќе каже е вистина. Дај не биди смешен молим ти се.

За мислењето што ми го цитираше: тоа НЕ ќе го земам со резерва; никој не држи во залошништво ништо и никого. Отворен е факултетот до вечерните часови, има програма и алтернативни предавања. И молим не лупај 30.000 студенти кога се работи за 4 факултети (2 згради) од кој на еден семестар почнува од понеделник. А како што гледам засега нема некои поголеми реакции.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.456
Поени од реакции
16.665
има 4 методи на добивање Диплома:
- со учење
- со купување на приватен факултет
- со поклонување на државен факултет
- со поклонување, под присила и блокада на факултетот
... јасно е кој се тие од студентскиот пленум, никој за беспари не оди по ладното и не губи време ако е сериозен студент ... тука има фрлено пари од опозицијата и нивните спонзори а целта е дестабилизација. Симптоматично е дека за време на владеење на сдсм никој не смееше да штрајкува и блокира школи и факултети, имаше демонстрации на студенти подржани од вмро, ама во парк жена борец...
А протести имаше и во Англија и во други држави, но против покачени школарини; протестите беа на улици, ама таму во демократска Британија имаше масовни апсења и ќотек

http://www.vreme.com/cms/view.php?id=960616&print=yes

http://www.tanjug.rs/novosti/154178/sukobi-na-protestu-studenata-u-londonu.htm
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Е ова ми се допаѓа јасно и гласно кажано која е целта на протестите. Ниту закони ниту бутур се знае кој и зошто стои зад протестите. Се е кажано во реченицата погоре.
Еј, јас ли тоа кажав која е целта на протестите? После мојот пост ли стана јасно? Во друг град, надвор од случувањата таму, со факултетот зад мене, крофни и кафе до мене, пишувајќи пост на форум додека се спремам да ја читам Flow my tears, успеав да ја разјаснам на сите високата политика и стратешката цел не само на протестите, туку и на сите збиднувања околу протестите?
Ме загрижува од една страна тоа дека онаа Курир реторика, со познатите "експертите велат", "експертската јавност тврди" или "според експертите, станува јасно дека..." пуштила корен во умот на дел од младите, па и тие емулираат вакви реченици и си удираат брука. Од друга страна, ме радува, затоа што приметив дека кај голем дел од луѓето ова наидува на потсмев и ме храбри дека тој Курир е читан чисто for the lulz и заради сеир.
Мојот пост околу "буткањето на ламјата" беше во насока на буткањето на законот. Се додека се држи отворен фронтот, паралелно со другите, притисокот е поголем мегаломаните да направат преседан и да го укинат законот. Ако ги излажат сега и ги натераат да се повлечат со некоја смешна одлука за одложување, не им бега судбината на средношколците, на професорите во средните училишта, на лекарите.
Ако ти сметаш дека тие прават нешто противправно, докажи зошто е противправно, а не со некои климави Курир тези за кредибилитет.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.335
Поени од реакции
18.411
има 4 методи на добивање Диплома:
- со учење
- со купување на приватен факултет
- со поклонување на државен факултет
- со поклонување, под присила и блокада на факултетот
... јасно е кој се тие од студентскиот пленум, никој за беспари не оди по ладното и не губи време ако е сериозен студент ... тука има фрлено пари од опозицијата и нивните спонзори а целта е дестабилизација. Симптоматично е дека за време на владеење на сдсм никој не смееше да штрајкува и блокира школи и факултети, имаше демонстрации на студенти подржани од вмро, ама во парк жена борец...
А протести имаше и во Англија и во други држави, но против покачени школарини; протестите беа на улици, ама таму во демократска Британија имаше масовни апсења и ќотек

http://www.vreme.com/cms/view.php?id=960616&print=yes

http://www.tanjug.rs/novosti/154178/sukobi-na-protestu-studenata-u-londonu.htm
како бе не смееше,ја памтам секоја година губевме по 2 недели од школо ради тоа што професорите штрајкуваа :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864

:pos: Демек сега има поголема слобода за протести, аууу.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Али затоа тие што се "претставници" на студентите користат термини како на пример "контра правно". Абе срамота е бе посебно за Кирил, толку години е на Правен...

Пази, "под присила ќе се поклонувале дипломи"...:pos::vozbud:
Нов лик? Дајте манете го него и неговата штабска пропаганда.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.456
Поени од реакции
16.665
еве како било во Лондон

што се однесува до Државниот испит, јас предлагам
да се регулира на друг начин, тој да биде доброволен, а дали ќе го бара работодавачот е негово право, исто како што бараат државен испит , стажирање, специјализација, адвокатура и низа други испити. Освен тоа работодавачите бараат и дузина вонинституционални испити и курсови, посебно знаат информатичарите.
Што се однесува до трудови со Импакт фактор , срамота е асистентите на медицинските и техничките факултети да имаат дузини такви трудови а професорите од општествените науки да бистрат политика по телевизии; ако ги демотивираме асистентите очекувам да дојде до масовен одлив, не е страшно ако отидат во стопанството, лошо за Македонија е ако отидат во странство, во странските истражувачки институти. Знаеме дека ниту еден квалитетен асистент или доцент кој отишол надвор не се вратил од проста причина што местото ќе му го земе некој со послаб квалитет ...
 
Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
има 4 методи на добивање Диплома:
- со учење
- со купување на приватен факултет
- со поклонување на државен факултет
- со поклонување, под присила и блокада на факултетот
... јасно е кој се тие од студентскиот пленум, никој за беспари не оди по ладното и не губи време ако е сериозен студент ... тука има фрлено пари од опозицијата и нивните спонзори а целта е дестабилизација. Симптоматично е дека за време на владеење на сдсм никој не смееше да штрајкува и блокира школи и факултети, имаше демонстрации на студенти подржани од вмро, ама во парк жена борец...
А протести имаше и во Англија и во други држави, но против покачени школарини; протестите беа на улици, ама таму во демократска Британија имаше масовни апсења и ќотек

http://www.vreme.com/cms/view.php?id=960616&print=yes

http://www.tanjug.rs/novosti/154178/sukobi-na-protestu-studenata-u-londonu.htm
Беа на улица, и знаеш што се случи?
Одговорните рекоа, незнаеме зошто протестираат.
И немој да повикуваш на насилство, нема потреба од тоа. Досегашните акции поминаа без насилство, ке помине и оваа.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ев еве еден текст кој кажува многу за состојбите во образованието.

Паѓам на муабет со еден дечко кој треба да напише дипломска. И го прашувам што му е темата, а тој појмааа нема. Добро му вика Кате кој предмет е, повторно појмааа нема. И ни вика дека професорот, кому нормално не му го знаеше името, му дал нечија магистерска, од секој глава да препише по страна две и ете му дипломска. Дечкото се вика Нурадин , професорот Нано. Јас да сум студент и против ова ќе се борам!

Дали борбата на студентите е желбата да не се известат од зоната на комфорот и тие и нивните професори. Ако не е така зошто досега не им текна да спијат по факултети и да ги заземат бифеата на факултетите. Тие бифеата каде што има ценовници за испити , семинарски и дипломски. Мене ми е жал за квалитетните студенти кои по некоја инерција ги поддржуват ваквите безцелни протести. Но мое мислење р дека повеќето кои протестират се "НУРЕДИНОВЦИ" на кој некој си НАНОВЦИ утре ќе им поклонат дипломи за УСПЕШНО извршени задачи и посебни заслуги.[DOUBLEPOST=1423820538][/DOUBLEPOST]
што се однесува до Државниот испит, јас предлагам
да се регулира на друг начин, тој да биде доброволен, а дали ќе го бара работодавачот е негово право, исто како што бараат државен испит ...
Според мене ова е одличен предлог. И мислам дека е добро да допре до работните групи. Но како што гледаш и од форумот поентата на оние кои протестират не се предлози и подобрување на образованието. Моментот е ДЕСТРУКЦИЈА наместо КОНСТРУКЦИЈА, на нив не им е целта градење туку УРУВАЊЕ.
 
M

Moon Child

Гостин
како бе не смееше,ја памтам секоја година губевме по 2 недели од школо ради тоа што професорите штрајкуваа :)
Кога бев 6то одделение, се поврза штрајкот на наставниците зимски распуст и штрајк, скоро цел февруари, што убаво ни дојде :icon_lol: Тоа беше негде 2002ра мислам.
И стварно мислите дека опозицијата ги финансира, стварно? Верувате во тоа?
Опозицијата ако беше спремна на такво нешто одамна таа опозиија ќе станеше власт.
Него несакате да се помирите со тоа дека некој излезе од молкот и почна да си ги бара своите права.
А напишав и во ДК и овде, највеќе ме нервираат оние што се прават паметни, па се држат по страна, ко демек некоја елита, или незнам што глумат, исто ко оние твитерџиине кога не правеа малоумни кога ги убија децата на езерото.
Па некој напишал, немојте со пленумците, вообразени се. Добро бе, што ви е? Зошто правите поделба во поделбата?
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
879
Дада, сите што излеговме на маршот и на протестот во декември бевме потплатени, имаме книшка од СДСМ урамена на ѕид, не мрзи да учиме и немаме појма што пишуваме за семинарски/дипломски, идам на факултет пошто е кул, нели...:facepalm:

Преку долниов више од вакви постови. Не ја трујте више темава со постови што личат како да се напишани од особи со IQ пониско од собна температура. (или се?)

FYI, излегов и на маршот и на протестот кога имавме колоквиуми, на "најладното", а не сум (нити сум бил нити ќе бидам, не се спуштам на тоа ниво) партиски или не знам како поврзан. И шо сега, чудно треба да е? Чудно треба да е обратното, ама нели во државава одамна ненормалното е нормално и обратно...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Во Лондон студентите неодамна штрајкуваа затоа што картата за метрото им поскапе 80 пени.

80 пени на тој англиски стандард и во кој студентите имаат најмногу бенефиции.

И успеаа да ја вратат цената назад. А тука Џоница и пар ликови ти викаат седете учете :facepalm:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom