Јас не му го простувам испаѓањето од Лудогорец и Базел во ЛШ. Тоа ќе му биде црна дамка цело време, што и да направи сезонава. Пошто испаѓањето беше крајно лузерско и неамбициозно. Ај да речеш несреќно да беше, ова-она, али изгледавме како најголеми аматери, шега, Лудогорец ги направивме екипа. Али ете, мора да се признае дека во поглед на лигата ја оправи работата, т.е на добар пат е да ја оправи. Целта беше јасна, и сите беа согласни на тоа пред сезонава, дека Ливерпул мора да се пласира во ЛШ и следната сезона. Пошто нели, тоа беа муабетите. Треба да бидеме поконстантни во учествата во Лига на Шампиони, па после ќе сме земале јаки играчи, имиња, вака не бивало од прва. Таму треба да се бара иднината на Роџерс, во пласманот за ЛШ. Но, ако продолжиме да играме добро, да редиме партии ко досега (од декември без пораз), а притоа пак не успееме да влеземе у ЛШ по некое чудо, Роџерс може да се извади само со трофеј, односно ФА купот.
А сепак, најдобра опција би било да освоиме Лига Европа и преку тоа да идеме ЛШ, плус да лапнеме трофејче