Гледам некој недоразбирања во Студентскиот Пленум после вчерашната средба со премиерот. Јасно е за што се работи , поделбата е помеѓу двете струи од една страна оние кои навистина влегоа во овој пленум со една и единствена цел а тоа е законот за образование и одредбите во него од кои не беа задоволни од другата страна се оние кои всушност се партиска војска, а единствена цел им беше Груевски и власта т.е. опструкција на институциите и обид заедно со другите инструменти да се врши притисок на власта. Јас навивам за онаа првата група и им посакувам да опстојат како непартиска организација која со конструктивни и издржани критики ќе биде коректив на власта во делот на законите за високо образование. Во продолжение текстот од кој очигедно се гледа поделбата.
Студент од Пленумот: Движењето не е мртво, пред нас се студентскиот парламент и корумпираните професори
Објавеново 20:52 07 февруари 2015| Прочитано409|
Печати
По вчерашната средба на претставници од УКИМ и Студентскиот пленум со премиерот, Никола Груевски, на која е договорено одложување на донесените измени на Законот за високо образование и да се изработи нов закон, студентите денеска со различно гледање на договорот.
Дел од нив не се задоволни од договореното и сметаат дека автентичниот Студентски пленум заглави во бирократијата на сопственото организирање. Официјален став на Пленумот, пак, е дека студентите ќе останат будни, поучени од досегашниот затвореност на Владата и ќе бидат активно вклучени во формирањето на новиот закон.
Издвојуваме дел од преписката на Сандра Живковиќ од Пленумот, на фејсбук. Таа им порача на незадоволните дека движењето не е мртво и дека им престојат битки за Студентскиот парламент на УКИМ (СПУКМ), за студентските домови и против корумпираните професори.
„Како дел од Студентскиот пленум од самите почетоци, да си кажам неколку работи. Прво, не зборувајте за иницијативата како покоен 90 годишњак. Движењето живее. Студентите во Македонија никогаш до сега не биле толку организирани, прогресивни, детерминирани да успеат во заедничка цел. Студентите покажаа невидена зрелост, им одржаа лекција на политичарите и професорите,а богами и на нашиве активисти. Пред нас стојат уште милион проблеми за кои допрва треба да се водат битки (од креирање на нов закон за високо, СПУКМ, студентски домови, корумпирани професори итн).
И покрај сите несогласувања иницијативата нема да згасне. Во моментов има повеќе од 70 луѓе кои активно се вклучени во истата и имаат уште енергија за борба. Дополнително, во моментов има минимум три локални пленуми кои функционираат одлично и верувам ќе продолжат да продуцираат студентски активизам и да вклучуваат студенти на своите факултети.
И да,во моменти кога движењето стои пред најголемиот предизвик, најмалку ни се потребни вашите „му напишавте епитаф на високото образование“`,„ете и вие ко СОНК“. Не си ги лечете фустрациите што не ви успеале иницијативите пред оваа, не си ја давете тагата на овој начин што сакавте да се шлепате на грбот на студентите мислејќи дека ќе ви ја донесат слободата во државава. Заради ваквото однесување не (ви) успеваат граѓанските иницијативи и сме се подалеку од слободата. Мизерни сте, ужасни сте! Преку глава од вашите експертизи што како треба, зошто да и зошто не. Слободно направете, мрднете од пред компјутерот, ослободете се од своите ега, и бидете подобри од нас“, напиша студентката.
http://plusinfo.mk/vest/14167/student-od-plenumot-dvizenjeto-ne-e-mrtvo-pred-nas-se-studentskiot-parlament-i-korumpiranite-profesori