Ајде вака, малце да ви дадам еден осврт кој не го знаете.
Денеска требаше да има средба на Велимир со претставниците на С.Пленум во таа Комисија/работна група. Доаѓаат тие двајца (еден од нив принудно, пошто тој што требаше имал хитен случај, нвм) во Ректорат и ректорот им вика, во 12:30 во Влада...овие останале стаписани, едно друго. Се консултираа со нас по ФБ, повеќето беа да се оди пошто на крај, доколку не се одеше, тоа многу лошо ќе се испинуваше (неконструктивни, бла бла, сакаат само да прават галама и слично) Значи да потенцирам, според мене е ок што отидоа. Тука би сакал да напоменам дека таква средба требаше да се случи во вторник меѓу Комисијата и МОН и тоа ваљда во Ректорат, но на Грујо ваљда му горело под нозе и пошто е мајчин, изигра пак у негов стил и го напраил потегов. Што се дешавало на таа средба? На Груевски му биле држени лекции во негов кабинет. Прво од Велимир (нешто поблаго),а многу поостар бил деканот на Правен. Пемпере го напраиле. И на крај, по некои убедувања, едно друго, се доаѓа до тоа 1 година мораториум на државен испит, 2 на другите одредби.
Е сега морам да ви објаснам што значи мораториум. Тоа значи одлагање на примената на одредбите од законот. Е сега што е цаката тука? Тоа ни беше првиот дел од барањето. Вториот ни е нов закон во кој ќе учествуваме и ние. Кога ќе се донесе новиот закон (а реално, би требало да се донесе во тој период од година и нешто) ќе го дерогира стариот закон. Тоа значи дека стариот закон веќе нема да има важење и ќе се применува новиот закон. Тука доаѓа опасноста, што доколку не се изработи квалитетен закон? Но, доколку ние сме учесници во неговата изработка, ќе бидеме поеднакво криви како и останатите страни и ќе сносиме одговорност за тоа.
Каде можат да се јават проблемите? Прво, да видиме дали мораториумот ќе биде изгласан на следната седница на Собрание. Доколку тоа не се случи, се случува окупација (во меѓувреме може да има нешто, но за тоа треба дополнително да се договориме). Понатаму, доколку тие собраниски работни групи бидат формирани без Студентскиот пленум или со маргинално учество на студентсиот пленум, се случува окупација. Не знам дали ни е изграден ставот по ова, но тоа е мое лично гледиште и сигурно тоа ќе се договориме на следниот состанок.
Шпекулација е дека немало согласност да се оди на средба со преставниците на Владата, а уште поголема шпекулација е дека тие двајца не биле избрани за тоа.
Не знам стварно зошто беше пишан тој статус на ФБ и Твитер, али ок, некоординација, нешто што е проблем на хоризонталната структура. Пошто во тој момент беше доста неизвесно што се случува и малце глупо испадна али ок, мислам дека се спремаше ново соопштение прееска.
Друго што сакам да кажам е следново. Некои ова го сфаќаат како пораз, демек Грујо ни го спопикал, други триумфизираат и викаат победа (професорите во прва рака). Според мене, ова е чекор кон победа. Зошто? Победата ќе биде постигната во оној момент кога ќе добиеме повисоко образование, т.е. барем нов квалитетен закон. Ние имавме барање - одложување на измените на законот за високо образование (не прецизиравме на колку време и тоа веројатно е грешка) и после тоа изработка на нов ЗВО во чија изработка ќе бидат „вклучени сите засегнати страни, студенти и професори„ (ова се зборови на Груевски од средбата, прво не' потенцирал нас, студентите). Плус, со ова Владата признава дека овие измени се неспроведливи, дека се апсурдни. Така што, искрено не гледам како може да биде пораз.
Поврзувате со тоа што не сме сакале дебата (тогаш со Александар Палас дешавката и слично)...па чекајте малце луѓе, приказна заврши, се донесоа измените. Сега новата приказна е кога бараме да се одложи нивната примена и да се донесе нов закон. Правно гледано, поедноставно е во преодни и завршини одредби од законот да ставиш дека тие и тие членови ќе имаат одложно дејство.
И воопшто не беше коректно тоа што беше плукани по двајцата преставници на Пленумот во Влада. Воопшто! Било тоа да е од ФБ коментар, за тука не видов, па ако сака нека се и некои од Пленумот. Не сакам лош збор да слушнам за нив двајца. Зошто? Затоа што тие се заложуваат и не е праведно после некој да ги оцрнува.