Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Член од
14 август 2006
Мислења
45.288
Поени од реакции
84.406
Значи резимето е - студентите се побунија против екстерното тестирање, а државата им рече - ќе го одложиме за две години, и овие рекоа ОК?
:pos:
Студентите од 68-ма се кинат од смеење сега, а тие кои се починати се превртуваат у гроб.

па уште викаат: Аргументите победија.....
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.325
Поени од реакции
18.404
Се борите пак за глупа работа.
Ова со државен испит така добро го исфилуваа, така добро го нашминкаа шо сите очи се у тоа, а не гледат под шлагот у шо срања услови се наоѓаат студентите.

ДАЈТЕ БРЕ ДА СЕ БУНЕМЕ ЗА ОНА ШТО НИ Е ПОТРЕБНО!

Ако се бунеме, да се бунеме за реновирање на студентските домови, за смена на управите. ДА се бунеме за услови, да се бунеме за нови средени предавални, да се бунеме за лаборатории. ДА се бунеме за јавно покажување на сите оние шо се со врски, да се бунеме за бесплатен превоз за студентите шо патуваат (како шо е за средношколците). Да се буниме за она што вреди,
не за некој мочан испит.
https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1791265617766066&id=100006479344989
ти ли си брате или ве клонираат :icon_lol:
 

GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Немој да кењате, све е уреду. Потегот е океј.
Бош логики ми вадите тука. Ти дава прст, го одбиваш бараш цела рака?
Не. Океј направија. Го земаа и прстот, и бараат цела рака.
Ако не се исполни барањето за мораториум на законот, окупација. Ако се исполни, фактички следи гласање нов, што и беше поентата.
Ова е чекор кон победа, како и да се сврти работава, тоа шо се бараше се постигна и сеа сме на пат кон целта.
Не дека ние демек мноу јаки, или Гујо алтруист па се сожали, него му гори под гзот, глава незнае кај му е, му тоне државата и буквално и фигуративно па си вика дај да ги смирам копиљациве да не потат дур фрчат бомби па после ако се преживее ќе видиме шо со нив.
Шо е океј. Дај шта даш. Нека ви текне само пред месец дена која брутал реторика ја имаа.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Немој да кењате, све е уреду. Потегот е океј.
Бош логики ми вадите тука. Ти дава прст, го одбиваш бараш цела рака?
Не. Океј направија. Го земаа и прстот, и бараат цела рака.
Ако не се исполни барањето за мораториум на законот, окупација. Ако се исполни, фактички следи гласање нов, што и беше поентата.
Ова е чекор кон победа, како и да се сврти работава, тоа шо се бараше се постигна и сеа сме на пат кон целта.
Не дека ние демек мноу јаки, или Гујо алтруист па се сожали, него му гори под гзот, глава незнае кај му е, му тоне државата и буквално и фигуративно па си вика дај да ги смирам копиљациве да не потат дур фрчат бомби па после ако се преживее ќе видиме шо со нив.
Шо е океј. Дај шта даш. Нека ви текне само пред месец дена која брутал реторика ја имаа.
Потполно ист став имам, дури и слични зборови би користел.

Иначе, @GordonGoldader не можам да отворам пошто или е тргнат постот или е приватен, па не можам да видам. Не викам дека е ок (што и да е), ама не е исто затоа што јавно, на форумов (на кој секој може да пристапи) пиша имиња (иако беше копи-пејст). :)[DOUBLEPOST=1423334433][/DOUBLEPOST]СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Многу медиуми денеска чекаа на коментар од Студентскиот пленум за денешните настани и средбата со премиерот Груевски. По долги часови полемика и здрава расправа по денешната средба во Владата на РМ, пленумци се сложни во ставот дека очигледните аргументи на нашите соборници го убедија Премиерот во апсурдноста на сопствениот закон. Денеска тој попушти, но пленумци не се наивни.

Сосема е позната законската процедура: прв чекор кон укинување на закон е мораториум односно одложување на веќе донесениот. Првиот чекор ќе го сметаме за исполнет ако го видиме изгласан во собраниска процедура. Следниот е донесување на целосно нов закон. Нашата борба е студентите да бидат постојано и дирекно вклучени во неговото креирање како неодминлив и релевантен фактор. Ако тоа не се случи отвореноста и подготвеноста на нашата влада ќе бидат нелегитимни. Тие би биле обично ретерирање, одложување на револтот, страв... Во тој случај наша граѓанска должност останува бунтот.

Поучени од досегашната транспарентност и инклузивност, остануваме будни!

Прогласуваме автономна зона! Студентскиот фронт не е затворен!

СТУДЕНТСКИ ПЛЕНУМ 06.02.2015


Пошто никој го нема ставено, соопштението е вчера вечер пуштено.[DOUBLEPOST=1423336148][/DOUBLEPOST]И сакам да појаснам една работа.
Тоа една година одложување на државен испит, значи дека би се применувал од 2017/18, а тие што веќе стапија во сила, би се применувале од 2017. Импакт факторите мислам 2018 или 2019. Значи имаме две години да изработиме нов закон, што е повеќе од доволно време. Секако, ќе бидеме внимателни и нема да дозволиме да бидеме изиграни, па ок, нема сега нов закон и слично. Сигурно ќе се бара (за ова само начелно се збореше, не е зборено на состаноци каде се одлучува) рок за креирање на работни групи и почнување со работа.

Така да ве молам, не се правете генерали после битка и не хејтајте. Знаете од која стартна позиција тргнал Груевски? Одложна примена на 2 члена од новите измени. Што испаднало на крајот? Одложна примена на сите членови од новите измени. Проценете сами. Точно, му гори и сега ќе направи се' за да си го спази гзот, но ќе потенцирам дека сме на штрек и очекуваме опција и да не' заебе. Во тој случај, се враќаме вонинституционално. Иако во следниве денови нема да чекаме да се појави 62 пратеници „За“ на екранчето во Собрание, туку ќе има активности претпоставувам, што ќе биде договорено во следниве ден-два.
 
Последно уредено:
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Гледам некој недоразбирања во Студентскиот Пленум после вчерашната средба со премиерот. Јасно е за што се работи , поделбата е помеѓу двете струи од една страна оние кои навистина влегоа во овој пленум со една и единствена цел а тоа е законот за образование и одредбите во него од кои не беа задоволни од другата страна се оние кои всушност се партиска војска, а единствена цел им беше Груевски и власта т.е. опструкција на институциите и обид заедно со другите инструменти да се врши притисок на власта. Јас навивам за онаа првата група и им посакувам да опстојат како непартиска организација која со конструктивни и издржани критики ќе биде коректив на власта во делот на законите за високо образование. Во продолжение текстот од кој очигедно се гледа поделбата.


Студент од Пленумот: Движењето не е мртво, пред нас се студентскиот парламент и корумпираните професори
Објавеново 20:52 07 февруари 2015| Прочитано409|
Печати
По вчерашната средба на претставници од УКИМ и Студентскиот пленум со премиерот, Никола Груевски, на која е договорено одложување на донесените измени на Законот за високо образование и да се изработи нов закон, студентите денеска со различно гледање на договорот.

Дел од нив не се задоволни од договореното и сметаат дека автентичниот Студентски пленум заглави во бирократијата на сопственото организирање. Официјален став на Пленумот, пак, е дека студентите ќе останат будни, поучени од досегашниот затвореност на Владата и ќе бидат активно вклучени во формирањето на новиот закон.

Издвојуваме дел од преписката на Сандра Живковиќ од Пленумот, на фејсбук. Таа им порача на незадоволните дека движењето не е мртво и дека им престојат битки за Студентскиот парламент на УКИМ (СПУКМ), за студентските домови и против корумпираните професори.

„Како дел од Студентскиот пленум од самите почетоци, да си кажам неколку работи. Прво, не зборувајте за иницијативата како покоен 90 годишњак. Движењето живее. Студентите во Македонија никогаш до сега не биле толку организирани, прогресивни, детерминирани да успеат во заедничка цел. Студентите покажаа невидена зрелост, им одржаа лекција на политичарите и професорите,а богами и на нашиве активисти. Пред нас стојат уште милион проблеми за кои допрва треба да се водат битки (од креирање на нов закон за високо, СПУКМ, студентски домови, корумпирани професори итн).

И покрај сите несогласувања иницијативата нема да згасне. Во моментов има повеќе од 70 луѓе кои активно се вклучени во истата и имаат уште енергија за борба. Дополнително, во моментов има минимум три локални пленуми кои функционираат одлично и верувам ќе продолжат да продуцираат студентски активизам и да вклучуваат студенти на своите факултети.

И да,во моменти кога движењето стои пред најголемиот предизвик, најмалку ни се потребни вашите „му напишавте епитаф на високото образование“`,„ете и вие ко СОНК“. Не си ги лечете фустрациите што не ви успеале иницијативите пред оваа, не си ја давете тагата на овој начин што сакавте да се шлепате на грбот на студентите мислејќи дека ќе ви ја донесат слободата во државава. Заради ваквото однесување не (ви) успеваат граѓанските иницијативи и сме се подалеку од слободата. Мизерни сте, ужасни сте! Преку глава од вашите експертизи што како треба, зошто да и зошто не. Слободно направете, мрднете од пред компјутерот, ослободете се од своите ега, и бидете подобри од нас“, напиша студентката.

http://plusinfo.mk/vest/14167/student-od-plenumot-dvizenjeto-ne-e-mrtvo-pred-nas-se-studentskiot-parlament-i-korumpiranite-profesori
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.921
Поени од реакции
41.893
На државниот испит да има прашања: копирање на текст од веб страна и користење на нов ред.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.753
Поени од реакции
9.520
@dzonyb
И јас тоа сакав да го кажам. Тие што имаат мотив различен (партиски значи) од искрен студент кој сака решение со овој закон веќе се изразија и се знаат кои се. Од изјави и по мислења на форумов од типот дека не треба да се оди кај премиерот бла бла, може да се потенцира како најдобар индикатор..кажано е се во тој дел. Тие најмногу му штетат на СП. Јас го сметам како добар потег и за пленумот а и за власта која ја крши бариерата на овај начин и се надевам дека ќе допринесе на продуктивен начин оваа средба. Дечкото кој даваше прес, го гледав и на дебатата на 24вести (мислам со Боцески беше) и има капацитет да размислува трезно според мене, непартиски и со доста голема доза на етичко и морално однесување кои знаат што е сериозно да се размислув при сериозен проблем. Такви фаци треба да го водат СП, а не типците што одеа кај Каракамишева. Но пак ќе кажам, таа структура која бараше повторно разгледување на веќе дадената согласнот од тие претставници од СП, е таа е таа група која не гледа искрено на проблемот и има и други х мотиви во моментов кои не се во иста релација со првобитниот проблем. За нив мислам дека не им е целта да се дојде решение, туку друга е целта. Доколку СП го следи размислувањето на ваквите ќе загуби, зошто факт е дека не треба да се гледаат од партиска конотација сите, но дека има некои што баш тоа го форсираат во тоа тело од партиски мотиви и тоа е факт со последново издание.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Порака до СТУДЕНТИТЕ

Ве кружеа, етикетираа. Ви се потсмеваа, ве поценуваа, ви ја навредија индивидуалноста, борбеноста, решителноста. Пробаа да ве замолчат, не ви дадоа медиумска поддршка... Не заборавјате...ве етикетираа, ве кружеа, јавно пред сите!!!!

ЗАТОА НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА ВЕ ДОБИЈАТ КОГА ОНИ СЕ ВО НЕБРАНО! Нив не им е гајле за вас,заради тоа освестете се..
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
@ziak92
Изолирано го глеаш ова, шо ти е грешка. Види што се случува деновиве и ќе видиш дека ова му одговара многу повеќе на Груевски него на студентите.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.318
Поени од реакции
26.250
@ziak92
Изолирано го глеаш ова, шо ти е грешка. Види што се случува деновиве и ќе видиш дека ова му одговара многу повеќе на Груевски него на студентите.
А вие протестиравте против Груевски или против законот? Што е битно дали му одговара на Груевски, кога ви одговара и вам?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.065
Поени од реакции
12.609
А вие протестиравте против Груевски или против законот? Што е битно дали му одговара на Груевски, кога ви одговара и вам?
Најверојатно бидејќи е тешко да се направи разлика помеѓу Груевски и самиот закон, во чија што одбрана излезе и самиот Груевски, протест против законот е исто што и протест против Груевски.

Барем пвеводбениците изгледа така гледаат на протестите против измените во законот за високо образование, бидејќи во спротивно немаше да ги прегрејат партиските мегафони во одбрана на истите тие измени и во етикетирање на студентите како соросоиди и сдсмовци.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.753
Поени од реакции
9.520
@ziak92
Изолирано го глеаш ова, шо ти е грешка. Види што се случува деновиве и ќе видиш дека ова му одговара многу повеќе на Груевски него на студентите.
Јас не реков дека не му одговара на Груевски со оглед на политичките случувања, но со овој начин и владата попушта и утре не би имала лице да не седне пак да преговара и да отфрла дебата со СП зошто на овој начин им дава легитимитет за идно преговарање и подготвување на промени за истиот или нов закон.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
А вие протестиравте против Груевски или против законот? Што е битно дали му одговара на Груевски, кога ви одговара и вам?
Протестираме против законот ама тоа не значи дека не треба да глеаме што се случува од страна, зошто во оваа ситуација ако овој „фронт“ не се затвори многу полесно можеме да го добиеме она што ние го сакаме, а тоа е укинување на државниот испит.
И шо ми одговара мене у ситуацијава ?
Ништо, државниот испит уште постои ама е одложен за една година. Ја со тоа ништо не сум добил.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Член од
24 март 2010
Мислења
15.318
Поени од реакции
26.250
Најверојатно бидејќи е тешко да се направи разлика помеѓу Груевски и самиот закон, во чија што одбрана излезе и самиот Груевски, протест против законот е исто што и протест против Груевски.
Еве во моментов не е. Ретерираше човекот. Ќе се подготвува потполно нов закон.
Протестираме против законот ама тоа не значи дека не треба да глеаме што се случува од страна, зошто во оваа ситуација ако овој „фронт“ не се затвори многу полесно можеме да го добиеме она што ние го сакаме, а тоа е укинување на државниот испит.
Ако не се затвори, тој фронт ќе влезе во изборен процес во кој ќе треба да избере страна. Што мислиш, после избори ќе дискутира Груевски со вас, ако ги добие истите, а вие сте биле против него?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom