Јас имав исти таков проблем со Samsung телевизор и тогаш си помислив дека му е преслаб процесорот на телевизорот за да го пушти течно видеото ама неиспадна така. Телевизорот се расипа по 6 месеци и откако издејствував замена за исти (нов) таков телевизор, сега немам таков проблем. Видеата си одат течно без разлика дали се full HD или се со обична резолуција. Види пробај поврзи го и со лан кабел, ама се сомневам дека може да е до тоа проблемот.
Мој совет ти е веднаш да си побараш замена, според законот на потрошувачи го имаш тоа право (мислам дека беше 7 дена од денот на купувањето) да го вратиш назад ако имаш некоја забелешка за него без разлика на причината.
Ако имаш проблеми и те мотаат во круг спомни дека ги знаеш твоите права, во краен случај спомни инспекција а ако треба и појди до кај нив, јас така го решив проблемот кој го имав.