Erich Zann
Модератор
- Член од
- 13 мај 2012
- Мислења
- 14.627
- Поени од реакции
- 31.829
Ама пак ја носиш дискусијата в друг правец, или да речам непотребно ја шминкаш и усложнуваш.Ултимативно пак доаѓа до тоа дека жените имаат повеќе обиди за самоубиство од мажите. Пак, небитно е тоа.
Примерот со самоубиство го дадов за да потенцирам дека генотипот не е одлучувачки фактор за улогата на некоја единка во општеството.
Дека првобитната природа може да биде надмината од други, покомплексни фактори.
Можеш да имаш некоја Брајен која цел живот дома ја хранеле со кентаури, од мала ритала во нива, силна е, снажна и може да копа бунари подобро од 80% од другите кандидати за копање.
Луѓето постојано се менуваат под влијание на надворешни услови, односно се формира фенотипот. Многу комплексни, испреплетени фактори влијаат на тоа која улога еден човек ќе ја заземе во општеството.
Точно е дека жената е таа што раѓа, али жената не е способна единствено да раѓа. Жена може да биде адвокат, доктор, кочијаш или копач на бунари, не сите, исто како што не сите мажи можат да бидат адвокати или копачи или рудари.
Она што детерминира дали еден маж или една жена ќе копа бунари не е детерминирано исклучиво од нивниот пол, туку од многу други биолошки и општествени фактори кои не се поврзани со нивниот пол.
Жената не е "создадена" за да раѓа деца. Жената може да раѓа деца, али не го пишува тоа на камен дека жената мора да раѓа. Што е со неплодни жени? Жени ли се?
Не може туку-така да ги симплифицирате работите.
Се водиме од едноставен факт дека има разлики во природата.
Примерот кој го дадов со самоубиствата е најбанален, најобичен пример каде осеќаме разлика. Како една од клучните компоненти на финиширање на самиот чин е ХРАБРОСТА. И сега ти можеш да ми кажеш дека има жени кои се пукаат на истокот, фрлаат бомби и се мадафака воинки и храбри, но поентата не е таа да ги земеме тие исклучоци, поентата е да ја видиме само генералната слика, онака како што си стои,во случајов примерот со самоубиства. Водат мажите во реализирани, водат. Толку.
Генотипот не е одлучувачки, но е доста влијателен, доста влијателен.
Некош сакам да ја применувам Окамовата оштрица ко че мислам дека има основа. И ко шо кажав, коментарот беше саркастичен, каде преку постоечка разлика, сакав да алудирам дека некои работи одат рака под рака и со влијанието и значењето на природата, секако дека и со низа фактори. ж
Така ако одиме до ситничење, и потребата за сексуално општење можеме да ја нашминкаме како дел од природата. Лицато со ваква потреба нема на крај да се задоволи, ако не се појави факторот лице од женски пол (или некој ако е геј, од машки) шо че го услужи, или уште ако нашминкаме, можи да има самозадоволување, ама не е то то, па можеме дури да стигнеме и до дињите од Анчо :
И секако нештово фала курцу е дискутабилно, ко шо можиме од погоре да ископаме некоја жена филозоф, или поет/писател или скулптор или не знам си шо, но на крај пак генералната слика нема да ја промени во тој поглед.
Oм сега да поучам, чунки полагам утре, па продолжуваме некој од наредните денови, здравје.
Последно уредено: