Феминизам!

Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Дека нема значајни жени филозофи, нема. Според мене, ова се должи на фактот дека во поголемиот дел од историјата жената не ги уживала истите права да се едуцира како мажот.
Значајни жени научници, има. Нормално, повеќето од нив како Марија Кири и Розалинд Френклин и живееле и твореле во 20тиот век.
Спомнав и во другата тема, некои струки едноставно биле сметани за машки. Дури мислам негде прочитав дека жените не биле способни да извршат самоубиство од егзистенцијалистички причини, or something in the lines of that. Небитно.
Феминизмот, за разлика од други социо-општествени феномени долго време не бил карактеризиран со темелно идеолошко разглабање туку едноставно бил движење за еднаков правен и општествен статус на жената. Исти права, исти обврски, исти можности како мажите. Оригиналниот феминизам бил борба за еквивалентирање на мажот и жената во тој поглед.
Зошто не се нарекувал еквивалентизам? Затоа што фокусот бил ставен на кревање на правниот и општествениот статус на жената на ниво на мажот. Симнување на мажот на ниво на жената би било глупо.
Не верувам дека еднаквиот правен и општествен статус на било кој начин ја репресираат природата на луѓето, напротив верувам дека еднаквоста е единствен начин таа слободно да биде изразена.
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Дека нема значајни жени филозофи, нема. Според мене, ова се должи на фактот дека во поголемиот дел од историјата жената не ги уживала истите права да се едуцира како мажот.
Значајни жени научници, има. Нормално, повеќето од нив како Марија Кири и Розалинд Френклин и живееле и твореле во 20тиот век.
Не бе дете, нема значајни жени филозофи од две многу поедноставни причини. Првата е затоа што не ги интересира. Едниоставно не ги интересира. Втората е затоа што жената е неспособна за апстрактно и поптполно неутрално размислување. Јас имам неколку пријателки жени (за разлика од ебачиве на форумот кои се нели неспособни за машко женски пријателства затоа што ебат се живо и диво) и две од тие мои пријателки ги рачунам за многу интелигентни (едната од нив е доктор на математичкки науки). Сепак, сум приметил дека некако им успева во разговорот апсолутно секоја тема да ја сведат на себе. Можеш да започнеш да разговараш за размножувањето на верверичките или за Божјата честичка, на крајот разговорот се сведува на нешто што тие би можеле некако да го употребат во нивните животи. ЧУДО едно. И како сега тие ќе бидат филозофи?

Во науката, Марија Кири е значаен научник, затоа што предизвикала револуција. Но Марија Кири не е гениј од типот на Њутн или Ајнштајн. Ќе ти парафразирам еден мој омилен книжевен лик. Гениј е оној што го гледа сличното во спротивностите, оној што сфаќа дека каменот што паѓа е Месечината која не паѓа е еден ист феномен. Марија Кири тргна по лов на тигри, наиде на бронтосаурус. Ако некој зоолог тргне во лов на тигри и наиде на бронтосаурус, тој ќе предизвика револуција во зоологијата, но тоа не го прави гениј.

ОК се жените како истражувачи бидејќи се темелни и упорни, нарочито во хемијата, затоа што лабораториите ги потсеќаат на кујни. Но големата слика зад малите парчиња вистини никогаш нема да ја состават.
 
Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Зошто фем движењето се залага за отстранување на пресумпцијата на невиност за кривично дело силување и воедно се залага за осуда и кривична санкција на зборот на жртвата, а не и на други докази?

Зошто фем движењето се залага за склучување договори пред сексуален чин, а доколку таков договор нема тужената страна ќе го крка?

Зошто фем движењето ја менува дефиницијата за силување и се залага за тоа дека ако жена не каже изречно да, тоа е силување? Значи ли тоа дека ако женска личност ме одведе во соба и не ми каже ништо, туку ме легнала без прашување има право после актот да ме обвини за силување? Ова не ми е јасно, како може девојка да се премисли после секс, откако дала согласност да каже дека тоа повеќе не важи?

Stojna7

професорка пред хотел
Член од
2 декември 2013
Мислења
69
Поени од реакции
89
ОК се жените како истражувачи бидејќи се темелни и упорни, нарочито во хемијата, затоа што лабораториите ги потсеќаат на кујни. Но големата слика зад малите парчиња вистини никогаш нема да ја состават.
Този е многу интересно, зошто Френклин беше спомната. Френклин била можеби најдобар кристалограф на нејзиното време, и успеала да ја фотографира познатата фотка бр. 51

Во меѓувреме Вотсон и Крик пиеле пиво во подрумот на Крик и правеле хипотетички модели на ДНА. Откога ги направиле сите можни модели во согласност со тогашните знаења, останале на 30тина можни структури. Тогаш случајно Вотсон има прилика да ја види сликичката погоре, и одма знаат со Крик дека двојниот антипаралелен хеликс е вистинската структура. Френклин ја имала сликата можеби година пред тоа, ама никако не можела да ја види апстракцијата позади иксот, иако е тоа идеален доказ за структурата на ДНА.

Феминистите дури имаат направено и цела митологија од се ова.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.789
Јас не сум запознал ниту една, ама БУКВАЛНО ниту една жена која имала genuine интерес за било што друго настрана од машко женските односи. Жените се потполно, комплетно, безнадежно ненадарени за уметност, филозофија, наука и за сите оние чудесии под капата небеска. Може да се преправа извесно време дека ја интересира нешто од ова, се додека тоа ја носи до саканата цел, односно мажот. Цел живот на жените, сите нивни интереси секогаш се сведуваат на една иста работа, маж, секс, наследство, бебе.

.
Ја не ги сакам многу шовинистите (машките), а ни феминистките. Генерално имам став за еднаквост помеѓу половите, но ова што го кажа, сум приметил дека држи вода глобално гледано. Зошто е тоа така и јас сум се прашувал, ама стварно мноооогу е мал процентот на жени кои имаат вистински интерес за споменатото. Ти можеби малку грубо го кажа, али така е (пак ќе кажам генерално гледано).
Тоа и е, една од причините поради кои не сум имал никогаш другарка. (машките често се во заблуда, за тоа дека дружењето со женски ќе им донесе повеќе успех на романтично-сексуален план, кај нив, тоа одма го сконтав и топ сум си поминувал)
 
Јас не сум шовинист, никогаш не сум се доживувал како таков. Напротив, мислам дека многу фино ги третирам жените. Јас сум само реалист, и не сакам да ми продаваат мадиња за бубрези. Ги почитувам жените кои ја сфатиле својата природа, и од тоа се обидуваат да извадат најдобро за себе во животот, да бидат среќни. Исфрустрирани феминистки кои сакаат да им порасне такво, и квазилиберални курвичиња кои се натпреваруваат со мажите во бројот на партнери во името на равноправноста, не трпам.

Што се однесува до пријателство со жена, јас мислам дека тоа му дава некоја ширина на машкиот карактер, и самодоверба дека има контрола над своите нагони.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Не бе дете, нема значајни жени филозофи од две многу поедноставни причини. Првата е затоа што не ги интересира. Едниоставно не ги интересира. Втората е затоа што жената е неспособна за апстрактно и поптполно неутрално размислување. Јас имам неколку пријателки жени (за разлика од ебачиве на форумот кои се нели неспособни за машко женски пријателства затоа што ебат се живо и диво) и две од тие мои пријателки ги рачунам за многу интелигентни (едната од нив е доктор на математичкки науки). Сепак, сум приметил дека некако им успева во разговорот апсолутно секоја тема да ја сведат на себе. Можеш да започнеш да разговараш за размножувањето на верверичките или за Божјата честичка, на крајот разговорот се сведува на нешто што тие би можеле некако да го употребат во нивните животи. ЧУДО едно. И како сега тие ќе бидат филозофи?

Во науката, Марија Кири е значаен научник, затоа што предизвикала револуција. Но Марија Кири не е гениј од типот на Њутн или Ајнштајн. Ќе ти парафразирам еден мој омилен книжевен лик. Гениј е оној што го гледа сличното во спротивностите, оној што сфаќа дека каменот што паѓа е Месечината која не паѓа е еден ист феномен. Марија Кири тргна по лов на тигри, наиде на бронтосаурус. Ако некој зоолог тргне во лов на тигри и наиде на бронтосаурус, тој ќе предизвика револуција во зоологијата, но тоа не го прави гениј.

ОК се жените како истражувачи бидејќи се темелни и упорни, нарочито во хемијата, затоа што лабораториите ги потсеќаат на кујни. Но големата слика зад малите парчиња вистини никогаш нема да ја состават.
Имам сретнато неколку девојки кои биле/се доста заинтересирани за филозофија, истовремено имам и неколку другари кои биле/се. Тоа што го имам забележано кај секој од нив е она што го имаш таргетирано како женски феномен. Егоцентризмот во форма на некоја (според мене) мутава желба за самоспознавање, за самоутешување бил единствена водилка и порив за фрлање око на филозофски книги и есеи.
Секогаш воделе плиток, себичен, солипсистички нихилизам чисто бидејќи ги мачеле некои предвремени егзистенцијалистички кризи или народски кажано суета.
Немало глобален осврт, навистина бидејќи не ги интересирало. Ги мрзело. Ама важело и за мажите, и за жените.
Сепак, верувам дека и жените се исто толку способни колку и мажите да eкстраполираат на основа на емпатија. Сметам дека емпатијата е еден од факторите кои позитивно придонесуваат до "градење" на еден филозоф бидејќи покрај спознавање на себеси, човекот мора да ја спознае и својата околина со цел да може своите мисли коректно да ги сподели. (Отидов оф-топик, знам.)

Не тврдам дека Кири е гениј, или обратно. Потенцирав дека е значајна за науката и човештвото бидејќи тоа беше напоменато. Инаку,
неоспорно е дека низ историјата се појавуваат значајни жени во науката, кои истовремено биле сметани за генијални умови, за една од нив Еми Нетер (Noether или Noetter се пишуваше мислам) Алберт Ајнштајн и други нејзини современици тврделе дека е еден од клучните математички умови на нивното време.[DOUBLEPOST=1423231685][/DOUBLEPOST]
Јас не сум шовинист, никогаш не сум се доживувал како таков. Напротив, мислам дека многу фино ги третирам жените. Јас сум само реалист, и не сакам да ми продаваат мадиња за бубрези. Ги почитувам жените кои ја сфатиле својата природа, и од тоа се обидуваат да извадат најдобро за себе во животот, да бидат среќни. Исфрустрирани феминистки кои сакаат да им порасне такво, и квазилиберални курвичиња кои се натпреваруваат со мажите во бројот на партнери во името на равноправноста, не трпам.

Што се однесува до пријателство со жена, јас мислам дека тоа му дава некоја ширина на машкиот карактер, и самодоверба дека има контрола над своите нагони.
Донекаде се слагам, донекаде. Мене друг ми е муабетот, а и на феминизмот.
Пример, да речеме дека јас имам компанија за копање бунари. И сега, јас имам 5 слободни работни места за кои се пријавуваат 15 кандидати.
Од тие 15 кандидати, 7 се жени а 8 мажи. Од сите тие 15, после тестирање заклучувам кои 5 најдобро копаат бунари и од нив 2 се жени.
Феминизмот вели дека ако тие две жени копаат подобро од 10 други мажи ондак јас немам право да не ги вработам чисто бидејќи се жени.
Не значи дека сега јас треба да ги станам од дома и да им "растам такво" ниту дека тие на кои не им пораснало треба од потни жили да го растат.
Ниту пак значи дека е неопходно жените да споулават и да се клецаат со кој стигнат, туку дека значи дека ако некоја се клеца со повеќе од еден го има истото право да го прави тоа колку и мажот.

Интересно е како жените биле масовно имплементирани во индустријата како работници во периодот од 1890 до 1920. (ping прва светска војна) :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Ниту пак значи дека е неопходно жените да споулават и да се клецаат со кој стигнат, туку дека значи дека ако некоја се клеца со повеќе од еден го има истото право да го прави тоа колку и мажот.
Не се работи за право. И сега го имаат тоа право. Кој може да спречи една жена да се ебе со колку што сака партнери? За што се бори феминизмот? Правото е тука. Тие всушност сакаат перцепцијата да се смени. Но тоа е практично невозможно. За некого на пример, секоја девојка која променила повеќе од 20 партнери е курва. Со никаков закон не може да му се наложи да не смета така. Може да се донесе закон да биде навредливо да ги етикетира како такви, но може ли да му се наложи да не мисли така, или да го примораат да се ожени со некоја таква?

Со хомосексуалците е поинаква таботата. Ним de jure им се закинати некои права. Нека ги имаат тие права, а со перцеппцијата на мнозинството нема борба. За повеќето од нив тие засекогаш ќе бидат педери, вакви, такви онакви. Нема борба со тоа.

Тие судови, за курвите, не се последица на недоволно образование, заостанатост, некој простотилук кој ќе се смени со доаѓањето на новите вредности. Постои еволуционистичка, биолошка причина за тој суд, и од тоа нема бегање.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Не се работи за право. И сега го имаат тоа право. Кој може да спречи една жена да се ебе со колку што сака партнери? За што се бори феминизмот? Правото е тука. Тие всушност сакаат перцепцијата да се смени. Но тоа е практично невозможно. За некого на пример, секоја девојка која сменала повеќе од 20 партнери е курва. Со никаков закон не може да му се наложи да не смета така. Може да се донесе закон да биде навредливо да ги етикетираш како такви, но може да ти се наложи да не мислиш така, или да те примораат да се ожениш со некоја таква?

Со хомосексуалците е поинаква таботата. Ним de jure им се закинати некои права. Нека ги имаат тие права, а со перцеппцијата на мнозинството нема борба. За повеќето од нив тие засекогаш ќе бидат педери, вакви, такви онакви. Нема борба со тоа.

Тие судови, за курвите, не се последица на недоволно образование, заостанатост, некој простотилук кој ќе се смени со доаѓањето на новите вредности. Постои еволуционистичка, биолошка причина за тој суд, и од тоа нема бегање.
Апсолутно се слагам. Јасно ми е дека одбивноста према жени со повеќе партнери има еволутивна природа и покрај фактот дека денес постојат разноразни методи за заштита од болести емотивната одбивност останува.
Нормално дека не може закон да ме натера да земам некоја за жена доколку не сакам, ниту да ја вработам иако не ја бива за работата.
Јас никаде не тврдам дека жените денес се опресирани, мачени или дискриминирани. (Во нормални земји.) Напротив, дури и на темава поназад имам зборувано дека феминизмот како движење денес е излишен и дека треба да остане еднаквоста како законски факт. Другото само ќе си дојде.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.622
Поени од реакции
31.828
Против природата не може да се оди и не треба да се оди со сила.

Жените че станат потполно еднакви со мажите кога стапката на извршени самоубиства на мажи и стапката на извршени самоубиства на жени че се изедначи, а за неуспешни обиди слободно нека водат жените. А ова че се случи никош, па ни тогаш :)

Жената е прекрасно суштество како такво, природно, со своја убавина, шмек и карактеристики. Само идиот може да не ги увиди посебностите и да ги негира истите.
 
А што е самоубиството освен одење против природата? Ако природата на едно суштество е дефинирана од неговите биолошки карактеристики,
ондак самоубиството е дефинитивно одење против природата. Пред да се самоубие човек, примитивниот дел од неговиот мозок сеуште непрестајно ги спроведува функциите кои го одржуваат човекот жив, како чукање на срцето, дишење и слично. Сепак, оној поразвиениот, помодерниот мозок тврди дека тоа треба да прекине, можеби како кулминација на егзистенцијалистичка криза, можеби како акт да се зачуваат државни тајни. Небитно.
Човекот е комплексно суштество, многу понапредно од било кое друго на планетава. Самиот факт дека неговиот мозок е способен да обавува нешто за кое останатите животни не се ни свесни дека постои како концепт укажува на тоа дека не смееме да се водиме стриктно на примитивната природа на човекот која иако де факто е претходник и основа на оваа модернава, често доаѓа во конфликт со неа.
 
На друга страна го развлече муабетот.
Еве по твое да не одиме многу оф топик, зошто соодносот на извршени самоубиства (од времето ко учев социјална патологија беше 4:1) е во ,,корист" на мажите? :)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
На друга страна го развлече муабетот.
Еве по твое да не одиме многу оф топик, зошто соодносот на извршени самоубиства (од времето ко учев социјална патологија беше 4:1) е во ,,корист" на мажите? :)
Муабетот беше дека жените повеќе пати пробуваат, а мажите се 4 пати поуспешни.

http://en.wikipedia.org/wiki/Gender_differences_in_suicide
A 2008 study of suicide attempts by gender found that females have a higher rate of attempted suicide than males earlier in life, and that this rate decreases with age.
While females tend to show higher rates of reported nonfatal suicidal behavior, males have a much higher rate of completed suicides.

А има и студии кои го тврдат обратното.
However, a 2009 study tends to show little to no difference in suicidal ideation between men and women.

We're better at it! :icon_lol:
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.622
Поени од реакции
31.828
Муабетот беше дека жените повеќе пати пробуваат, а мажите се 4 пати поуспешни.

http://en.wikipedia.org/wiki/Gender_differences_in_suicide
A 2008 study of suicide attempts by gender found that females have a higher rate of attempted suicide than males earlier in life, and that this rate decreases with age.
While females tend to show higher rates of reported nonfatal suicidal behavior, males have a much higher rate of completed suicides.

А има и студии кои го тврдат обратното.
However, a 2009 study tends to show little to no difference in suicidal ideation between men and women.

We're better at it! :icon_lol:
Eпа преку тој податок, кој нели вклучува низа фактори за извршување на самоубиството, од внатрешните, до надворешните, сепак реализацијата ја извршува на крај самото лице. Како фактори да не се расплинуваме од внатрешни проблеми, природата на male or female, терети од околината, па до алкохолизам глупости, неуспешнот да се носи мажот со улогата на глава во семејството и храброста пред се нештото да го оконча :)

Сакав на саркастичен начин да доловам дека не е возможно изедначување на природата максимално на мажи и жени, можно е само приближување во одредени делови и области и дека мора да бидеме свесни до кај ни стигаат нозете и на едните и на другите. Преку податокот од учебникот кој добро го запамтив, сакав да потенцирам дека нема потреба да се бркаме во некои работи за кои и не сме создадени, или не ни кореспондираат со природата (нешто ко надоврзување на муабетите од погоре).
 
Ултимативно пак доаѓа до тоа дека жените имаат повеќе обиди за самоубиство од мажите. Пак, небитно е тоа.

Примерот со самоубиство го дадов за да потенцирам дека генотипот не е одлучувачки фактор за улогата на некоја единка во општеството.
Дека првобитната природа може да биде надмината од други, покомплексни фактори.
Можеш да имаш некоја Брајен која цел живот дома ја хранеле со кентаури, од мала ритала во нива, силна е, снажна и може да копа бунари подобро од 80% од другите кандидати за копање.
Луѓето постојано се менуваат под влијание на надворешни услови, односно се формира фенотипот. Многу комплексни, испреплетени фактори влијаат на тоа која улога еден човек ќе ја заземе во општеството.

Точно е дека жената е таа што раѓа, али жената не е способна единствено да раѓа. Жена може да биде адвокат, доктор, кочијаш или копач на бунари, не сите, исто како што не сите мажи можат да бидат адвокати или копачи или рудари.
Она што детерминира дали еден маж или една жена ќе копа бунари не е детерминирано исклучиво од нивниот пол, туку од многу други биолошки и општествени фактори кои не се поврзани со нивниот пол.

Жената не е "создадена" за да раѓа деца. Жената може да раѓа деца, али не го пишува тоа на камен дека жената мора да раѓа. Што е со неплодни жени? Жени ли се?
Не може туку-така да ги симплифицирате работите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom