На бољерите иде подоста енергија. Колку и да е добра изолацијата (а кај денешниве бољери е за никаде), пак загубите се големи. Ете твојот бољер има добра изолација, а пак загубите се солидни: по твоите пресметки пасивно ти цица некои 4.500ден месечно.
Јас уште се мислам што бољер да земам. Се распрашував и читав по форуми и ова се фактите: Леов се ѓубре (ама барем се евтини), Аристон е очигледно субстандарден и има страње изолација, Горење се прескапи и исто имаат лоша изолација, Тинг се уште поскапи и исто имаат слаба изолација (25мм полиуретанска пена е подобро од изолацијата на другите, ама сеуште ступидно малку излација која за да се зголеми за некои 50мм ќе коштала 2-3% од цената на целиот бољер)... ама барем имаат иноксен казан, а тоа е добра работа, само не знам дали вреди за дуплата цена што ја имаат.
Сега се мислам на Тинг да им нарачам само казан со грејач, и да го опшијам со некои 20см тервол (па да го затворам во некој поцинкуван лим). Просторот не е некој проблем, можам да ја сместам таа импровизација еден спрат погоре, во бањата на поткровјето па дури и на самиот под.
Проточни бољери не ми се земаат, доста луѓе се жалат на кварови после одредено време... кварови кои резултираат со фрлање на бољерот.