Во Италија за едно лето може нештата драстично да се сменат, пред да дојде Конте во Јуве, они беа во слична ситуација ко Интер, без играње во Европа, без ништо, направија тим во ограничени околности и освоија титула без пораз а Милан беа со Ибра во тим.
За 3 години можеш тим што ќе конкурира за ЛШ да направиш, не па за Серија А, не е тоа проблемот, Интер ко прво треба да има тренер кадарен во вакви услови да освојува трофеи и да иде на истите, ова 1000 пати го имам кажано, и уште кога дојде Манчини реков дека он не е вистинскиот човек за овој Интер, Манчини НИКОГАШ не се докажал во вакви услови и ко што гледате, не е дораснат за ваков Интер, односно, не е способен да функционира ко што сите ние сакаме.
Од можни 30 бодови освои само 11, испадна од купот, убедливо најлош старт има у први 10 натпревари со интер од сите тренер во пост-мурињо ерата, стварно се надевав дека ќе успее, дека научил нешто во Англија и дека тоа искуство влијаело позитивно врз него, али јок, сега за сега и те како разочара и сметам дека освојувањето на ЛЕ е единственото нешто што ке му го спаси неговото работно место, па уште од сега можеме комотно да се поздравиме со него.

Манчини е првата кардинална грешка на Тохир и летово ке ја исправа освен ако се деси чудо и Интер ја освои Лига Европа, инаку не гледам причини зашто би останал тука Манчини, едноставно со вакви резултати и елиминација во ЛЕ он го исполнува и те како условот за отказ.
Наредно лето можни достапни имиња ... Клоп, Симеоне, евентуално Конте ако даде отказ од италијанска репрезентација.