se si mislam deka kaj nas se diga panika za da se svrte povike vnimanie koj poplavite
Најјако ми е кога луѓе бараат во се теорија на заговор и спин. Која паника бе пријателе? 650 семејства се погодени од поплавата, плодните површини се поплавени, невидена ќе биде штетата за земјоделците кои поседуваат земјиште.
Баш и нема некое внимание за поплавите, ни на социјални мрежи, на вести еве почнаа да даваат веќе, ама луѓево баш и многу некако делуваат пасивни.
Сите прават досетки и вицови за политиката во Македонија, за поплавиве некако како уво ич да не им чуе и да не се замараат.
Не го претерувај сега и ти. Сигурно намерно не се прави дожд за да се излеат реките и за да креваат паника за да спинуваат. Ова е веќе надвор од секој разум.
Инаку, не треба да пцуете ни по Србија и Хрватска. Тие луѓе имаа потреба од помош и требаше да им се помогне. Тука станува збор за луѓе, а не за политика. Се надевам дека нема да има вакви незгоди веќе никогаш, но секогаш би помогнала на луѓе кои страдаат.
Има еден проблем, а тој се вика македонче (со мала м). За да се покажеме пред свет, ќе направиме се, сега тоа што се случува тука не е толку “атрактивно“ за собирање лајкови и останати форми на популарност на социјални мрежи, па затоа и толку малку има активност и споделувања. Барем јас од тоа што го гледам е премалку споредено со други работи.
Гледам доскочици, смешки, селфија, ама броеви за донирање и останати работи ретко гледам да се споделувани.
А ако не споделуваш, како некој од страна да дознае што се случува?
И не е толку до медиумите, баш не креваат паника, НО известуваат, јас барем на Канал 5 веќе недела дена постојано гледам прилози за поплавата (сигурно имало и на другите). Тоа што другите не го споделуваат тоа за да се направи поголема бука, тоа е друг муабет. Можеби и треба да бидат поагресивни во известувањето за да се освестат.
Во Србија самиот народ се мобилизираше, дигна социјални мрежи на нозе, волонтери одма се организираа. Кај нив беше полошо во поглед на уништена инфраструктура, но баш затоа што кај нас не е дојдено до толку, затоа и треба побрзо да реагираме како луѓе и да правиме притисок побрзо да се среди.
Правеа заебанции и шали со хаштагови #PrayForSkopje кога врнеше летово, за лајкови и ретвити, а сега кога има вистинска потреба си молчат, пошто им е далеку од дома и нема да ги погоди.
КАКОВ НАРОД.