Barclays Premier League - Season 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Донев
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема за следната сезона?

  • Вкупно гласачи
    83
Статус
Затворена за нови мислења.
Мене од неутрален аспект,мерак ми е што отиде во Волфсбург.Ги пратам многу сезонава,играат феноменален напаѓачки фудбал,сега со Шурле ќе бидат преопасни.
Де Брујн игра ко препороден,какви само контри трчаат..
Инаку формата не може да му биде на високо ниво кога не добиваше многу шанси,нели?
 
Некако ми се чини, дека Мурињо го лимитира Вилиан во фазата во напад. Го гледав на 5-6 натпревари кога играше за Шахтјор и беше одличен креативец, а овде Мурињо како да го користи само за дефанзива, скоро и да нема акции преку него (додуша и со право, кога е Азар во екипата). Незнам, можи грешам ама впечатокот ми е таков.
 
Секaкo декa му дaвa и дефaнзивни зaдaчи, aмa и сaмиoт Мурињo имa кaжaнo декa му бaрaл дa пoчне пoвеќе дa учествувa и вo нaпaд, дa шутирa. Зoштo не гo прaви тoa, не знaм...
 
Грешка си. Не е материјал за Челзи, ниту он, ниту Салах, а фала богу ни Вилиан, само што Мурињо е слепец и упорно го игра оти Вилиан за разлика од Шурле и Салах има workrate 110%. Шурле трошеше многу топки и многу е себичен, често заебуваше акции, ја сум ептен среќа што го пуштивме.
А Квадрадо ќе биде исто фејл.
Дали јас и ти гледаме ист Вилиан или мислиш за некој друг, Вилиан е играч по мерка на Мурињо трчи како коњ, покрива во одбрана, во офназива одличен, солиден техничар и физички јак, плус се вклопува во тактиката со дефанзивната игра, според мене Вилиан и те како материјал за Челси.
 
Мислев дека Мондонико е најтапа лик на темава зошто е пресериозен и пишува есеи ама кога ве читам за Давор како жени на чешма сте па и не сум сигурен
Брат сигурен сум дека јас тие есеи ги пишам побрзо од на пример времето кое ти било потребно да го напишеш овој пост.

:icon_lol:
 
Брат сигурен сум дека јас тие есеи ги пишам побрзо од на пример времето кое ти било потребно да го напишеш овој пост.

:icon_lol:
:bravobe:[DOUBLEPOST=1422977298][/DOUBLEPOST]
Дали јас и ти гледаме ист Вилиан или мислиш за некој друг, Вилиан е играч по мерка на Мурињо трчи како коњ, покрива во одбрана, во офназива одличен, солиден техничар и физички јак, плус се вклопува во тактиката со дефанзивната игра, според мене Вилиан и те како материјал за Челси.
Друг играч дефинитивно.
 
Изјавава на Хари дека се повлекува ради операција на коленото на ден после дедлајн деј каде Фернандез не го одврза топот е лигушка работа. Иако сме очај на гости (и очај е мал збор) сепак Хари е стар волк и знам дека ќе направеше некој позитивен потег на тоа поле пролетва. Доведувањето на Мач и Рио беа катастрофални грешки, пари фрлени во бунар. За привремено решение е Лес Фердинанд назначен. Не е лошо решение, како играч беше страшен ќе го видиме дали има капацитет. А како можни наследници се шпекулираат Тим Шервуд, Глен Ходл и Нил Ворнок.
Последниве двајца во ниеден случај не смеат да се донесат. Ходл го видовме колку го бива со 3-5-2 формацијата што му ја наметна на Хари каде сите не отвараа ко паштета. За Ворнок не правам муабет. Од друга страна Шервуд е млад и неискусен. Ама сепак би му дал предност пред овие двајца. Како и да е фала му на Хари за се што направи. Како и да е ќе останеме, со него или без него.
Fu*k off Harry, Come on you R's !!! :D
Btw Џои иде на слика кај мене. ;)
 
Гленд Ходл, Стив Мекларен и Алан Карбишли, увек кога ќе кикнат некого триово се наоѓа во потесен избор :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom