Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Ова е многу добар филм http://www.imdb.com/title/tt0307553/?ref_=fn_al_tt_2
и не ми е јасно зошто има волку низок рејтинг на IMDb испод 5... :( Има добра приказна, јаки актери (Мелани Грифит во главна улога), добра сценографија...Нема да пишувам во темата Предлог за добар филм затоа што го имам гледано доста одамна, значи има добри 7-8 години и тоа на ТВ...Ако некој успее да најде торент би му била стварно благодарна... :)
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.343
Поени од реакции
30.700
Што се тиче филмови на кино vs филмови дома
Го изгледав Хобитот во кино, и што ако го гледам Леголас како прави акробации и џуџиња и орки со CGI кога филмот во глобала е тапа. И дома да го гледам и на кино пак си е тапа. Исто и за трансформерс. За жал повеќето филмови се вакви.
Ретко има филмови што стварно вреди да ги поливаш со пари, да ги изгледаш 10 пати на кино па макар и да ги купиш у блу реј.
 
W

wicked_1

Гостин
Хобит не се споредува со тоа у Трансформерс у тој поглед никако, ever.
CGI-ботовите се детализирани до совршенство, има користење различна камера, различна платформа...
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Немав време да чкртнам повеќе реплики на вашите постови @wot и @Psyside и иако ретко стоиме на спротивни страни, овој пат пак ќе напоменам дека не се согласувам. Аргументот единствено се однесува на тоа дека Хобитот или ете, сега погоре и поново Трансформери, значи јас ни на крај памет не ми беа таквите филмови. Се знае што е филм. Ни cgi ни 3d ништо. Зборувам за класика "обичен" филм, без најнова технологија од 2010 навака, а наместо мое мислење ќе ви постирам ако немате против од еден поискуисен гледач. (значи мислењето не е мое подолу, но вреди да се прочита затоа што сто посто се слагам со него).
И така, филмот за мене беше, а во голема мера е и сега, доживување кое најубаво го примам во киносала. Темница, изолираност од дополнителни дразнења, платно и проекција. Слики и звуци кои раскажуваат приказна и се менуваат по логичен редослед проектирани најчесто на филмско платно. Филмот никогаш не го поврзував со физички објект или нефизички објект - носач на филм: филмска лента, касета, диск, мемориски стик, сликички во секунда, магнетен запис, кецови и нули... И денеска немам култ кон собирање филмови (за дома), освен доколку тоа не е кинотеката. Тука сум посветен колекционер на филмови. Читав за Квентин Тарантино кој, сите знаеме, ја започнал кариерата како видеотекар. Како човек кој сигурно имал изгледано повеќе филмови од што имало во видеотеката во која работел плус како голем познавач на светската историја на филм, на Квентин не можел да не му влезе во очи легендарниот филм на Роберт Алтман КОЦКАРОТ И БЛУДНИЦАТА. Филмот е снимен од Вилмош Зигмонд. Квентин не можел да разбере ништо од филмот зашто во него гледал само бради во темница. Е сега, ако не го знаете Зигмонд , а го знаете Алтман, ѕирнете ја неговата филмографија и ќе ви биде јасно зошто на Квентин му било нејасно како овој филм може да биде еден од позначајните филмови на Алтман и да биде дел од најдобрите филмови во историјата, а тој воопшто не го разбирал кога го гледал во видеотеката. Љубопитноста го држела Квентин и кога станал славен и богат и како таков можел да си дозволи да си купи 35 мм апаратура, за дома, како Тито, и да почне да прави колекција од 35 мм филмови. Јасно ви е кој филм прв го купил и јасно ви е дека откако го гледал во кино сфатил дека првпат го гледа тој филм. Јас пак, инстинктивно секогаш предност му давав на киното пред останатото, а кога би ги извагал предностите и негативностите, домашната проекција секогаш би била во предност. Значи интуицијата е пред разумот и верувам дека проекцијата на 24 сликички во секунда и нивното восприемање преку несовршеноста на окото е многу подобра отколку онаа преку другите медиуми. Одамна имав забележано дека филмовите кои ги гледам во кино ги памтам многу подобро од другите кои ги гледам поинаку. Мислев дека тоа е поради тоа што киното преставува ритуал и дека не одиш во кино секој ден (за разлика од телевизорот која денеска е во секоја соба, а телевизија можеме да гледаме и на телефоните) и се подготвуваш за тоа па потоа во игра е и „со кого си го гледал филмот“ и каде си го гледал филмот и каде си бил откако си го гледал филмот и што си правел после... Значи во прашање се многу социолошки моменти поради кои мислев дека подобро ги памтам филмовите во кино отколку ако го гледам на друго место
Мојата приказна со киното е многу подруга, ама другпат би ја кажал. И денес, кога киното во Охрид дава филм, кој било филм (смеат да дадат само европски затоа што така им налага Мин. за култура) одам и го гледам. Заради тоа чувство кое повеќе личи на носталгија.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.715
Според мене еден од нај underrated филмови The Town http://www.imdb.com/title/tt0840361/?ref_=nv_sr_1 . Онака нигде го немав слушнато ни ми има паднато у очи. Дали е до мене шо не сум го побарал потемелно :D или филмот не се расчул ама прејјак е. Нешто ептен ретко одлично на Бен Афлек .
 
G

grande-juve

Гостин
Ја си ветив, богат ако станам, обавезно си правам мини кино ко Сопрано што имаше :D. Во кино со други луѓе секогаш има ризик. Пример на Синедејс имаше една класична Озборувачка, ама од друга страна, го доживеав еден од најубавите филмски моменти на The Postman's White Nights, имаше една сцена на почеток кога поштаров вози чамец на една река, и како да опишам, ко да летав, некое обземувачко чувство... тоа нема шанси на телевизор.
Мада и телевизорот не е баш толку далеку. Пред некој ден го глеав Аватар 3Д на 50 инчен со одлично озвучување, и дефинитивно беше уживање... Али кино е сепак кино(само ако е мирно).
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
За љубителите на добра филмска музика, на 14-ти февруари, кој сака да избега од Валентајн еуфоријата може да оди во МКЦ и да го слуша композиторот на саундтракот на Џармушовиот "Only Lovers Left Alive"! Sounds awesome! :love::love::love:

https://www.facebook.com/events/1609103572651825/
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Според мене еден од нај underrated филмови The Town http://www.imdb.com/title/tt0840361/?ref_=nv_sr_1 . Онака нигде го немав слушнато ни ми има паднато у очи. Дали е до мене шо не сум го побарал потемелно :D или филмот не се расчул ама прејјак е. Нешто ептен ретко одлично на Бен Афлек .
od kaj ucel fil;mov


Heat (1995)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Дај бе пуштете торент за Leviathan по ПП...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom