Да ја вратам темава он топик.
Мислам дека најдов начин да предизвикувам луцидни сонови кај мене и мислам дека би работело кај сите...
Во денот неколку пати се запрашувам дали сонувам и си погледнувам во раката и ги бројам прстите, тоа веќе во навика ми прејде и кога сонувам често ми иди да ги бројам прстите на раката, и ако се повеќе или помалку од 5, сваќам дека тоа е сон и превземам комплетна контрола врз него...
И што е најдобро идејава ми дојде баш на сон...
Од кога активно ја применувам техникава, 3 од 5 соништа ми се луцидни, а ги имав 3 ноќи по ред.
-Во првиот сон размислував дали е сон, се изгледаше нормално, но кога ги изброив прстите на раката, имав 6 прсти и сватив дека е сон, тогаш ме полазија морници и за малку ќе се разбудев... Пробав да се концентрирам и да летнам, и се поткренав околу 1m и тогаш повторно ме полазија морници и за малку ќе се разбудев. Наредно нешто што пробав да го направам е да пробам да го искористам времето и да размислувам за една електронска шема и да пробам да го решам проблемот што го имав со неа во реалниот свет, ми дојде една идеја, и тогаш сонот ми излезе од контрола и тргнав да ја тестирам идејата во сонот, што е тотално бесмислено...
Во вториот и третиот ваков сон што го имав после една година ова со морниците никогаш не ми се случи, но сватив дека сонот може многу лесно да премине во контрола на потсвеста додека правам нешто што сум го зацртал...
Како и да е, интересна техника, мое мислење е дека со имањето луцидни соништа и ги применуваме за конструктивно размислување, го користиме времето во кое телото се одмара за добри цели.
Но сеуште немам објаснување зошто кога за прв пат по една година имав луциден сон, се што правев што е нереално, ме полазуваа морници?