Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Да бидеме реални, на Погба МНОГУ му помогна тоа што ни фалеа везни играчи во тимот, т.е. што немаше замени, па сакал неќел Конте мораше да го пушти во игра.

Погба само во физикусот се издвојуваше од неговите врсници пример од Примаверата и уште тука имаше предност, да не збориме за самите вештини на играчот.
 
Е тука доаѓа муабетот за младите играчи кои ги поседуваме и кој реално лошо ги менаџираме. Класичен пример уште од пред повеќе години е играчот кој сега е на излезна врата-Џовинко. Кога се вративме од Серија Б со право беше пуштен на позајмица во Емполи заедно со Маркизио. Таму добро се покажа и го вратија назад летото 2008 на 21 година. Е тука целосно го заебаа Раниери прво, па потоа Ферара и Закерони. Тоа беа сезоните 08/09 и 09/10. Реални да бидеме тогаш Џовинко кога играше покажа потенцијал. Не за џабе го нарекоа наредниот Дел Пиеро. Но тогашните тренери ептен го ограночија во играта за на крајот да заврши на позајмица. Таму тој исфрустриран од Јуве дури и се радуваше кога вториот пат даде гол и летото 2012 ја направија уште поголемата глупост со враќањето.

Муабетот ми е поради тоа што клубот не може да си дозволи скапи странски играчи со високи плати, мора подобро да ги менаџира младите кои покажуваат потенцијал. Кога не може да купиш нешто, тогаш создади го. Ругани, Берарди и веројатно Заза се играчи кои заслужуваат да добијат солидна шанса во клубот. Наместо да ги земаме Освалдо или Пацини да играат минути, треба да им се дадат на помладите бидејќи може да бидат драгоцени.

Инаку со евентуална продажба на Погба, стварно не знам што би можело да се купи. Играчите од Реал, Челзи, Баерн, Јунајтед, ПСЖ и слични кои би можеле да ни бидат од голема корист, пак би биле скапи. Што поради цените на трансферот, што поради платите. Инаку, ако зборуваме за конкретни играчи, лично многу ми се допаѓа Пасторе како игра минатата и оваа сезона. Дечкото добро се разви после тешкиот старт во Франција, па мислам дека би бил добро решение доколку ПСЖ е спремен за некоја замена + пари. Во лигата имаме една ѕверка во Палермо, аргентинецот Дибала но веројатно тој би сакал надвор од Италија и покрај тоа што со Зампарини е речиси невозможно да се прават зделки. Кога би го погледнале Сити на пример Коларов е еден може од подобрите леви бекови, сега во тој општ дефицит на дефанзивците. Стротман е одличен во средината, но и за него има доста пречки како поради повредите, така и тоа што веројатно би сакал во Јунајтед да оди.

Во секој случај при евентуална продажба на Погба, реинвестирањето би била доста тешка задача за управата, многу потешка од таа во 2001 кога веројатно немало играч кој не сакал да игра во Јувентус.
 
^ Па затоа ако го продаваат подобро е да идат на трампа плус пари отколку чисто пари. Ако ПСЖ е спремен да ги даде Кавани, Пасторе, Верати... тоа ептен би ни одговарало
 
според мене таа желба на Погба да остани тука е причината поради која го продолжи договорот, ама овај пат не останува на него туку агентот бира.
Искрено, во тоа многу не верувам. Иако се работи за хиенава Раиола, сепак ако Погба сака да игра во Јуве сигурно овај нема да го фати во гуша и да го одвлечка во друг клуб. Сепак, играчите си ги ангажираат агентите да ги застапуваат нивните интереси. Раиола ги застапува интересите на Погба, и ако Раиола притиска Јуве да го продаде Погба, а Погба молчи, не се произнесува, аналогно на тоа автоматски значи дека Погба се согласува со тоа, зошто овој нели му ги штити правата и интересите.

Ете го самиот Раиола изјави дека Морати ги однесол на вечера Раиола,Недвед и Мурињо. И дека двајцата го убедувале да не ја завршува кариерата и да премини во Интер. Мурињо дури му нудел важна улога во тимот, а Недвед ИАКО слободен играч, ставил вето и рекол дека не оди во Интер по никоја цена, и дека не може да му го стори тоа на Јуве.

Еве ти како постапува величина од човек и играч. Сега ретко се наоѓа таков, а можеби и невозможно.
 
Па то и кажав дека од ко излезе раиола со веста дека ќе си оди и само тивок е.
 
@DeviAngel Зашо ме игнорираш бе чоек? Што сум ти згрешил? :(
Брат од таблет седам извини тек заспивам тек разбуден сум, сеа ќе видам чек[DOUBLEPOST=1422672547][/DOUBLEPOST]
Очекуваш барем еден голем трансфер на лето и дали мислиш дека е нужно да се оди на таков трансфер, според тебе? :)

(Без да го ставаме Погба во равенкава, рачунај дека останува)
Фала богу дека очекувам и ова лето го сметам за клучно, доколку се случи ова одиме напред како клуб и пак ги оставаме во сенка останатите во Серија А, доколку не се случи тогаш за многу брзо веме ќе не стигнат. Ама мора да бидиме реални и дека бородот мора да му даде буџет на Марота за работа а не да не дупат на здрав ум каок на пример му даваат 25 милиони и на троши ги на лев бек, втор напаѓач и треквартиста.....[DOUBLEPOST=1422673363][/DOUBLEPOST]TuttoJuveMK ‏@JuveNMKD now
#DiMarzio - Трансферот на #Necid во #Chievo е одложен за во Јуни поради проблем со медицинските прегледи.

TuttoJuveMK ‏@JuveNMKD now
#DiMarzio - Интер бара компензација од #Juve за евентуален трансфер на #Osvaldo во Јуве. Интер бара 500.000 евра.

TuttoJuveMK ‏@JuveNMKD nowView translation
#DiMarzio - Доколку не се договорат #Juve и #Inter Матри е опцијата на која ќе се работи.[DOUBLEPOST=1422683285][/DOUBLEPOST]TuttoJuveMK ‏@JuveNMKD now
#GdS - Во наредните денови #Juve и официјално ќе ја прати понудата вредна 11 милиони евра за #Gerson која може да порасне и до 15.

TuttoJuveMK ‏@JuveNMKD 1m1 minute ago
#Tevez - Ќе си одам но ќе се борам до смрт за #Juve. 10ката секогаш ќе биде број на #DelPiero, амблемот не тера да даваме се од себе.

TuttoJuveMK ‏@JuveNMKD 3m3 minutes ago
#GdS - #Giovinco ги потпиша документите за напуштање на Јуве, се чека само ОК од #Juve.

TuttoJuveMK ‏@JuveNMKD 4m4 minutes ago
#GdS - Во последните неколку часови е официјално завршен трансферот на младиот #Tello во #Juventus

TuttoJuveMK ‏@JuveNMKD 3m3 minutes agoView translation
#GdS - Борбата меѓу #Inter и #Osvaldo не запира, #Inter бара 28 милиони оштета од играчот. #Juve чека во позадина.
 
Последно уредено:
Што стана со оној младичон што го донесовме од Барселона минатото лето.... Бланко мислам дека се викаше[DOUBLEPOST=1422692062][/DOUBLEPOST]Mark Iuliano: Šta sam naučio u Juventusu? Kako da se odnosim prema porazima! Izgubio sam tri finala Lige prvaka i scudetto u Peruđi pod onom provalom oblaka, kao i finale Evropskog prvenstva zlatnim golom u produžecima. Ali dio kulture Juventusa je da se nikad ne kuka nad porazima niti da se alibi traži u drugim faktorima. U Juventusu sam naučio kako da pobjeđujem ali i kako da prihvatam poraze.“
:oleee:
 
Карлос Бланко настапува со примаверата но немам прочитано нешто за него. Би требало на лето да оди на некоја позајмица.
 
Paolo De Ceglie - Official Fan Page ја промени насловната фотографија.
пред 5 минути ·

1456778_747282381953447_49677063_n.jpg

Lesi se vraca kuci
:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Е тука доаѓа муабетот за младите играчи кои ги поседуваме и кој реално лошо ги менаџираме. Класичен пример уште од пред повеќе години е играчот кој сега е на излезна врата-Џовинко. Кога се вративме од Серија Б со право беше пуштен на позајмица во Емполи заедно со Маркизио. Таму добро се покажа и го вратија назад летото 2008 на 21 година. Е тука целосно го заебаа Раниери прво, па потоа Ферара и Закерони. Тоа беа сезоните 08/09 и 09/10. Реални да бидеме тогаш Џовинко кога играше покажа потенцијал. Не за џабе го нарекоа наредниот Дел Пиеро. Но тогашните тренери ептен го ограночија во играта за на крајот да заврши на позајмица. Таму тој исфрустриран од Јуве дури и се радуваше кога вториот пат даде гол и летото 2012 ја направија уште поголемата глупост со враќањето.

Муабетот ми е поради тоа што клубот не може да си дозволи скапи странски играчи со високи плати, мора подобро да ги менаџира младите кои покажуваат потенцијал. Кога не може да купиш нешто, тогаш создади го. Ругани, Берарди и веројатно Заза се играчи кои заслужуваат да добијат солидна шанса во клубот. Наместо да ги земаме Освалдо или Пацини да играат минути, треба да им се дадат на помладите бидејќи може да бидат драгоцени.

Инаку со евентуална продажба на Погба, стварно не знам што би можело да се купи. Играчите од Реал, Челзи, Баерн, Јунајтед, ПСЖ и слични кои би можеле да ни бидат од голема корист, пак би биле скапи. Што поради цените на трансферот, што поради платите. Инаку, ако зборуваме за конкретни играчи, лично многу ми се допаѓа Пасторе како игра минатата и оваа сезона. Дечкото добро се разви после тешкиот старт во Франција, па мислам дека би бил добро решение доколку ПСЖ е спремен за некоја замена + пари. Во лигата имаме една ѕверка во Палермо, аргентинецот Дибала но веројатно тој би сакал надвор од Италија и покрај тоа што со Зампарини е речиси невозможно да се прават зделки. Кога би го погледнале Сити на пример Коларов е еден може од подобрите леви бекови, сега во тој општ дефицит на дефанзивците. Стротман е одличен во средината, но и за него има доста пречки како поради повредите, така и тоа што веројатно би сакал во Јунајтед да оди.

Во секој случај при евентуална продажба на Погба, реинвестирањето би била доста тешка задача за управата, многу потешка од таа во 2001 кога веројатно немало играч кој не сакал да игра во Јувентус.
Играчи не се бараат од Реал, Баерн и слично. Играчи се земаат од Удине, Палермо, Порто и сл. Тимој што имаат јак скаутинг за младинци и што веднаш ги пуштаат во оган.
Не случајно ги спомнав овие клубови оти пакажале нос за младинци. Незнам какви скаути имаат ама имаат феноменална политика за развој на играчи (штета шо не можиме да ја копираме оти така неможи да се бркаат титули ама за нив е супер.) Од овие клубови можат да се земаат играчи за 10-20Милиони кои покажале дека ги бива и во иднина ќе експлодираат. Нормално нема да се крстиме во 1 играч ама од неколку некој ќе се покажи како добро засилување. Тактиката на марота со 1м позајмица со можност за откуп за 15м ни е другарче во оваа ситуација.
Реал, Баерн и остали не треба и не смејат да се гледаат како извор за играчи. За младинци секогаш ќе имаат Мората политика и ќе сакаат бајбек плус играчот ако е по потекло од таму со трчање ќе сака да се врати. Единствено прифатливо сценарио за купување на играчи од вакви клубови е Робен,Тевез,Снајдер и сл. Играчи кои ради икс причини заглавиле таму и не им оди од несогласувања и клубот сака да се оттараси. Проблем кај ваквите играчи се високите плати.

Во врска со играчите. што ги предложи. Коларов е веќе во одминати години. Не ни треба следен Евра. Еве гледам Рајола го форсирал Масуаке или како и да се викаше нигерот со Погба фриз од Олимпијакос. Од она што видов не беше лош а имал 21 година. Дибала е супер опција што ја спомна ама треба да се работи експресно. Зампа слушам платил 12М за него, а пазарење со Зампа знајш како е.

За Освалдовци и Пациновци се сложвам. По една позиција во секој сектор напад, средина одбрана мооора да е ослободена за топ младинец. Годинава во нападот тоа се Коман и Мората. Мислам дека премногу се коцкаме со такви играчи. Ама кога веќе немаме сериозно решение, да се сложвам наместо будучи Бендтнер врати го најдобриот младинец. Се нешто имам чувство дека политикава со Бендтнер, Освалдо и сл е онаа покажи се те земаме ама некако ептен немаме среќа со нив. Едино Тевез (добро и Пирло) од звездиве во залез се покажале кај нас. Значи годинава ни треба испитан играч за таа позиција (Заза можи да добие зелено светло оти си го има одработено лебот во Сасуоло и Репрезентација, печен е) ама другите не веќе имаме премногу зелени во нападот.
 
10945757_762592117127571_1946455681334876305_n.png

Предлози од Раиола кого Јуве треба да купи ако го продадиме Погба за 100м
 
Искрено, во тоа многу не верувам. Иако се работи за хиенава Раиола, сепак ако Погба сака да игра во Јуве сигурно овај нема да го фати во гуша и да го одвлечка во друг клуб. Сепак, играчите си ги ангажираат агентите да ги застапуваат нивните интереси. Раиола ги застапува интересите на Погба, и ако Раиола притиска Јуве да го продаде Погба, а Погба молчи, не се произнесува, аналогно на тоа автоматски значи дека Погба се согласува со тоа, зошто овој нели му ги штити правата и интересите.

Ете го самиот Раиола изјави дека Морати ги однесол на вечера Раиола,Недвед и Мурињо. И дека двајцата го убедувале да не ја завршува кариерата и да премини во Интер. Мурињо дури му нудел важна улога во тимот, а Недвед ИАКО слободен играч, ставил вето и рекол дека не оди во Интер по никоја цена, и дека не може да му го стори тоа на Јуве.

Еве ти како постапува величина од човек и играч. Сега ретко се наоѓа таков, а можеби и невозможно.
Имаш слушнато за Фауст? Шо знајш какви права има хиената во договорот. Знајш дека јужноамериканските агенти станаа трговци со бело робје и играчите потпишуваат секакви чуда само да ги извај од некое гето во колумбија. Мислиш дека Рајола пие мастило и нема почнато да си реди членови што него му одговараат во договорите?
Мислам Погба сигурно не бил во ситуација како Фалкао или Жоржињо ама мислам дека ме конташ. Рајола беше име, Погба беше клошар, се знај кој ги влечи конците.

Сето ова е под претпоставка дека Погба не се крие зад Рајола во целата претстава односно како што си кажа ти.
 
TuttoJuveMK ‏@JuveNMKD nowView translation
#SKY - Интер ја префрла топката кај Саутемптон, кој го сака #Osvaldo мора да преговара со нив.[DOUBLEPOST=1422716648][/DOUBLEPOST]TuttoJuveMK ‏@JuveNMKD nowView translation
#GdS - #Giovinco се поздрави со своите колеги.

TuttoJuveMK ‏@JuveNMKD now5 seconds agoView translation
#Allegri - #Vidal замина до соблекувалната да земи мраз за неговото колено, потоа видовте мечот го проследи од клупата.[DOUBLEPOST=1422719151][/DOUBLEPOST]TuttoJuveMK ‏@JuveNMKD nowView translation
#Allegri - Со #Asamoah надовр од терените #DeCeglie е доста корисен. #Giovinco најверојатно не напушта, затоа ни треба напаѓач.

TuttoJuveMK ‏@JuveNMKD 56s57 seconds ago
#SKY -#Juve ги вложува сите сили да го доведе #Osvaldo во #Juve уште денес.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom